Утрово, со особено задоволство и неизмерна почит присуствував на Света Божествена Литургија во Сoборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје, во чест на раѓањето на Богомладенецот, кој прв ја посведочил Божјата вистина и ни ја пренел на сите нас.
Денеска се радуваме на животот, на раѓањето на Спасителот, на светлината која дојде со него за никогаш да не згасне. Бидејќи Христос е живот, Извор на животот, Извор на радоста, Извор на вистинската светлина, на сите и сѐ. Кој Го љуби Христа и своите ближни, тој носи живот во себе.
Денот на Христовото раѓање нека го поттикне најдоброто во нас, како водилка на патот на разбирањето, на слогата и заедништвото, бидејќи само така можеме да продолжиме да градиме свет во кој владеат добродетелство, солидарност, мир и хармонија.
Со овие мисли, ви посакувам празничните денови да ги поминете со најблиските, во здравје, благосостојба и голема радост, кои ќе ни дадат сила, волја и надеж за да создадеме подобра сегашност и посреќна иднина.
Христос се роди!
За многу години!