Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

По долги години битка по судовите, „Фокус“ го доби Мијалков во Стразбур

„Фокус“, поточно уредничката Јадранка Костова и новинарот Владо Апостолов го „добија“ екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, во Судот за човекови права во Стразбур. Апликацијата беше поднесена во 2016 година, откако пред домашните судови, весникот и новинарите беа осудени за клевета и навреда на тогашниот директор на УБК, за што му платија штета од над 9.000 евра.

Текстовите беа објавени во сега згаснатиот дневен весник „Фокус“, каде што беа пренесени изјави од поранешниот амбасадор на Чешка Игор Илиевски, кој тврдеше дека бегал од Чешка поради притисоците од Мијалков.

-Судот смета дека оспорените одлуки претставувале мешање во правото на апликантите на слобода на изразување. Случајот се однесува на жалбата на апликантите според член 10 од Конвенцијата, дека исходот од граѓанската постапка за клевета против нив го повредил нивното право на слобода на изразување, се наведува во одлуката на Судот, потенцирајќи дека бил повреден членот 10 од Конвенцијата.

Во одлуката се појаснува дека новинарот и медиумот пишувале за прашања од јавен интерес, поврзани со шефот на тајната полиција, а кои можеле да придонесат во јавната дебата.

-Судот се согласува со Владата дека предметните написи содржеле изјави за фактите подложни на докажување. Иако сите фактички наводи во суштина се состоеле од упатувања на „приказни“ или „гласини“, како што утврдиле домашните судови, судовите не успеале да го одмерат фактот дека тие не произлегле од жалителите. Делумно, апликантите известувале само за она што го раскажува г-дин Илиевски, кој им пристапил и им доставил свој писмен извештај за настаните врз основа на неговото лично искуство. Во написите, апликантите јасно ги идентификуваа изјавите што произлегуваат од г-дин Илиевски. Покрај тоа, во оспорената постапка не беше утврдено дека објавената содржина е целосно невистинита или само измислена, се наведува во пресудата.

На тужителите им е одредена нематеријална штета од 3.000 евра.

Над 9 илјади евра, пак, изнесуваше оштетата што „Фокус“ му ја плати на директорот на Управата за безбедност и контраразнување Сашо Мијалков за нарушен углед.

Текстовите беа објавени во сега згаснатиот дневен весник „Фокус“, каде што беа пренесени изјави од поранешниот амбасадор на Чешка Игор Илиевски, кој тврдеше дека бегал од Чешка поради притисоците од Мијалков. Иако неколку пати беше побарано, Мијалков не одговараше на прашањата на „Фокус“ во кои се бараше негов коментар за обвинувањата.

loading...

https://tai.go88.is/

link tải sunwin mới nhất