БРАВО, БРАВО, БРАВО - КЕЈОТ 13 НОЕМВРИ ПОВТОРНО НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ НА СКОПЈЕ, РЕКОНСТУРИРАН, ПОУБАВ И ПОШИРОК
БРАВО, БРАВО, БРАВО - КЕЈОТ 13 НОЕМВРИ ПОВТОРНО НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ НА СКОПЈЕ, РЕКОНСТУРИРАН, ПОУБАВ И ПОШИРОК
Се враќаат жештините, повторно температури до 40 степени
Се враќаат жештините, повторно температури до 40 степени
Заев: Не можеме утре да ги внесеме Бугарите во Уставот
Заев: Не можеме утре да ги внесеме Бугарите во Уставот
Зибери: Воспитно-поправниот дом за малолетници не си ја извршува функцијата
Зибери: Воспитно-поправниот дом за малолетници не си ја извршува функцијата
ВМРО-Народна: Отворените изборни листи ќе ги збришат сите мали политички партии
ВМРО-Народна: Отворените изборни листи ќе ги збришат сите мали политички партии
Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска на средба со претставниците од „Дневен центар Доза среќа“
Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска на средба со претставниците од „Дневен центар Доза среќа“
Вицепремиеорот Битиќи за порталот Фактор: Прераснуваме во економија на можности, на старт-апи, во земја на иновации!
Вицепремиеорот Битиќи за порталот Фактор: Прераснуваме во економија на можности, на старт-апи, во земја на иновации!
ШИЛЕГОВ И ДЕЛЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌИЊА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ
ШИЛЕГОВ И ДЕЛЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌИЊА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ

ПОЛИЦИЈАТА НЕ СМЕЕ ДА ТЕПА, НО НЕ СМЕЕ НИ ДА СЕ ВОЗИ ПИЈАН, ПОРАКА ОД ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ ВО БИТОЛА

ПОЛИЦИЈАТА НЕ СМЕЕ ДА ТЕПА, НО НЕ СМЕЕ НИ ДА СЕ ВОЗИ ПИЈАН, ПОРАКА ОД ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ ВО БИТОЛА Учесниците на протестот побараа да запре дискриминацијата врз ромското население.(Фото: СДК.МК)

Со транспаренти „Не за насилство, не за поделби“ и извици „Сакаме правда за Ромите“, денес во Битола се одржа протестот против полициската бруталност. Ромите протестираа во близина на Главната пошта, токму на местото каде минатиот викенд полицаец истепа битолчанец од ромска етничка припадност откако тој претходно во пијана состојба удри со возилото во електричен столб.

„Ние бевме во кафана и бевме поднапиени и со возило удривме во бандера. Сообраќајката ја признаваме, но немавме никаква помош од полицијата, да видат дали сме здрави, живи. Ние излеговме од возило да видиме што е работата, а тие почнаа да маваат со тупаници, предмети. Во шок сме. На 52 години сум, а немам ни една пријава ни за кражба, ни за друго дело“, рече Сафет Велиоски, еден од Ромите кои беше тепан.

Учесниците на протестот побараа да запре дискриминацијата врз ромското население.

„Ние бевме во кафана и бевме поднапиени и со возило удривме во бандера. Сообраќајката ја признаваме, но немавме никаква помош од полицијата, да видат дали сме здрави, живи. Ние излеговме од возило да видиме што е работата, а тие почнаа да маваат со тупаници, предмети. Во шок сме. На 52 години сум, а немам ни една пријава ни за кражба, ни за друго дело“, рече Сафет Велиоски, еден од Ромите кои беше тепан. (Фото: СДК.МК)

„Битола е град ширум светот познат по неговата дипломатија, култура, град на филмот, но и град каде најповеќе дискриминацијата ја чувствуваме од сите градови во нашата земја. Апелираме да запре дискриминацијата од полицијата и сите институции. Претходно имавме судски постапки кои ги добивме, а ни беше забранувано влегување во базени, издавање на ресторани за одржување семејни веселби, влегување во кафулиња“, рече Рамадан Рустемов од „Ромско јато“.

НВО активистката Фатма Бајрам-Аземовска од „Сумнал“ кажа дека треба да запрат нападите и врз Ромите и врз полицијата. Таа исткна дека тие не се против полицијата, туку против „определени фраерчиња“ кои ја злоупотребиле моќта.

„Како што имаме права така имаме и обврски и ве повикувам во следниот период да не дозволиме да возиме во пијана состојба, зашто сите ние можевме да излеземе таа вечер и моето дете можеше да биде повредено. Ве молам, во иднина да ги почитуваме прописите, но од друга страна полицијата не смее да тепа, треба да ги почитува сите постапки и институции кои што постојат“, рече Бајрам-Аземовска.

Деца им подарија цвеќиња на полицајците кои го обезбедуваа протестот, а Ремзи Медик од „Баирска светлина“ рече дека тоа е гест со кој испраќаат знак на помирување, но и апел да не се случуваат повеќе вакви работи.

МВР уште вчера поднесе кривична пријава против П. Г. полицаец во СВР Битола, за кривично дело малтретирање во вршење на службата. Против полицаецот П. Г. и неговиот колега К. Г. се покренати и постапки за дисциплинска одговорност и суспензија од работното место. К. Г. е суспендиран оти бил присутен на тепањето и не презел никакви мерки за спречување на насилството против битолчанецот.

За среда во Битола е најавен и протест против насилство врз полицијата.

ИЗВОР: СДК.МК

loading...

AnimeTV demon slayer animetv: Kimetsu no Yaiba: Yuukaku-hen (https://animetv.cc/m/ZpjP) Episode Preview

ANIMEFLIX animeflix initial d: So I'm a Spider, So What? (https://animeflix.nl/m/q5vK) Episode 13