ДОНАЦИЈА ОД КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВРЕДНА 336.600 ЕВРА ЗА БОРБА СО COVID-19
Вирусот Covid-19, за жал, се уште е сериозна закана за здравјето и животот на граѓаните, кој ги исцрпува медицинските ресурси и силите на здравствените работници. За да им помогне на здравствените власти во справувањето со последиците од вирусот, Комерцијална банка донираше две амбулантни возила за Итна помош, 280 кислородни концентратори, маски за неинвазивна вентилација и 7.120 тестови за Covid-19 во вкупна вредност од 20.700.855,00 денари (околу 336.600 евра).
Годинава, ова е петта по ред донација на Комерцијална банка за потребите на јавното здравство, со што вкупната помош од Банката за здравствените работници достигна 590.000 евра. Во услови на пандемија од невидени размери, Банката годинава го насочи фокусот на својата општествена одговорност во поддршка на јавното здравство и на образованието, како најпогодени од пандемијата.