Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски е позитивен на коронавирусот и е примен на лекување на Инфективната клиника во Скопје.
Информацијата ја потврдиле од Министерството за здравство, објави Телма. Тој учествувал на вчерашната он лајн седница на Владата.
Завршени се епидемиолошките анкети на министерот за внатрешни Оливер Спасовски и само еден член од семејството ќе оди во самоизолација.
Другите кои изминатиов период имале контакт со Спасовски, епидемиолозите оцениле дека нема висок ризик да се заразат.
Медиумите јавија дека позитивен на корона е и советникот за комуникации на премиерот, Марјан Забрчанец.