Се враќаат жештините, повторно температури до 40 степени
Се враќаат жештините, повторно температури до 40 степени
Заев: Не можеме утре да ги внесеме Бугарите во Уставот
Заев: Не можеме утре да ги внесеме Бугарите во Уставот
Зибери: Воспитно-поправниот дом за малолетници не си ја извршува функцијата
Зибери: Воспитно-поправниот дом за малолетници не си ја извршува функцијата
ВМРО-Народна: Отворените изборни листи ќе ги збришат сите мали политички партии
ВМРО-Народна: Отворените изборни листи ќе ги збришат сите мали политички партии
Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска на средба со претставниците од „Дневен центар Доза среќа“
Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска на средба со претставниците од „Дневен центар Доза среќа“
Вицепремиеорот Битиќи за порталот Фактор: Прераснуваме во економија на можности, на старт-апи, во земја на иновации!
Вицепремиеорот Битиќи за порталот Фактор: Прераснуваме во економија на можности, на старт-апи, во земја на иновации!
ШИЛЕГОВ И ДЕЛЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌИЊА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ
ШИЛЕГОВ И ДЕЛЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌИЊА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ
Колев: Бугарите во Северна Македонија очекуваат да бидат дел од Уставот
Колев: Бугарите во Северна Македонија очекуваат да бидат дел од Уставот

Почина контроверзниот политичар и бизнисмен Љубисав Иванов – Ѕингo, некои ќе жалат, некои богами ќе слават

Некои го нарекуваа феудалецот од Кратово, некои го нарекуваа ЗАСТАВА ФИЛМ поради блискоста со Белград и Милошевиќ, некои ги нарекуваа најголемиот ментор и протеже на Груевски.

Јавна тајна е дека Груевски еднаш месечно одеше на консултации во неговата вила во Филиповци, Кратово.

Неговата Сител беше главен стожер на едната декада режим на Груевски притоа човекот намлати милиони евра од владините кампањи но и од тендерите за РИК Силекс за разни хидроцентрали и тендери во РЕК Битола.

Ферски е да се признае дека човекот го препороди Кратово, од село го направи во пристоен град на почетокот на 90-тите, донесе во градот врвен фудбал, изгради базени, стадиони, фабрики, спортски сали, донесе водовод во градот и селата, изгради локални патишта, болници, градинки, дискотеки, модерни стоковни куќи, модерно земјоделие…

Кратовчани масовно се доселија во градот од селата и за прв пат во својот живот видоа модерен живот со водовод, канализација, асфалтирани улици, модерни маркети, болници, базени, децата им учеа во најнови училишта со парно со спортски сали со модерни лаборатории и кабинети, па учениците од Кратово беа и првенци на факултетите на УКИМ, некои беа и врвни спортисти, новинари, менаџери итн итн…

Но потоа сето тоа почна да стагнира и пропаѓа а тој не даваше некој друг да му биде конкуренција во градот, па градот почна да тоне и да стнува социјална трагедија, секој што ќе пркнеше беше бркан од градот, секој што ќе кажеше нешто против него или немаше да гласа за него добиваше отказ од Силекс, дури му ја кинеа и водата од водоводот кој е приватен, прв приватен водовод на Балканот, на РИК Силекс. Како што владееше со Кратово, Груевски потоа го ископира и владееше со Македонија, Ѕинго му беше главен ментор, партнер, идол.

Јавна тајна е дека РИК Силекс прво го направи гигант во Југославија а потоа си го присвои со присила, ги натера работниците да му ги дадат акциите за џабе, со тоа семејството Иванови стекна богатство кое се мери во десетици милиони евра, РИК Силекс има свои рудници, хотели, милиони квадрати деловен простор, имаа и банка, осигурителна компанија, телевизиа, хектари земјоделско земјиште, водовод, ресторани, фудбалски клуб, градски базен итн итн…

Јавна тајна е дека кога беше претседател на фудбалскиот сојуз, го имаше направено во семејна фирма, дури и парите од УЕФА, над 10 милиони марки ги стави во својата РИК Силекс банка и одби да ги врати на ФФМ па се договорија да ги враќа на рати со години, додека ги вртеше парите и заработуваше од камати од нив. ФФМ го користеше за промоција и продажба на играчите од Силекс кои ги земаше за ич пари а ги продаваше за милиони евра низ цела Европа, а тоа што им следуваше на фудбалерите не им го даваше, еклатантен пример беше 10 годишното судење за играчот и репрезентативец Срѓан Захариевски кој остана без денар од милионскиот трансфер во Израел иако имал договор според кој му следувало процент од сумата.

Ќе остане запаметено дека со ТВ Сител направи огромна штета врз општеството, особено за време 10 години режим на Груевски, ТВ Сител ширеше омраза, црна пропаганда, се масакрираа луѓе во вестите, се ширеше параноја, страв, паника, се хушкаше меѓуетничка тензија…

Самиот факт дека над 30 години главен уредник му беше Латас, е самото по себе злосторство против човештвото и против државата.

Беше вистински визионер, кога никој не знаеше што е тоа приватна телевизија, тој почна да ја гради ТВ Сител што потоа ќе го вивне во врвот на политичката моќ, иако политички беше маргиналец.

Додека никој не знаеше за флаширана вода, тој ја направи Добра Вода и ги искористи многуте природни минерални извори во градот и го освои голем дел од пазарот.

Ја искористи својата моќ да ја сврти пругата кон Бугарија да помминува низ Кратово за да може РИК Силекс да искористи од пругата но и за да земат Кратовчани пари од обештетување каде поминува пругата. Но како последица на тоа свртување, пругата ќе кошта преку 1 милијарда евра затоа што треба да помине низ најголемите планини во Кратово и Паланка наместо да помине подолу низ рамната Струмица…

Ја искористи својата моќ да го буквално присвои проектот ХИДРО СИСТЕМ ЗЛЕТОВИЦА, донација од 100 милиона долари од Јапонија, брана која ја градеше Силекс и ја менаџираше Силекс и од каде се шпекулира дека се има украдено десетина милиони долари за што оставка во партијата си даде Зоран Витанов.

Како политичар важеше за суров кон новинарите кои ќе се дрзнеа да го критикуваат па тужеше многу новинари и беше суров во барањето оштета за клевета и навреда. Иако имаше медиум и самиот вработуваше 100-тина новинари но тоа не му менуваше ништо во тој прогон… Грујо, Мијалков и Латас го научија тоа од шефот па со Ивона и они тужеа едно 50 новинари додека беа во врвот на моќта…

Мора да му се признае дека со Силекс направи фабрика која извезува и ден денеска сунѓер низ цел балкан, прави одличен мермер кој е баран на пазарот, сега извезува и флаширана вода, но земјоделието не му успеа како што планираше, нити пак Кратово стана она за што тој сонуваше, модерен голем град со богати луѓе, напротив, Кратово сега е едно бледо напуштено место и се во него се распаѓа, оваа година имало само 10 првачиња за разлика од над 200 во 90-тите.

Кратовчанчиња се раѓаат многу но во Скопје, Чикаго, Минхен каде овие 20 години масовно се иселија бегајќи од мизерните плати кои ги делеше Ѕинго во Силекс, од кои пола беа бонови со кои можеш само да си правиш дома колекција, беа безвредни.

Голем дел од Кратовчани, оние кои му беа верни и одбиваа дел од колачот, обично трошки денеска ќе плачат, но голем дел од Кратовчани кои беа со децениии прогонувани, казнувани, шиканирани, малтретирани и присилени да се иселат од градот, денеска ќе слават.

Интересен факт е што улицата која од градот води до стадионот на ФК Силекс не беше реновирана едно 20 години, Ѕинго одеше на утакмици секоја недела по таа улица и не му сметаа дупките по патот 20 години, требаше да падне локалната и централна власт на Ѕинго за новата власт на СДСМ да ја реновира улицата и да и стави тротоар и сега Ѕинго оваа година од својата куќа до стадионот возеше по џам нова улица направена од СДСМ. Се чини при крајот на животот тотално се сврте кон себе па сите пари одеа за замоците на фамилијата во Жданец, елитна населба на Водно во Карпош каде има неколку замоци со базени вредни десетина милиони евра…

Епска е приказната како се има спасено од затвор во 1998-ма година кога ВМРО ДПМНЕ упадна со калашникови во зградата на Силекс во Кратово а главниот благајник беше фатен со вреќа документи во својата вила во Кратовско. По неколку месеци целата истрага ненадејно запре и Ѕинго се спаси од одење во затвор поради затајување на данок. Пред неколку недели, Љубчо во интервју за Васко Ефтов дозна дека во Сител биле најдени над 7 милиона марки затаени неплатени даноци, но Ѕинго успеал да се договори со некој од ВМРО ДПМНЕ, се шпекулира или Маран Ѓорчев или Љубе Бошковски, иако многумина мислат дека токму Љубчо Георгиевски е клучот и дека тој има примено голема црна вреќа со над 3 милиона марки за Ѕинго да се спаси од одење во затвор.

Но овој пат не му успеа да се спаси па во случајот ТРУСТ, па по промената на власта во 2017-та немаше веќе кој да го штити и од Силекс беа конфискувани десетици милиони евра поради местени тендери во РЕК Битола, а во случајот во затвор отиде Сеад Кочан и синот на пратеничката на Ѕинго, Владанка Авировиќ кој беше директор на Силекс Неметали.

loading...

KissAnime kissanime promare: Attack on Titan Season 3 Part 2 (Dub) Episode 10

AnimeTV japanese anime tv: Jujutsu Kaisen (TV) (Dub) (https://animetv.cc/m/DaDg) Episode 19