Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

Петков одново ќе биде кандидат на „Продолжуваме со промената” за нов премиер, тврдат бугарски медиуми

Досегашниот бугарски премиер Кирил Петков ќе биде номиниран од политичката партија „Продолжуваме со промената” за премиер по изгласаната недоверба на неговиот кабинет. Тоа го потврди и самиот Петков на прашање на Њуз/Бг по завршувањето на гласањето во салата, излегувајќи пред демонстрантите собрани за поддршка на власта.

„Народот е тој што гарантира дека промената ќе продолжи. Од она што го гледаме ќе им дадеме уште една шанса на пратениците од „Има таков народ”. Но, ако им е страв – одиме на избори, изјави Петков.

„Промената ќе продолжи. Ова е единствениот начин да се промени Бугарија. Нема зделки, нема задкулисни зделки. Тоа што го кажуваме, го правиме”, нагласи тој.

И повторно истакна дека „Трифонов и Борисов и Митрофанова го соборија кабинетот”.

„Она што е важно е дека духот излезе од шишето и нема шанси да се врати. Промената е во неколку чекори, а не во еден. Покажавме европско лице на Бугарија”, рече Петков.

Дека Кирил Петков повторно ќе биде предложен за шеф на владата го потврди и вицепремиерот и министер за финансии Асен Василев, јавија бугарскикте медиуми.

-Задкулисите, мафијашките, олигархиските интереси се обединија за да го урнат овој кабинет, што сериозно ги погоди нивните интереси, изјави вицепремиерката и лидер на БСП Корнелија Нинова на новинарите пред зградата на Собранието по успешното гласање за недоверба. „Има таков народ”, „Преродба”, ГЕРБ-СДС и ДПС направија апсолутно непринципиелен собир, обединети само бранејќи ги нивните интереси, бидејќи промената е почната, рече таа.

-Уривањето на владата ќе резултира со хаос, нестабилност, немање стабилен парламент за носење одлуки.

Нинова изјави дека ќе продолжат со истото однесување како во последните шест години.

-Ја тестиравме целата нишка на овој модел на владеење, така што гласањето недоверба нема да не спречи, рече таа.

Доколку ГЕРБ добие втор мандат, во случај Кирил Петков да не успее да формира влада, ќе го врати. Ова го изјави претседателката на пратеничката група на ГЕРБ-СДС Десислава Атанасова на брифинг во парламентот по гласањето за недоверба.

loading...

nạp tiền go88 bị từ chối GO88 - Thiên Đường Giải Trí Online, Game Bài Online GO88 - Link Tải Game Bài Go88 Club APK, IOS, AnDroid

https://sunwin.fan/