По едногодишната пауза поради ковид пандемијата, Општина Пробиштип заедно со бизнис заедницата, по 16ти пат ја организираше традиционалната манифестација „Берење на бадникови гранчиња“ на месноста Жгури каде пробиштипјани со посна трпеза, берење бадникови гранчиња и бадникарски оган направија вовед во празниците што следат.
Овогодишни кумови по трети пат се од компанијата „Булмак 2016“, додека од граѓаните на месноста Жгури за кум е избран Бранко Стојчевски.
Нека се среќни и бериќетни претстојните Божиќни празници!