БРАВО, УШТЕ ИМА НАДЕЖ ДЕКА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ МОЖЕ ДА СЕ ПОДОБРИ: Османи со тим од МНР бил на преговори во Софија
БРАВО, УШТЕ ИМА НАДЕЖ ДЕКА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ МОЖЕ ДА СЕ ПОДОБРИ: Османи со тим од МНР бил на преговори во Софија
Затворени двата конзулата на Русија во Бугарија заради протерувањето на 70 руски дипломати
Затворени двата конзулата на Русија во Бугарија заради протерувањето на 70 руски дипломати
Британката Гилејн Максвел осудена на 20 години затвор, му помагала на американскиот милијардер Епштајн да силува десетици девојчиња додека ги држеле заробени на остров
Британката Гилејн Максвел осудена на 20 години затвор, му помагала на американскиот милијардер Епштајн да силува десетици девојчиња додека ги држеле заробени на остров
Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ

Петровска: Сигурноста и безбедноста на државата најголема придобивка од членството во НАТО

Најголемата придобивка од членството во НАТО е сигурноста и безбедноста која денес граѓаните на нашата држава ја чувствуваат, можат мирно да се разбудат, и да знаат дека се дел од големото семејство кое, пред се, претставува политички и воен безбедносен сојуз, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска, информира МИА.

– Стратешката цел, членството во НАТО, е исполнета. Граѓаните денес веќе ги чувствуваат придобивките од тоа наше членување. Тоа го потврдија последните случувања на европското тло од безбедносен аспект. Она што се случува во Украина, кое што ние цврсто и силно го осудивме и како земја, но и како дел од НАТО Алијансата, покажува дека мирот не ни е даден еднаш за секогаш и не е загарантиран. Тоа е нешто кое мора да го негуваме и да работиме постојано на тоа, посочува Петровска во интервју за јавниот сервис МТВ по повод одбележувањето две години од членството на државата во НАТО Алијансата и придобивките од членството.

Во однос на бизнис заедницата која сега е во поповолна ситуација да привлекува странски директни инвестиции, таа посочува дека тоа треба да го помогне воспоставениот Центар за поддршка на компаниите кој дополнително треба да се зајакне.

– Јас како министерка стојам на располагање секако ги поканив и бизнис заедницата, стопанските комори и компаниите заедно да работиме на веќе воспоставениот Центар за поддршка на компаниите, на македонските компании кои сакаат да се промовираат себе си и да настапат на НАТО пазарот, тој центар да го развиваме, да го зголемиме со соодветна експертиза, со соодветни човечки ресурси но и со значајна методологија како тоа да го направиме. Овој центар треба да овозможи уште поголем и уште посериозен пробив на македонските компании на НАТО пазарот. На тој начин компаниите директно ќе ја почувствуваат придобивката од нашето членување во НАТО, вели министерката за одбана.

Запрашана во однос на правата, но и обврските кои ги носи со себе членството во НАТО од аспект на руско – украинскиот конфликт и последиците од него, Петровска потенцира дека Република Северна Македонија е рамноправен партнер во донесувањето на тие одлуки.

-Загрижени се сите и со право се загрижени затоа што никој не веруваше дека во 21 век на европско тло може да се случи ваква груба и брутална воена инвазија врз една суверена и самостојна држава и тоа е нешто кое, се разбира, повторно ќе ја искористам оваа можност, да го осудиме. Граѓаните треба да знаат и се редовно информирани за тоа кои се придобивките и на НАТО Алијансата и на каков начин сакаме да помогнеме и практично ја искажуваме солидарноста и поддршката за украинскиот народ. Република Северна Македонија е рамноправен партнер во донесувањето на тие одлуки. Во НАТО Алијансата не се делат земјите на големи и мали на први или последни пристапени, сите сме еднакви, рамноправни, гласот на сите, на секој од нас подеднакво се слуша и се вреднува но она што сите нас не обединува во тие наши излагања и донесувањето на одлуките е дека тие секогаш се засноваат на принципите и вредностите на НАТО Алијансата. Она што е поука и треба да биде и пораката која се прати, практично најголемата порака би рекла од оваа инвазија, е дека таа успеа да ги обедини и НАТО и ЕУ и поголемиот дел од светот и со тоа праќаме силна порака како сојузници и заедно со членките од Европската Унија но и другите земји кои се приклучија кон осудата дека компромис за демократија, за борба за човекови права, за човечки животи нема, порача министерката за одбрана Славјанка Петровска.

loading...

quên mật khẩu go88 go88 match Go88 - Tải Go88 Thiên đường Game Bài Đổi Thưởng lớn nhất

sunwin nghia la gi