ЦУК: ОПАСНА КАРПА НАД ЕЗЕРОТО МАТКА - АКТИВНОСТИ ЗА ОПШТЕСТВЕНО ДЕЈСТВУВАЊЕ И ПРЕВЕНЦИЈА
ЦУК: ОПАСНА КАРПА НАД ЕЗЕРОТО МАТКА - АКТИВНОСТИ ЗА ОПШТЕСТВЕНО ДЕЈСТВУВАЊЕ И ПРЕВЕНЦИЈА
Пленковиќ и се извини на Украина поради Милановиќ
Пленковиќ и се извини на Украина поради Милановиќ
Нова трагедија во семејството Филиповиќ: Мајката на Јелена била зад воланот во сообраќајката на мостот „Гоце Делчев“
Нова трагедија во семејството Филиповиќ: Мајката на Јелена била зад воланот во сообраќајката на мостот „Гоце Делчев“
Тренчевска: Граѓаните се на прво место, достапноста и ефикасноста на стручните лица се значајни во испораката на правата и услугите кон нив​
Тренчевска: Граѓаните се на прво место, достапноста и ефикасноста на стручните лица се значајни во испораката на правата и услугите кон нив​
Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев, починал на лице место
Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев, починал на лице место
Возачот на автобусот на „Беса Транс“ е виновен за несреќата со 45 загинати, заврши истрагата
Возачот на автобусот на „Беса Транс“ е виновен за несреќата со 45 загинати, заврши истрагата
ХРВАТСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ТОТАЛНО ОДЛЕПИ - Милановиќ: Ќе ги повлечам сите војници од Украина, тоа нема никаква врска со Украина, туку со политиката на Бајден
ХРВАТСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ТОТАЛНО ОДЛЕПИ - Милановиќ: Ќе ги повлечам сите војници од Украина, тоа нема никаква врска со Украина, туку со политиката на Бајден
Австралија ќе помогне, ако во Европа дојде до недостиг на рускиот гас
Австралија ќе помогне, ако во Европа дојде до недостиг на рускиот гас

ПОЛИТИЧКОТО ЧУДО ЗОРАН ЗАЕВ: Струмичкиот концепт е засега непобедлив!

Зоран Заев е нетипичен социјалдемократски политичар. Најчесто, во перцепцијата на македонските граѓани важело правилото дека СДСМ е „салонска, елитистичка, надмена, партија на олигархијата“, но и дека социјалдемократите многу лесно ја губеле власта, заради внатрепартиските интриги, сплетки, мешетарења, или „византиски игри“, како што своевремено во своите колумни ги нарекуваше внатрешните состојби во партијата, поранешниот премиер, нејзин лидер, а сегашен специјален претставник во односите со Бугарија, Владо Бучковски.

Струмичкиот концепт е засега непобедлив!

По преземањето на тронот во 2013-тата година, заедно со Радмила Шекеринска, Заев влезе во брутална пресметка со т.н режим на Никола Груевски, и го сруши истиот, преку Шарената револуција, објавувањето на „бомбите“, но за волја на вистината и со голема помош на „меѓународната заедница“ (при формирањето на новата влада со ДУИ). По „настаните“ , од 27 април, каде што ја стави главата во торба, за да го избутка процесот на преземање на власта, поранешниот децениски струмички градоначалник ја оствари најголемата победа на едни локални избори (2017-та) за СДСМ, освојувајќи преку 55 општини, сведувајќи ги конкурентите од ВМРО-ДПМНЕ, на само 5, односно нешто слично, како што социјалдемократите доживуваа години на ред, кога беа во тешка опозиција. И што е најзапрепастувачки, истиот тој Заев, ја задржа власта и по неговото три и пол годишно владеење, по парламентарните избори на 15 јули, минатата година, во мандат кога се случи промена на уставното име за севкупна употреба, мега аферата „Рекет“, и пропаста на Специјалното јавно обвинителство. Оваа политичка жилавост, непобедливост, издржливост, и практицирање на власта, водачот на „Македонски Концепт“, Петар Богојески, ја нарекува „струмички концепт“, алудирајќи дека Зоран Заев е многу „тврд орев“, за кршење во македонската политика, и дека со политиката на актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, речиси е невозможно да се порази. Укажувајќи дека, што во зенитот на моќта на владеењето на Груевизмот, Струмица и понатаму на локално ниво останала бастион на социјалдемократите, неосвоена локална тврдина, или што би рекол факултетски колега- струмичанец: „јас живеам во Зајечар“, потенцирајќи дека „битката за Струмица на локалните избори во 2013-та е битка за Сталинград“, со алузии на важноста на „падот на Заев“. Не само што актуелниот премиер на „падна“, туку таа победа му беше пресвртница во политичката кариера, му обезбеди сигурна победа на конгресот во СДСМ, преземање на партијата, елиминирање или маргинализирање на т.н „Бранковистичко крило“, зацврстување на својот „струмички концепт“ во СДСМ на национално ниво, но и во сите општински организации на партијата низ Републиката.

„Кланот Заеви“, целосно ќе ја преземе СДСМ во свои раце?!

Познавачите на состојбите во левицата, но и злобниците велат дека со „демократскиот“ конгрес напролет, кога за прв пат социјалдемократски лидер ќе се бира од членството, а не од партиските делегати, е само алиби за целосното преземање на партијата, и ставање на истата под своја капа, односно „приватизација“ на СДСМ од страна на „кланот Заеви“. Поистоветувањето на Вице Заев (братот на Заев), со озлогласениот поранешен прв човек на ДБК Сашо Мијалков, прв братучед на пребеганиот екс премиер Груевски, е алузија дека Заев тргнал по стапките на претходниците во „заробување на државата“. Исто така, расчистувањето на кадрите од „Шарената револуција“, но и кадрите на „железната“ и вечната Радмила Шекеринска (Манчевски, Лидија Димова), со јамп во најава за политичка „елиминација“ на градскиот татко Петре Шилегов, но и некои актуелни градоначалници на поголеми општини е доказ дека Заев смета на дополнителен стаж и во иднина како прв човек на „Бихаќка“. Доколку успее да обезбеди победа и на претстојните локални избори, забетонираната иднина на Заев, како „пали-гаси“ во СДСМ, ќе му овозможи и лидерски пост, можеби подолг од тој на „таткото“ на социјалдемократите Бранко Црвенковски. На тој фон, „Бранкојавлението“, за замрзнување на членството на Папата, побарано поради контроверзното интервју на Заев за агенцијата БГнес, и беневолентниот официјален став од неговата партија кон овој „потрес“, е аргумент дека Заев решил уште долги години да се занимава активно со политика. Што му преостанува на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, доколку сака да го порази Заев, неговата политика, или т.н „струмички концепт“?! Ништо особено, освен да ја смени дијаметрално спротивно досегашната политика која ја води, и која не даде резултат на три последователни изборни циклуси ( локални, претседателски, парламентарни), дури и стратегијата за бојкотирање на референдумот за промена на уставното име. Заев се што намисли, го реализираше , поразувајќи го Груевски, и неговото зацементирано владеење, за кое и еден Црвенковски не најде „лек“. Несомнено еден ден, Заев ќе „падне од власт“, како што биле поразени и неговите претходници, но и неминовно ќе замине во политичка пензија. Сепак, на хоризонтот, не се гледа некој, кој сериозно може да ја загрози комотната позиција на владеење на Заев, да предизвика брзи предвремени парламентарни избори, и да го прегази како „шлепер-жаба“. Барем не во наредните три и пол години.

Благојче Атанасовски – политиколог

ИЗВОР: ФАКТОР.МК

loading...

https://aniwatch1.com/. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

ani watch Horimiya

Seirei Gensouki: Spirit Chronicles

JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub) Episode 34

Bleach (Dub) Episode 357

My Hero Academia Episode 13