ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ СЕ ВРТАТ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО, ЗАТОА НЕ ТРЕБА МОРАТОРИУМИ И СУСПЕНЗИЈА НА ДУПОВИ: Продаден недвижен имот вреден 693 милиони евра во 2020 година
ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ СЕ ВРТАТ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО, ЗАТОА НЕ ТРЕБА МОРАТОРИУМИ И СУСПЕНЗИЈА НА ДУПОВИ: Продаден недвижен имот вреден 693 милиони евра во 2020 година
Кузеска за „Само вистина“: ВМРО-ДПМНЕ кочи, седи настрана и се моли државата да не успее, но ќе успееме заедно со граѓаните
Кузеска за „Само вистина“: ВМРО-ДПМНЕ кочи, седи настрана и се моли државата да не успее, но ќе успееме заедно со граѓаните
БРАВО - ПО КОРОНА КРИЗАТА СЕ ВРАЌАМЕ ВО НОРМАЛА: Народна банка предвидува закрепнување на економијата и раст на БДП од 3,9 проценти
БРАВО - ПО КОРОНА КРИЗАТА СЕ ВРАЌАМЕ ВО НОРМАЛА: Народна банка предвидува закрепнување на економијата и раст на БДП од 3,9 проценти
ПРЕКРАСНА ВЕСТ ЗА ВАКЦИНАТА СИНОВАК КОЈА ЈА ОЧЕКУВАМЕ ВО 500 000 ПРИМЕРОЦИ: ИНДОНЕЗИЈА СЕ СПАСИ ОД ПАНДЕМИЈАТА СО ОВАА ВАКЦИНА, ПОДАТОЦИТЕ ДОСЕГА ВЕЛАТ ДЕКА Е 98% ЕФЕКТИВНА ПРОТИВ СМРТНИ ПОСЛЕДИЦИ И 96% ЕФЕКТИВНА ПРОТИВ ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА!

(ВИДЕО) КОМИЧАРОТ НИМЕШ ПАТЕЛ: ЈОГАТА Е ИЗМАМА, ЈА ИЗМИСЛИВМЕ НИЕ ИНДИСКИТЕ МАЖИ ЗАТОА ШТО САКАМЕ ДА ГЛЕДАМЕ ЖЕНИ СТЕГНАТИ ВО ХЕЛАНКИ НАПУПЕНИ
(ВИДЕО) КОМИЧАРОТ НИМЕШ ПАТЕЛ: ЈОГАТА Е ИЗМАМА, ЈА ИЗМИСЛИВМЕ НИЕ ИНДИСКИТЕ МАЖИ ЗАТОА ШТО САКАМЕ ДА ГЛЕДАМЕ ЖЕНИ СТЕГНАТИ ВО ХЕЛАНКИ НАПУПЕНИ
СЕГА ЌЕ СЕ КАЕ ШТО НЕ ИЗБЕГА КОГА МОЖЕШЕ - Уште 30 дена притвор за Камчев, определен притвор и за Груевски
СЕГА ЌЕ СЕ КАЕ ШТО НЕ ИЗБЕГА КОГА МОЖЕШЕ - Уште 30 дена притвор за Камчев, определен притвор и за Груевски
(ВИДЕО) Премиерот на Шпанија Санчез до македонските граѓани: Оддаваме почит кон премиерот Заев и сите граѓани, може да сметате на нашата поддршка кон ЕУ
(ВИДЕО) Премиерот на Шпанија Санчез до македонските граѓани: Оддаваме почит кон премиерот Заев и сите граѓани, може да сметате на нашата поддршка кон ЕУ
ЗЛАТКО МАРИН: Се радувам што населбата Лисиче, конечно, по 60 години ќе добие сосема нова и современа училишна зграда
ЗЛАТКО МАРИН: Се радувам што населбата Лисиче, конечно, по 60 години ќе добие сосема нова и современа училишна зграда

Пикови на Стокхолмски синдром: како Владе Милчин се вклучи во хајка против „соросоидот Амон Сра“?

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Да драги мои. Верувале или не. Владе Милчин, некогашниот директор на фондацијата на Сорос, познат хипик, уметник, револуционер шеес-осмаш, се вклучи во хајката на левите Димчиња и нивните гавази, во која бев „обвинет“ за едно „големо“ злосторство: споделување на содржини на Цивил по Фејсбук групи и пејџови. Да сум ти бил кабает затоа што споделувам вистина, со име и презиме, ачик и без криење, а не со ботови и фејк профили.

Фотографијата на која се гледа моето име и презиме и групи и пејџови каде што сум споделувал содржина на Цивилмедиа, во кои нема омраза, или лажни вести, или стари вести препакувани како нови кои често знае да ги сподели во последно време Милчин а потоа да се прави недоветен кога ќе го соочат со вистината, беше споделена од професорот со коментар – „крај“.

Гледам во коментарот и не ми се верува. Се присетив на 2011 година и протестите за Мартин Нешковски, кога токму овие што ме „обвинуваат“ а кои тогаш гласно викаа „Ние не сме партија“ за потоа да направат фашо партија како што и предвидував и предупредував, бараа Милчин и „сороспиите“ да бидат избркани од протестите. Тогаш кога сите молчеа, јас говорев на пленумот на Мајка Тереза во одбрана на Милчин и „соросоидите“ (ничим изазван) и ги замолчав димчињата.

За мојата одбрана на Милчин и „сороспиите“ (како што љубат да го нарекуваат него и активистите на организациите финансирани од Сорос токму оние кои сега ги споделува) не само тогаш, туку и кога беше брутално, па и физички напаѓан, лустриран итн, и јас самиот ја заработив етикетата „соросоид“! И ден-денес си ја носам. Многу незаслужено, сум ви признал повеќепати. Ниту еден проект, ниту еден денар немам земено од таа фондација, ниту пак сум имал каква било друга корист, освен желба да помогнам некому чии права биле загрозени.

Вчера, Милчин ми „врати“ за мојата одбрана и солидарност. Со споделување на хајката на левите Димчиња, кои го прогласуваа за кодош, предавник, сороспија. И тоа хајка за што? За нешто што не се ни трудам да го кријам, напротив – го правам со задоволство, споделување на ФБ содржини во кои нема лаги, омраза, дезинформации, кои се потпишуваат со име и презиме, и се споделуваат со име и презиме.

А да беше само споделувањето и коментарот на Милчин. Истата содржина што ја споделуваат левите димчиња и пејџови како Ленка и Бојкотирам, ја лајкувале и некои други истакнати ликови во активистичкиот и медиумскиот свет, од „неутралната“ и „критичката“ јавност, па се до класични ботови на Левица. Од оние кои се смешкаат и те поздравуваат срдечно кога ќе те видат и се прават како ништо да не се случило, до насилници кои ме напаѓале физички, но сум им простил и сум молел полицајци да не ги гонат кривично. Под глупавата фотографија со уште поглупава теза, се редеа коментари со секакви навреди и потсмевања.

За крај, дали ме повредува вакво „враќање“, овие секојдневни напади и навреди? Не. Ќе ви кажам и зошто низ една куса дервишка приказна.

Младиот дервиш го прашува стариот:

– Баба дервиш, зошто некои луѓе на кои сум им правел многу добрини ми враќаат со лошо? Ја нив со леб, они со дрва и камења?

– Немој да им се лутиш. Чувствуваат дека ти должат, ама немаат добрина во себе, па ти враќаат – со тоа што го имаат…

#SledeTene

#PikoviNaStokholmskiSindrom

#AluminiumOverMaximum

loading...

ANIMEFLIX god of highschool animeflix: Boku no Hero Academia 5th Season Episode 3

AniWatch watch anime dub: Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 26