ЗА ПРВПАТ ХЕРАКЛЕЈА И АНТИЧКИОТ ТЕАТАР ДОСТАПНИ ЗА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДИТЕТ
ЗА ПРВПАТ ХЕРАКЛЕЈА И АНТИЧКИОТ ТЕАТАР ДОСТАПНИ ЗА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДИТЕТ
Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите и работниците да ги почитуваат препораките на лекарите за топлиот бран
Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите и работниците да ги почитуваат препораките на лекарите за топлиот бран
(ВИДЕО) ИДЕЈАТА ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН МИ СЕ ВИДЕ ОДЛИЧНА КОГА ИМАВМЕ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО АЛБАНИЈА И КОГА ПОМОШ НИ ПРАТИЈА ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА И КОГА СО ТОА СПАСИВМЕ МНОГУ ЖИВОТИ
(ВИДЕО) ИДЕЈАТА ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН МИ СЕ ВИДЕ ОДЛИЧНА КОГА ИМАВМЕ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО АЛБАНИЈА И КОГА ПОМОШ НИ ПРАТИЈА ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА И КОГА СО ТОА СПАСИВМЕ МНОГУ ЖИВОТИ
ДИРЕКТОРОТ НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ, КОСТА ПЕТРОВ ИМАШЕ НЕСРЕЌА И ГИ СКРШИ ДВЕТЕ РАЦЕ
ДИРЕКТОРОТ НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ, КОСТА ПЕТРОВ ИМАШЕ НЕСРЕЌА И ГИ СКРШИ ДВЕТЕ РАЦЕ
Шахпаска: Во Битола го отворивме и вториот Центар за поддршка на згрижувачки семејства, воведуваме нови социјални услуги како дел од социјалната реформа
Шахпаска: Во Битола го отворивме и вториот Центар за поддршка на згрижувачки семејства, воведуваме нови социјални услуги како дел од социјалната реформа
(ВИДЕО) Милевски: Еднакви услови за сите деца, после 60 години го реновиравме училиштето „Пецо Даскалот“ во Заполжани
(ВИДЕО) Милевски: Еднакви услови за сите деца, после 60 години го реновиравме училиштето „Пецо Даскалот“ во Заполжани
(ВИДЕО) СЕ ГРАДИ ПЕТТАТА МИНИ ХЕЦ ВО ЈП КОМУНАЛЕЦ КАВАДАРЦИ - МИТКО ЈАНЧЕВ НА ТЕРЕН
(ВИДЕО) СЕ ГРАДИ ПЕТТАТА МИНИ ХЕЦ ВО ЈП КОМУНАЛЕЦ КАВАДАРЦИ - МИТКО ЈАНЧЕВ НА ТЕРЕН
Заев: Крајната цел е да нема граници меѓу С. Македонија, Србија и Албанија
Заев: Крајната цел е да нема граници меѓу С. Македонија, Србија и Албанија

ПИСМО ОД ЧИТАТЕЛ: СМЕНЕТИ ЌЕРАМИДИТЕ НА СВЕТИ КАНЕО ВО ОХРИД, СМЕНЕТ ИЗГЛЕДОТ НА ОВАА ЦРКВА КОЈА Е ЗАШТИТЕНА КАКО СПОМЕНИК НА КУЛТУРАТА

Со градежните зафати преземени при крајот на 2020 г., беше нарушен изгледот на најпознатиот културно-историски споменик во Македонија – охридската црква Св. Јован Канео. Се работи за менување на покривот со нови ќерамиди, кои во споредба со оние претходните делуваат некако „машински“, неавтентично и извештачено, а и нијансата е значително поинаква од онаа претходната.

Во нормална земја, ова би била ударна вест, но кај нас ова мина незабележано, небаре бил сменет покрив на штала. Граѓаните дури допрва ќе се соочат со ова „пријатно изненадување“ со доаѓањето на туристичката сезона. Со Google пребарување јас добив впечаток дека за ова некако слабо се пишувало (пример на следниов линк)

Со ова отворено писмо приложувам и две мои фотографии, едната од 2006 г., а другата од 2021 г. На онаа првата е очигледен некако поавтентичниот изглед на покривот. Разбирам дека реконструкциите понекогаш се оправдани, а и покривот на оваа црква сигурно бил повеќепати менуван низ вековите, но колку што е тоа можно, мора да се запази автентичниот изглед на објектот, што во овој случај не е сторено.

Иницијатор на оваа реконструкција била МПЦ (Дебарско-кичевска епархија), а била извршена под надзор на Институтот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид. Со сета почит кон споменатите, мене не ми е јасно како може за ваков споменик од светски калибар под заштита на УНЕСКО да решава Дебарско-кичевска епархија и еден локален завод.

Но да бидеме парламентарни и да ги чуеме нивните аргументи. Според нив, зафатот бил оправдан заради капењето од дождовите и опасноста за фреските во црквата, при што се нагласува дека последната санација била во далечната 1991 г. Колку е сето тоа вистина – не знам, но дури и да е, зарем не можеше ова да се изведе потранспарентно и поестетски? Само, не прифаќам оправдание дека за тоа „се немало средства“, затоа што, кога се работи за црква, истите можат лесно да се соберат, како од верниците кај нас, така и од дијаспората, па дури и најголемиот атеист би донирал од културолошки мотиви. Сигурен сум дека за ова би донирале и некои бизнисмени, а тука се и странските фондови и други извори.

Истите нови ќерамиди употребени кај Канео, се употребени и кај црквата Пресвета Богородица Перивлептос, а можеби и кај Св. Софија и други објекти. И кај нив забележувам елементи кои „штрчат“ и делуваат претерано ново и неавтентично. За Св. Софија уште се говори дека дубиозни реновирања имало и во нејзината внатрешност (измена на подот и др.), но за тоа треба да се произнесе некој поупатен од мене.

Барам од надлежните веднаш да се преземат кривични истраги околу сево ова, а доколку некои од зафативе навистина биле оправдани, можеме ли барем да иницираме акција за собирање на средства, за да се најдат посоодветни материјали и посоодветни стручњаци кои тоа ќе го исправат? Не може историски објект да се реконструира со ќерамиди од типот на оние што ни остануваат во двор по некоја изградба (онакви, кои кога ќе ги свртите пишува „Циглана Инђија“ или сл.). Треба да се употребат ќерамиди направени во старински стил и со старински методи и материјали.

Се велеше дека по заминувањето на администрацијата на Груевски ќе има поголема внимателност и транспарентност за овие нешта, како и јавна дебата и сл., за никогаш повеќе да не ни се повтори кич проектот “Скопје 2014”, но евидентно, ништо не се изменило. И сево ова се случи среде пандемија, кога граѓаните не можеа да реагираат.

Заради сево ова, УНЕСКО има полно право да го збрише Охрид од својата листа или во најмала рака да го стави во списокот на загрозени локалитети. Всушност, тоа требаше да се стори уште во 2000-тите години, кога калдрмата во Охридската чаршија беше заменета со плочки за купатило, што било аминувано од страна на истите тие заводи за заштита на културните споменици. Контроверзно беше и неодамнешното реновирање на Али Пашината џамија во градот и издигнувањето на нејзиното минаре, како и отворањето на ресторанот на Нефи Усеини во близина на Чинарот. Слична деструкција ни се случи и во Скопската Турска Чаршија, под водство на чаирскиот градоначалник Ганиу. Всушност, деструкцијата започна уште пред него, со Плоштадот Скендербег на чаирскиот градоначалник Меџити и со оние маоистички мурали како од времето на Енвер Хоџа. Меџити тогаш додаде дури и ескалатори на влезот на Чаршијата. Ова е нешто невидено, вистински турбофолк.

За ова предупредував уште во 2017 г., кога во новинска статија апелирав до тогашниот министер за култура Алаѓозовски, на општините или на сличните локални авторитети да им се одземат ингеренциите врз локалитетите од огромно културно-историско значење; со истите да управува некое специјално стручно тело на државно ниво; и тие локалитети да добијат вооружено обезбедување (статијата е на следниот линк). Така, на пример, во јуни 2019 г., полски фудбалски хулигани ја нагрдија охридската променада (Мостот на желбите) со графити на карпите, а да имало таму некакво вооружено обезбедување, можеби сторителите двапати ќе размислеле пред да го извршат тој вандалски чин. Истово важи и за Скопскиот Аквадукт, кого властите дури неодамна се сетија да го заштитат, иако е веќе поприлично уништен.

Воедно, ние, граѓаните, сакаме да знаеме, каде завршуваат елементите кои се вадат при тие дубиозни реконструкции. Заради слабата транспарентност, среде граѓаните циркулираат теории на заговор дека сето тоа се распродава во странство или сл. (се говореше, на пример, дека охридската калдрма била продадена во Германија).

И ако проблемите веќе не можат да се решат, може ли барем да се состави еден список на срамот, во кој со име и презиме ќе бидат наведени сите оние кои сносат одговорност за ваквата деструкција, за следните генерации да знаат што се случувало?

Благодарам.

Вангел Башевски-Барми (vbb.mk)

loading...

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz. Monkey Magic (Dub) (https://4anime.biz/m/jmR) Episode 13

Watch anime online for free at AnimeHeaven animeheaven boruto. Tantei Opera Milky Holmes: Fun Fun Party Night♪ - Ken to Janet no Okurimono Episode Full