СДСМ СКОПЈЕ КОНТРА АРСОВСКА: НИЕ ИНВЕСТИРАМЕ ВО ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ, А НЕ ВО ЛУКСУЗНИ КАНЦЕЛАРИИ КАКО ТИЕ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА НА ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ СКОПЈЕ КОНТРА АРСОВСКА: НИЕ ИНВЕСТИРАМЕ ВО ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ, А НЕ ВО ЛУКСУЗНИ КАНЦЕЛАРИИ КАКО ТИЕ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА НА ВМРО-ДПМНЕ
ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: ОСТАНУВАМЕ ВО КОАЛИЦИЈА СО СДСМ, ГИ ПОВИКУВАМЕ НАШИТЕ ЧЛЕНОВИ ДА ГЛАСААТ ЗА КАНДИДАТИТЕ НА СДСМ ВО ОПШТИНИТЕ КАДЕ ИМА ВТОР КРУГ
ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: ОСТАНУВАМЕ ВО КОАЛИЦИЈА СО СДСМ, ГИ ПОВИКУВАМЕ НАШИТЕ ЧЛЕНОВИ ДА ГЛАСААТ ЗА КАНДИДАТИТЕ НА СДСМ ВО ОПШТИНИТЕ КАДЕ ИМА ВТОР КРУГ
Илиевски до Димитриевски: Зошто зборувате надворешна политика, а не зборувате за градинките, улиците, канализациите кои не ги изградивте?
Илиевски до Димитриевски: Зошто зборувате надворешна политика, а не зборувате за градинките, улиците, канализациите кои не ги изградивте?
ЉУПЧО ПОПЕВСКИ ПОПЕ - ДА ПОБЕДИ КАНДИДАТ НА ВМРО ДПМНЕ ПОСЛЕ ПРОЕКТОТ 2014-ТА Е АПСУРД НА АПСУРДИТЕ!
ЉУПЧО ПОПЕВСКИ ПОПЕ - ДА ПОБЕДИ КАНДИДАТ НА ВМРО ДПМНЕ ПОСЛЕ ПРОЕКТОТ 2014-ТА Е АПСУРД НА АПСУРДИТЕ!
ПРОФЕСОРКА МИРЈАНА МАЛЕСКА: ПЕТРЕ ЗАСЛУЖУВА ДА ПОБЕДИ ВО ВТОР КРУГ
ПРОФЕСОРКА МИРЈАНА МАЛЕСКА: ПЕТРЕ ЗАСЛУЖУВА ДА ПОБЕДИ ВО ВТОР КРУГ
Кондовски: Граѓаните заслужуваат прецизни информации, проекти, идеи!
Кондовски: Граѓаните заслужуваат прецизни информации, проекти, идеи!
Морачанин: Ана Петровска имаше намера да го дискредитира ДОМ како партија и не ѝ успеа
Морачанин: Ана Петровска имаше намера да го дискредитира ДОМ како партија и не ѝ успеа
Ахмети лобира за Петре Шилегов!
Ахмети лобира за Петре Шилегов!

ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ: СТОП ЗА НАПАДИТЕ ВРЗ ПОЛИЦИСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ!!!

Македонскиот полициски синдикат , како единствен реперезентативен синдикат во Министерството за внатрешни работи на РСМ , НАЈОСТРО го осудува вчерашниот настан , кога група на граѓани кои вршеле бесправна сеча на дрва , односно дрвокрадци ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници кај селото Степанци , во општина Чашка , при што со потешки телесни повреди се здобиле наши членови , односно полициски службеници !

Македонскиот полициски синдикат го известува своето членство и целокупната јавност во нашата држава , во континуитет работи и сериозно се залага на тоа да се документираат и да се профилираат сите напади врз полициските службеници при вршење на работните задачи и притоа да се идентификуваат евентуално системски недостатоци , во контекст на отстранување на недостатоци во системот на заштита на нашите колеги .
Цврсто сме решени да го интензивираме овој процес што бара постојана опсервација и ангажман , но исто така сме сигурни дека само така ќе овозможиме натамошно унапредување на позицијата на полицискиот службеник во делот на неговата лична безбедност и заштита на неговото здравје .

Трендот на напади врз полициски службеници само затоа што професионално си ги извршуваат работните обврски и задачи , спроведувајќи го законот , МОРА ДА ЗАПРЕ !

Сметаме , уверени сме и стоиме цврсто на ставот дека секој напад врз полициски службеник , односно било какво девијантно однесување кон , пред се – луѓето , кои секојдневно се грижат за безбедноста , редот и мирот во нашата држава , на индиректен начин претставува напад врз Република Северна Македионија !

Правосудните органи мора да започнат да ги процесуираат нападите врз полициските службеници во најбрз можен временски рок , притоа паралелно да се заостри казнената политика , со цел елиминирање на појавата на напади врз полициски службеници !

Како синдикат , сметаме дека ова е единствениот начин , за да бидеме сигурни , дека во случај на напад врз полициски службеник , институциите ќе реагираат брзо и ефикасно , за да сторителите бидат најстрого санкционирани .

Напоменуваме дека за сите наши активности , ќе бидат известени сите пријателски полициски синдикати од земјите на ЕУ , членки на Советот на Европските полициски синдикати во кои членуваат околу 250.000 полициски службеници , со барање истите будно да ја следат сосотојбата со појавата на напади врз полициски службеници во нашата земја , на активностите и правните исходи , од понатамошните одлуки на надлежните органи и институции .

Македонскиот полициски синдикат , секогаш ќе биде на страната на полицајците кои чесно , одговорно и професионално ги извршуваат своите работни обврски и задачи !
Само на тој начин ќе придонесеме граѓаните да ја прифатат полицијата како институција која е во служба на граѓаните . Професија која е главен столб и постулат во РСМ и ја гарантира државноста , безбедноста , сигурноста и истовремено – пријател и заштитник на граѓаните .

На крај , ги охрабруваме сите полициски службеници да ги пријават сите вербални или физички напади врз нив и да не потклекнуваат на било какви притисоци .

Ние како Македонски полициски синдикат ќе ги штитиме нашите членови со сите средства што ни стојат на располагање .
Македонскиот полициски синдикат во континуитет вложува труд и беспрекорен напор во заштитата на безбедноста по здравјето на нашите членови како и во унапредувањето на правата од социјален аспект на нашите членови , на заштита на ликот и дигнитетот на полицаецот и полициската професија и еснаф и нема никогаш , уште еднаш повторуваме , никогаш нема да дозволиме , дури и во вакви изолирани случаеви , сторителите на физички и вербален напад врз полициските службеници , да поминат без одговорност и соодветна казна !

Со почит
Македонски полициски синдикат
Преседател
Д-р Марјан Кицев

loading...

KissAnime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Website https://animekisa.in: Watch Attack on Titan: Since That Day animekisa Episode Full free anime

Fresh Precure! (https://animeflv.uk/m/2R6q) Episode 50

Baka to Test to Shoukanjuu: Spinout! Sore ga Bokura no Nichijou (https://animeflix.nl/m/Kkx8) Episode 6

My desktopnexus: https://my.desktopnexus.com/kissanimemx/journal/

Fr ulule: https://fr.ulule.com/animefreakws