БОМБА НА КАЕВСКИ: Мицкоски да одговори дали нудел поддршка за францускиот предлог во замена за амнестија за криминалот?
БОМБА НА КАЕВСКИ: Мицкоски да одговори дали нудел поддршка за францускиот предлог во замена за амнестија за криминалот?
Николовски: Ги золемуваме површините под житни култури - Склучуваме рекордни 258 нови договори за закуп на земјоделско земјиште
Николовски: Ги золемуваме површините под житни култури - Склучуваме рекордни 258 нови договори за закуп на земјоделско земјиште
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, присустуваа на Фестивалот на биодиверзитет кој се одржа во Паркот на Франкофонија

Тренчевска: Ги повикувам општините да аплицираат на јавниот повик за развој на социјални услуги на локално ниво, кои се во интерес на сите граѓани
Тренчевска: Ги повикувам општините да аплицираат на јавниот повик за развој на социјални услуги на локално ниво, кои се во интерес на сите граѓани
Николовски на жетва на јачмен во светиниколско - Постигнавме висока откупна цена и очекуваме добар принос од 140 000 тони
Николовски на жетва на јачмен во светиниколско - Постигнавме висока откупна цена и очекуваме добар принос од 140 000 тони
Николовски на средба со Мрежа на земјоделски задруги по повод Меѓународниот ден на задругарството
Николовски на средба со Мрежа на земјоделски задруги по повод Меѓународниот ден на задругарството
7. ГОДИНА ПО РЕД – 100 БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
7. ГОДИНА ПО РЕД – 100 БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
Потпишани договори со ЕБОР за финансирање на изградбата на автопатот Скопје-Блаце и фотонапонските електрани Осломеј 2 и Битола
Потпишани договори со ЕБОР за финансирање на изградбата на автопатот Скопје-Блаце и фотонапонските електрани Осломеј 2 и Битола

Петровска – Мехај: Северна Македонија и Косово ја зацврстуваат соработката за побезбеден и постабилен регион

Стабилноста на Западниот Балкан е клучен приоритет за Северна Македонија и за Косово, а засилената одбранбена соработка е еден од начините како да ги зацврстиме мирот и безбедноста во овој дел на Европа, заклучија министерката за одбрана Славјанка Петровска и косовскиот министер за одбрана Арменд Мехај, на денешната средба во Приштина.

„Северна Македонија како земја – членка на НАТО е сериозно посветена на зацврстување на регионалната стабилност и безбедност. Тоа е предуслов нашите држави да продолжат да се развиваат особено денеска кога имаме нова геополитичка реалност во која е нарушена повеќедецениската безбедност на европскиот континент“, рече министерката Петровска на средбата.

Во контекст на зајакнувањето на регионалната безбедност и стабилност, министерката Петровска го информираше својот косовски колега дека Северна Македонија останува посветена на придонесот во мисијата КФОР. Министрите се заложија да работат на продлабочување на соработката во доменот на кризниот менаџмент при природни непогоди и катастрофи.

Во однос на геополитичките предизвици, на состанокот беше осудена руската инвазија на Украина, за што министерката Петровска истакна дека нема место во Европа во 21-от век.

Министерот Мехај се заблагодари за отвореноста и посветеноста на Северна Македонија во развојот на билатералните односи и вклучувањето во регионалните иницијативи кои се важни за одржувањето на регионалната безбедност и стабилност. Тој упати благодарност и за учеството на припадниците на Армијата во мисијата КФОР.

Двајцата министри го потпишаа и новиот Меморандум за соработка, како продолжување на воспоставената одбранбена соработка со Меморандумот од 2010 година. Соработката опфаќа повеќе области како справувањето со дезинформациите, безбедносната и одбранбена политика, процесот на планирање, програмирање, буџетирање и извршување, медицинската обука и военото образование.

Во Приштина, министерката Петровска се сретна и со заменик-командантот на НАТО мисијата КФОР, италијанскиот бригаден генерал Лука Пиперни, кому му се заблагодари за логистичката поддршка од командата и од италијанската армија на контингентот од Северна Македонија кој во моментов брои 74 припадници на Армијата.

„Северна Македонија е столб на безбедноста во регионот и затоа освен 15-годишната логистичка поддршка на оваа мисија, денеска во КФОР придонесуваме и со контингент војници од Армијата на Република Северна Македонија“, рече министерката на средбата. Таа подвлече дека државата останува посветена на придонесот во КФОР, за што веќе е во подготвителна фаза новата ротација во оваа мисија од мај 2022 година.

Генералот Пиперни порача дека војниците од Армијата на Република Северна Македонија во КФОР се посветени и професионални во извршувањето на своите задачи. Посетата на Косово продолжува со средба на министерката Петровска со контингентот војници од Армијата на Република Северна Македонија стационирани во Регионалната команда – Запад, во Пеќ.

Министерство за одбрана

Република Северна Македонија

Сектор за комуникации, аналитика и оперативна поддршка

Одделение за медиа и мултимедијална работа

loading...

Link tải Go88 Club cho Android APK | IOS mới nhất

cách nạp tiền sunwin o sunwing.ultipro.ca sunwin đánh bài