Пронајдена дрога, приведени тројца дилери во Битола, Приведен гостиварец по распишана централна потерница
Пронајдена дрога, приведени тројца дилери во Битола, Приведен гостиварец по распишана централна потерница
Сметките за струја ќе пораснат, ЕСМ понуди повисока цена
Сметките за струја ќе пораснат, ЕСМ понуди повисока цена
Парадата на гордоста во Скопје ќе започне со пристигнување на учесниците од 17:00 до 19:00 часот во паркот „Жена-борец“ (спроти Собрание на РСМ), потоа ќе има марш по улиците и концерт на стадионот на АРМ
Парадата на гордоста во Скопје ќе започне со пристигнување на учесниците од 17:00 до 19:00 часот во паркот „Жена-борец“ (спроти Собрание на РСМ), потоа ќе има марш по улиците и концерт на стадионот на АРМ
ВОЗИМЕ КАКО МАНИЈАЦИ - МВР: 292 санкции за возачи што возеле пребрзо, 168 сообраќајни прекршоци во Скопје: 49 за пребрзо возење
ВОЗИМЕ КАКО МАНИЈАЦИ - МВР: 292 санкции за возачи што возеле пребрзо, 168 сообраќајни прекршоци во Скопје: 49 за пребрзо возење
Бугарските барања се напад на македонската нација, смета Фуере
Бугарските барања се напад на македонската нација, смета Фуере
Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25-те јазици на ЕУ
Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25-те јазици на ЕУ
Двајца загинати и 19 повредени во пукање во ноќен клуб во Осло
Двајца загинати и 19 повредени во пукање во ноќен клуб во Осло
КАЕВСКИ: Доста беа лаги од Мицкоски, да се извини и да ги поддржи државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Доста беа лаги од Мицкоски, да се извини и да ги поддржи државните позиции со Бугарија

ПОПОВСКИ: Најголемата штета што може себеси да си ја направи ВМРО-ДПМНЕ е да молчи по овој ужасен удар од Америка за партијата

Како во холивудски филм, што би рекол Никола Груевски

Во еден од своите неброени постови испратени на Фејсбук за случајот „Плацеви на Водно“, во кој го обвини својот поранешен кум Ристо Новачевски дека „срамно лаже“, Никола Груевски се обидува да поентира со овие зборови: „Невидена игра, како во холивудски филм. Но во тие филмови секогаш победува правдата и вистината“.

И навистина, како во холивудски филм, неделава стигна пораката од американската администрација дека Груевски и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, се ставени на црната листа на САД поради вмешаност во голема корупција. „Во неговото службено својство на премиер, Груевски беше вмешан во коруптивни дејствија, меѓу кои користење на своето политичко влијание и официјалната моќ за лична корист. Постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и прима мито, a за возврат да одобрува владини договори, за незаконско присвојување на јавни средства и за мешање во изборните процеси за своја политички полза и за полза на неговата партија“, стои во образложението на Стејт депратментот.

Во дополнителните санкции на американското министерство за финансии се наведува дека Груевски константно ја избегнува правдата – што преставува сериозно назадување во утврдувањето на одговорноста за корупција. Министерството наведува дека Груевски е сопственик на компанијата И.Ц.И.Ц. КФТ регистрирана лани во Унгарија. И неговата унгарска компанија е ставена на листата за санкции, така што тешко ќе може да работи и да прави финансиски трансакции не само во САД, туку и генерално во меѓународниот финансиски систем.

Нашите колеги од Унгарија ни велат дека за фирмата на Груевски засега нема никакви јавни податоци и дека досега нема објавено финансиски извештај за минатата година – дали воопшто преку неа се извршувале некакви трансакции

Тоа се настаните што предизвикаа политички земјотрес во Македонија. Чии темели ќе ги тресе овој земјотрес е работа за која допрва ќе дознаваме. Има многу прашања што произлегуваат од овој потег на Стејт департментот: што работел Груевски во последно време ако тој, како што вели Вашингтон, ги загрозува мирот и стабилноста на Балканот; дали тој нешто подготвувал во Будимпешта и имал токсично влијание врз настаните во Македонија; каква улога во тоа имала фирмата на Груевски, дали преку неа се прелевале пари за финансирање на неговата политика овде; дали е тоа предупредување за Виктор Орбан и Милорад Додик? И најпосле, а веројатно и најважно, како тоа ќе се рефлектира врз осоколеното по победата на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ.

Молчењето е најголема штета

Најголемата штета што може себеси да си ја направи ВМРО-ДПМНЕ е да молчи по овој ужасен удар од Америка за партијата. Оние објаснувања дека во владината коалиција имало двајца луѓе што се на црната листа – Љубе Бошкоски (поради конфликот од 2001) и Мендух Тачи, се примитивни детски играчки. Ако човекот, кој за многу вмровци и натаму е неприкосновен лидер на партијата (а Христијан Мицкоски само многугодишен чувар на вмровската плажа), е оквалификуван од САД како закана за безбедноста на целиот регион поради неговата голема корупција (врз основа на ланската извршна наредба на претседателот Џо Бајден) тогаш каква би била иднината на оваа политичка структура. Ако и понатаму останат амбивалентни или недоветни во однос на американскиот потег, вмровските партиски елити сами ќе ја шутнат топката во сдсмовскиот двор откако од октомври весело си ја додаваат меѓу себе.

Што да се прави? – тоа е веројатно прашањето што би требало најмногу да го мачи Христијан Мицкоски. Егзалтацијата од изборната победа на Орбан додека седеше во изборниот штаб на Фидес изгледа како далечно и матно минато. Од неговите одлуки веројатно ќе зависи развојот на политичката сцена наредните месеци. А одлука мора да се донесе, затоа што ова е „како во холивудски филм“, што би рекол Груевски, чиј крај се доближува, а не бесконечна турска серија од 500 епизоди. Во основа, Мицкоски има повеќе добри одлуки што му стојат на располагање, само прашање е дали ќе сака да ги донесе или заради распоредот на силите во вмровскиот врв ќе може да ги искористи. (Не треба да се заборави, вториот човек на партијата, Алекссандар Николоски, беше со Груевски во Виена на крвавиот 27 април, а тој е и главната врска со властите во Будимпешта.)

Овие добри можности, сепак, не е лесно да се искористат. Мицкоски многупати досега изјавува дека е најдобро Груевски да се врати во земјава и да го отслужи она за што е осуден, што повеќе лични на флоскула отколку на искрено кажана желба. Доколку тој се изјасни јасно и гласно дека ставањето на Груевски на црната листа на САД претставува штета за неговата партија и дека е потребно јавно дистанцирање од човекот кого Вашингтон го обвинува за голема корупција и за загрозување на безбедноста во регионот, тој ќе фрли една голема краста од себе. Без оглед што Груевски беше тој што го постави на чело на партијата. Со тој потег Мицкоски можеби ќе отуѓи значаен дел од радикално-националистичкото вмровско гласачко тело, но ќе задржи важен сегмент од оние колебливи гласачи кои ѝ ја подарија довербата на неговата партија на локалните избори. А може и да го прошири корпусот на гласачите кои повеќе се наклонети кон центарот.

Доколку не го направи тоа може да ја доведе својата партија на дополнително оддалечување од клучниот македонски партнер во меѓународната политика – Америка, затоа што во Вашингтон може да бидат заверени со печат проценките дека Мицкоски не се дистанцира од човекот бвинет за голема корупција и за загрозување на безбедноста во Западен Балкан. Шансите за маневрирање тогаш ќе бидат прилично ограничени. Тогаш, навистина, неговите политички амбиции може да завршат како во холивудски филм. Само прашање е која „правда и вистина ќе победи“ на крајот.

Во проценките за тоа каков чекор да се преземе додека не е доцна, вмровскиот труст на мозоци треба да погледне малку подалеку. И да види што се случува, на пример, во Србија. Неколку дена пред изборите во Белград како нов амбасадор на САД пристигна неверојатно искусниот Кристофер Хил, човекот кој треба да помогне за поставување на новата политичка сцена не само во Србија, туку и во регионот. Србија два пати гласаше против Русија во Обединетите нации. Вториот пат тоа беше за исфрлање на Русија од Советот за човекови права на ОН. На почетокот на неделава српскиот амбасадор во САД, Марко Ѓуриќ, се сретна со американскиот претседател Бајден во Белата куќа. Средбата била куса, но е исклучително важна затоа што ретко кој амбасадор добива можност да биде примен од претседателот на САД. Особено не од една мала земја. САД отвораат нов канал за соработка со Србија кој треба да го амортизира руското влијание во Белград.

Други времиња

Погледајте што се случува по изборите во Србија. Како што пишува извонредната Весна Пешиќ, постизборните настани ги засенија самите избори. „Од затворањето на гласачките места и јавното обраќање на главните актери, почна да се појавува сосема нова реалност. Претседателот не ја спомна Социјалистичката партија на Србија (СПС) како можен коалициски партнер (подоцна дознавме дека Ивица Дачиќ залудно му се јавувал дури 12 пати), а констатираше дека Србија се свртела в десно поради војната во Украина“. Во Србија претстои рекомпонирање на политичката сцена, за премиерката Ана Брнабиќ веќе зборуваат во минато време, главниот проруски јастреб Александар Вулин наводно ќе бил испратен за амбасадор во Кина. На прославата на победата на Вучиќ на бината немаше никој од главните луѓе во владата.

Сосем веројатно дека во новата влада ќе има нови личности, а веќе изгледа како реалност што се гледа на хоризонтот дека во неа ќе биде „заколнатиот непријател“ на напредњаците, Драган Ѓилас. „Војната во Украина радикално смени важен фактор во српската внатрешна политика, а тоа е надворешниот фактор. Седење на повеќе столчиња веќе не е можно и на Србија ѝ е потребна нова влада, која ќе биде прифатлива за третиот коалициски партнер, кој слета во Белград ден пред изборите“, вели Пешиќ, мислејќи на Кристофер Хил. Вучиќ сака да се дистанцира од крајно десничарските и жестоко националистичките партии кои се пробија во собранието за да не биде нивен заложник и сосем е веројатно дека во новата влада ќе влезе партијата на Ѓилас. Изразито прорускиот човек, Ивица Дачиќ, по многу години ќе остане надвор од власта. Тоа е тој „холивудски филм“, кој нема воопшто да му се допадне на еден друг човек од црната листа – Милорад Додик. А многу сигурно не и на Виктор Орбан.

Доколку ова не може да го види Христијан Мицкоски, или го гледа а не го виѓава, тогаш има проблем со политичките анализи. Или е голем политички опортунист, кој сакајќи да не го вознемири вмровското членство или „кралот во егзил“ во Будимпешта самиот ќе стави камен околу појасот на своите политички амбиции. Ова не е само прашање за ВМРО-ДПМНЕ, туку и образец на нормализирање на политичката сцена во Македонија. Мицкоски во тоа има посебна улога. За него дојде време да направи вистински одважен чекор, а не постојано да се аклиматизира на патриотско националистичкото крило во партијата и меѓу гласачите. Кога играш гамбит можеш да добиеш многу. Затоа што војната во Украина навистина промени екстремно многу работи. Па така и односот кон Никола Груевски.

Љупчо Поповски

Извор: дв

loading...

go88 phiên bản mới nhất

sunwin của ai sunwin ân SUNWIN - NHÀ CÁI UY TÍN ĐÔNG NGƯỜI CHƠI NHẤT 2022