Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв

По критиките од екологистите, од ЕСМ велат дека ќе градат четири сончеви електрани во РЕК Битола

Една од најавените локации за изградба на фотонапонска електрана до РЕК Битола; Извор: АД ЕСМ
АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) денеска информираше дека подготвува изградба на четири фотонапонски електрани со вкупна инсталирана моќност од 280 мегавати во РЕК Битола. Сепак, за искористување на сонцето како обновлива енергија засега се обезбедени средства единствено за изработка на проектната документација.

„Првата електрана од 20MW ќе биде лоцирана во самиот круг на комбинатот, веднаш до Термоелектраната, и за истата во тек е изработка на концептуален проект од страна на консултантот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Потоа ќе следува изработка на техничка спецификација и тендерска документација за избор на изведувач“, информираат од АД ЕСМ.

Воедно, за втората фотонапонска електрана од 60 мегавати, ветувањето од АД ЕСМ е дека ќе биде изградена на тлото на исцрпените наоѓалишта на јаглен во рудникот Суводол.

„Во тек е тендерирање за избор на најповолен консултант за изработка на физибилити студија и студија за животна средина, а потоа ќе се имплементира проектот со најсоодветниот модел за финансирање. Средствата за изработка на студиите се од грант, обезбеден од KfW Банка“, се вели во соопштението од АД ЕСМ.

Од државната компанија додаваат дека третата сончева електрана од 100MW ќе биде изградена исто така во рудникот Суводол, додека четвртата од 100MW ќе биде лоцирана во рудникот Брод-Гнеотино. Сепак, детали околу изработката на проектната документација и изворите за нивно финансирање не се соопштени.

Од АД ЕСМ велат дека во тек се подготовки за изградба и на гасна електрана во РЕК Битола, со почетна инсталирана моќност од 250 мегавати, која ќе обезбедува електрична и топлинска енергија за tопловодот за Новаци, Могила и Битола, кој во моментот се гради.

„Сите наведени проекти ја претставуваат енергетската транзиција на РЕК Битола и се инвестиции кои во следната декада треба да го заменат производството на електрична енергија од јаглен, паралелно прекфалификувајќи ги и вработените за работа во нови типови на производни капацитети“, соопштуваат од АД ЕСМ.

Покрај денешните најави на АД ЕСМ за проектите кои треба да обезбедат енергетска транзиција на РЕК Битола, пред неколку дена директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски изјави дека актуелната криза ја отворила потребата од подолго користење на рудниците за јаглен и планираната инвестиција во нови ископи во рудникот Живојно во РЕК Битола и рудникот Гуштерица во РЕК Осломеј.

По ваквата најава, од Еко-свест излегоа со реакција и најостра осуда на најавата за отворање на нови рудници за јаглен за РЕК Битола.

„Овој проект е неприфатлив од еколошки, енергетски и економски аспект, а е спротивен со сите стратегии и декларираните заложби на државата“, се наведува во соопштението од Еко-свест.

Од Еко-свест рекоа дека отворањето на нов рудник само ќе ја влоши ситуацијата произлезена од триесетгодишното неспроведување на плановите во енергетскиот сектор и од одложувањето на искористувањето на новите обновливи извори на енергија, како што се сонцето и ветерот.

loading...

https://tai.go88.is/

sunwin games sunwin asia sunwin 40x50cm 12v usb desktop laser engraving machine