ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат

ПОДДРШКА ОД МАКТЕЛ, РАБОТА СИ Е РАБОТА: Сексуалните работници бараат итно носење закон за регулација на сексуалната работа и декриминализација на истата

17-ти декември е Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници. По тој повод, ние, сексуалните работници, здружени во СТАР – Прв Колектив на сексуални работници на Балканот и нашите поддржувачи ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција Маргини, во рамки на овогодинешната кампања, ја известуваме јавноста за одржувањето на четиринаесетиот по ред Марш на црвените чадори.

Црвената е боја на убавината, а чадорот е глобален симбол на сексуалната работа кој ја симболизира заштитата од надворешни влијанија.

Маршот, традиционално ќе се одржи во Скопје на 17.12.2021 (петок), и ќе започне во 12 часот, од пред платото на спомен куќата на Мајка Тереза на ул. Македонија и ќе заврши на плоштад „Филип II“. Пред започнување на маршот, сексуални работници ќе дадат изјави за медиумите.

Со овогодинешната кампања, повторно ќе ставиме акцент на потребата од декриминализација на сексуалната работа како најдобра правна рамка за унапредување на човековите, работничките и здравствените права на сексуалните работници, како и итноста од донесување нова правна рамка за регулација на сексуалната работа во Република Северна Македонија.

Иницијативата за декриминализација на сексуалната работа е започната од страна на неформалната Платформа за декриминализација на сексуалната работа, која ја сочинуваат три организации, СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција МАРГИНИ. Во рамки на спомената Платформа доставивме предлог иницијатива до надлежните органи за измени на Кривичниот законик (Член 191) и Законот за прекршоци против јавен ред и мир (Член 19) по кои се казнуваат одредени активности поврзани со сексуалната работа.

Последователно како одговор кон доставената предлог иницијатива, од Министерството за правда како надлежен орган за измени на Кривичниот закон не информираа дека постапката за декриминализација на сексуалната работа треба да започне од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, кој е под надлежност на Министерството за внатрешни работи.

Во контекст на споменатото, ја известуваме јавноста и медиумите дека ние сексуалните работници и нашите семејства, егзистенцијално зависиме од сексуалната работа која за многумина од нас претставува примарен извор на приходи. Со почетокот на кризата предизвикана од КОВИД-19, ние сексуалните работници како маргинализирана заедница се најдовме во особено тешка ситуација, погодени од економски, социјален и здравствен аспект. Во услови кога сексуалната работа не е правно регулирана и признаена како дејност, сексуалните работници не се во можност да ги користат економските мерки од државата, што пак влијае врз нивната општа благосостојба.

Сексуалната работа е препознаена како најстарата професија на светот, а државата одбива да го признае трудот на најстарите работници на светот. Затоа, сакаме да ја истакнеме потребата од итно донесување на соодветен модел за регулација за сексуалната работа во Република Северна Македонија, и да ги прашаме надлежните институции: ДЕКРИМИНАЛИЗАЦИЈА КОГА?

Бараме итна и неодложна декриминализација на сексуалната работа, како најдобар модел за регулација на сексуалната работа, која ќе ги воочи потребите на нас сексуалните работници, ќе ни овозможи заштита на нашите човекови и работнички права, ќе ни обезбеди безбедни услови за работа, ќе не заштити од насилство и злоупотреба, ќе го подобри пристапот до правда и здравствени услуги и ќе влијае позитивно на благостојбата и достоинството на нашата заедница.

Со вклучување на сексуалните работници во процесите за донесување на нова соодветна законска регулатива за сексуалната работа, ќе ја оттргне заедницата од работ на општествените маргини и ќе придонесе за препознавање на нивниот труд.

loading...

https://animedao1.com/. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

Dragon Ball Super

watch anime online Attack on Titan Season 3

Record of Ragnarok

free anime Naruto: Shippuden

watch animes Attack on Titan Season 2