ДЕМАНТ: Министерството за внатрешни работи во целост ги демантира дезинформациите пласирани од страна на претседателот на Независниот синдикат на полиција на вчерашната прес конференција, како целосно неточни и паушални

СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ И НЕОДГОВРНИТЕ МЕДИУМИ ШИРАТ ЛАЖНИ ВЕСТИ И КАКО РЕЗУЛТАТ ПОПУЛИЗМОТ И НАЦИОНАЛИЗМОТ СЕ ВО ПОДЕМ ВО СВЕТОТ: ЗА 12 МЕСЕЦИ ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ АМЕРИКАНЦИ СМЕНИЛЕ ПАРТИЈА ОД ДЕМОКРАТИ ВО РЕПУБЛИКАНЦИ

Бектеши: Изгласани законските измени- сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница
Бектеши: Изгласани законските измени- сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница
Вархеји упорен, турка како Сизиф: Нема пречки за Македонија, Бугарија го прифати решението
Вархеји упорен, турка како Сизиф: Нема пречки за Македонија, Бугарија го прифати решението
СТОПАНСКА КОМОРА: Потребна е државна стратегија за компаниите да го преживеат мултикризниот период и да продолжат да функционираат
СТОПАНСКА КОМОРА: Потребна е државна стратегија за компаниите да го преживеат мултикризниот период и да продолжат да функционираат
Бочварски: Преку капитални проекти како водоводот за туристичката населба на Беровско Езеро го развиваме туризмот и локалната економија во Берово
Бочварски: Преку капитални проекти како водоводот за туристичката населба на Беровско Езеро го развиваме туризмот и локалната економија во Берово
НИКОЛОВСКИ: Нов проект во областа на рибарството и аквакултурата во партнерство со Хрватска и со поддршка од ЕУ
НИКОЛОВСКИ: Нов проект во областа на рибарството и аквакултурата во партнерство со Хрватска и со поддршка од ЕУ
МВР НЕ СЕ ШЕГУВА: 637 санкционирани возачи на мотоцикли, 17 мотоцикли одземени
МВР НЕ СЕ ШЕГУВА: 637 санкционирани возачи на мотоцикли, 17 мотоцикли одземени

Петровска: Организацијата за резервни офицери е пример за модерно дејствување и промотор за евроатлантските вредности

„Јубилеите не ги означуваат и одбележуваат годините сами по себе, туку сите генерации, личности, спроведени активности и и реализирани цели преку кои се оформува и развива една идеја. Идеја што извира од љубовта кон татковината, како израз на чист патриотизам и стремеж за градење на општество на мир и благосостојба“, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната свечена академија по повод одбележувањето на јубилејот „70 години од основањето на Организацијата на резервни офицери на Република Северна Македонија“, која се одржа во Домот на Армијата во Скопје во присуство на началникот на Генералштабот на Армијата генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, високи претставници од законодавната и извршната власт и членови на Организацијата.

Петровска по повод денешниот Јубилеј упати честитки до членовите на организацијата на резервни офицери за својот придонес во градењето на слободна и независна држава, негувајќи ја слободарската и мирољубивата традиција што не обединува сите нас.

„Затоа во Армијата сè вклучени сите заедници, обединети во едно, се со цел да се гради вистински патриотизам. Најсигурниот начин да се обезбедиме од опасностите од конфликтите ќе биде со нашата колективна сплотеност, по сите прашања и во сите нешта што се однесуваат на секојдневниот живот од економската, политичката, воената и сите останати општествени сфери од живеењето. Организацијата за резервни офицери е пример за модерно дејствување и промотор за евроатлантските вредности и современото разбирање за улогата во општеството “, додаде Петровска.

На денешниот настан се обрати и претседателот на организацијата, Гоце Георгиев кој најнапред истакна дека со ништо не може да се замени љубовта кон Татковината, патриотизмот и желбата да се гради општество во кое среќно ќе живеат сите наши граѓани, што претставува мотив и патоказ за понатамошни залагања и успеси. Тој додаде дека на денешен ден пред точно 70 години борци учесници во НОБ кои се стекнале со офицерски чинови го основале Здружението на резервни офицери на Македонија, кое во текот на 60тите години на минатиот век му се приклучуваат и резервните подофицери.

„Нешто што ја краси нашата Организација е тоа што таа од самиот почеток до денес континуирано дејствува како самостојна и неподелена по партиска и по идеолошка и национална основа. Нераскинлива е соработката со органите за одбрана со Армијата и со сите сродни организации во државата, особено со оние кои во својата активност опфаќаат содржини од областа на одбраната и безбедноста“, истакна Георгиев.

Георгиев додаде дека досегашниот влог е влог за денешните и идните генерации, и е убеден дека овие генерации ќе ги вградат своите знаења и способности за развој и долговечен просперитет на нашата суверена и самостојна Република Северна Македонија.

Организацијата на резервни офицери од август 2021 година, е полноправна членка на Меѓу сојузничката конфедерација на резервните офицери на земјите членки на НАТО.

Своите активности ги остварува согласно Законот за одбрана и има за цел преку организирано, континуирано и во соработка со надлежните органи да ги подготвува своите членови за успешно извршување на задачите во одбранбениот систем на Републиката, но и во колективната безбедност.

Во организацијата чиј историјатот започнува во 1952 година, со формирањето на околиски и општински одбори, денес членуваат околу 5.000 резервни и активни офицери.

Со почит,

Република Северна Македонија

Министерство за одбрана

Сектор за комуникации, аналитика и оперативна поддршка

Одделение за медиа и мултимедијална работа

loading...