Тренчевска: Ги повикувам општините да аплицираат на јавниот повик за развој на социјални услуги на локално ниво, кои се во интерес на сите граѓани
Тренчевска: Ги повикувам општините да аплицираат на јавниот повик за развој на социјални услуги на локално ниво, кои се во интерес на сите граѓани
Николовски на жетва на јачмен во светиниколско - Постигнавме висока откупна цена и очекуваме добар принос од 140 000 тони
Николовски на жетва на јачмен во светиниколско - Постигнавме висока откупна цена и очекуваме добар принос од 140 000 тони
Николовски на средба со Мрежа на земјоделски задруги по повод Меѓународниот ден на задругарството
Николовски на средба со Мрежа на земјоделски задруги по повод Меѓународниот ден на задругарството
7. ГОДИНА ПО РЕД – 100 БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
7. ГОДИНА ПО РЕД – 100 БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
Потпишани договори со ЕБОР за финансирање на изградбата на автопатот Скопје-Блаце и фотонапонските електрани Осломеј 2 и Битола
Потпишани договори со ЕБОР за финансирање на изградбата на автопатот Скопје-Блаце и фотонапонските електрани Осломеј 2 и Битола
(ВИДЕО) ПОЈАСНА ПОРАКА ОД ОВА ЗДРАВЈЕ: ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ, МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА ПЕТРОВСКА И АМЕРИКАНСКА АМБАСАДОРКА БРНЗ ДЕНЕСКА ЗАЕДНО НА НОСАЧОТ НА АВИОНИ НА НУКЛЕАРЕН ПОГОН, ХАРИ ТРУМАН
(ВИДЕО) ПОЈАСНА ПОРАКА ОД ОВА ЗДРАВЈЕ: ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ, МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА ПЕТРОВСКА И АМЕРИКАНСКА АМБАСАДОРКА БРНЗ ДЕНЕСКА ЗАЕДНО НА НОСАЧОТ НА АВИОНИ НА НУКЛЕАРЕН ПОГОН, ХАРИ ТРУМАН
Приведен криминалец од струмичко, пронајдени вредни археолошки предмети
Приведен криминалец од струмичко, пронајдени вредни археолошки предмети
Откажан концертот на ,,Whitesnake” во Скопје!
Откажан концертот на ,,Whitesnake” во Скопје!

ПОЛА ДРЖАВА БИЛА НЕГОВА И НА БЕГАЛЕЦОТ ВО БУДИМПЕШТА: Заврши истрагата за „Империја“, замрзнат имот на Мијалков низ целата држава

Заврши истрагата за случајот „Империја“, отворена од поранешното СЈО, потврдуваат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за „Фокус“. Сега до осомничените, меѓу кои се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и бизнисменот Орце Камчев, ќе бидат доставени решенија за завршена истрага, а тие ќе имаат рок од 15 дена да достават свои докази до Обвинителството.

-​Во врска со предметот „Империја“ ве известуваме дека истрагата е завршена, во наредните денови ќе бидат доставени известувањата за нејзино завршување до осомничените и одбраната. Следи законски предвидениот рок од 15 дена во кој одбраната има право да изврши увид во прибраните докази и да предложи свои докази. По завршување на овие процесни дејствија ќе биде донесена јавнообвинителска одлука, ни одговорија од Обвинителството.

Пред четири дена од Обвинителството информираа дека заплениле имот поврзан со овој случај.

– удел на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје што го поседува во правното лице Хотел Гранд М ДООЕЛ Скопје
– удел на физичко лице од 67,5% што го поседува во правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје
– удел – основачки влог од 32,5% што го поседува правното лице – Друштвото за градежништво, трговија и услуги БЕСТ ВЕЈ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје во правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје;
– недвижен имот евидентиран на правното лице – Друштво за трговија и услуги БИЗНИС ПРОПЕРТИ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје во вредност од 58.282.500,00 денари согласно книговодствената вредност и тоа апартмани со вкупна површина од 720 м2 и гаражи со вкупна површина од 92 м2.
– хартии од вредност (7213 акции) што правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ЕКСИКО ДООЕЛ Скопје, ги поседува во Стопанска Банка А.Д. Битола по номинална вредност од 3.000,00 денари по акција или во вкупна вредност од 21.639.000,00 денари и
– недвижниот имот – деловен простор во градба лоциран на Плоштад Македонија и евидентиран во лист за предбележување издаден на носителот на правото на сопственост Друштво за производство, трговија и услуги СИС ИНВЕСТ ГРУП ДООЕЛ Скопје во површина од 566,41 м2 во вредност од 1.699.241 евра.

Како што дознаваме заплената продолжила и во наредните денови, при што е запленет имот за кој обвинителството тврди дека е во сопственост на Мијалков.

Овој случај го води обвинителката Лиле Стефанова, а додека предметот беше во СЈО, „Фокус“ објави детали за истрагата, која беше во напредна фаза. Тогаш, по само три месеци истрага, од СЈО открија дека имаат голем број на материјални докази, неколку сведоци, легално прислушувни разговори на дел од осомничените, со кои ја разоткриваат криминалната шема, а со која наводно осомничените, меѓу кои Орце Камчев и Сашо Мијалков, переле пари, на штета на државата, а во корист на сопственото банкарско салдо. Дотогаш сомнежот беше дека се „испрани“ или злоупотребени околу 10 милиони евра.

Во центарот на вниманието на истражителите од СЈО тогаш беа петнаесетина македонски фирми, кои се основани или се во сопственост на странски компании, а регистрирани на адреси на Сејшели, Панама, на Британските Девствени Острови, Белизе и на други локации во САД. Низ нив, наводно, се свртеле милиони.

Инспирацијата за овој случај, пак, обвинителството ја црпеше од Влатко Мијалков, брат на поранешниот директор на УБК, Мијалков. Односно слушајќи ги неговите телефонски разговори во „бомбите“, каде што самиот имал статус на таргет, но и останатите таргети, како Ана Камчева, Миле Јанакиески и Оливера Трајковска, а додека зборувале со Орце Камчев, Кристина Камчева, Ненад Јосифовиќ и други соговорници.

Освен Камчев и Мијалков, во овој случај осомничени беа и Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

ИЗВОР ФОКУС.МК

loading...

go88 âu

sunwin pro plus