Премиерот Кирил Петков во Битола повика на надминување на егоизмот од поновата и не толку блиска историја и да се превземат следните чекори во односите со Македонија. Генералниот конзулат на Бугарија во Битола беше првата адреса што ја посетија високите бугарски гости, а попладнево е најавено нивно присуство на свеченоста во клубот при Центарот за култура „Иван Михајлов“ кој треба да го отвори премиерот Петков.
Утре делегацијата на Бугарија ќе положи венци пред споменикот за загинатите 15 бугарски туристи од бродот „Илинден“ во 2009 година.
Петков ова го изјави на средбата со Бугарите во Битола, каде што присуствуваше на отворањето на Бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“. Во делегацијата се и потпретседателката Илијана Јотова, актуелната министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева и други.
„Доколку не работиме заедно од двете страни на границата, постои опасност проблемите што ги имавме со години да продолжат. Од друга страна, постои реална можност, ако се обединиме, ако посегнеме во сите правци со владата на РСМ, имаме шанса да направиме вистински чекори напред“, рече Петков.
Според него, додека владите можат да работат на документи и различни дипломатски чекори што треба да се направат, тука борбата е за срцата и умот на луѓето од двете страни на границата, а тоа не може да се случи врз основа на документи.
„Ова мора да се случи врз основа на заедничко дејствување, кохезија и заедничка работа. Она што стана јасно во нашата коалиција, и во Бугарија во целина, и мислам од другата страна на границата во РСМ и во разни институции, дека е време да си свртиме грб еден на друг, бидејќи стабилноста на Бугарија од овие заеднички акции зависат Северна Македонија и Балканот“, рече премиерот.
Според него, треба да го смениме значењето на терминот „балканизација“.
„Нашата задача во моментов е да го смениме овој збор и да го направиме значаен, користејќи го заедничкиот потенцијал, работејќи заедно да го направиме овој регион најбрзо растечки регион во Европа. Треба да го надминеме нашето его, една малку понова и не толку блиска историја и да кажеме дека имало добри страни, но имало и не толку добри страни. Време е да се направат следните чекори напред“, рече Петков.