ЛДП се шири со нови општински организации. Вечерва во хотел Сириус, се одржа основачко Собрание на општинската организација на ЛДП - Василево
ЛДП се шири со нови општински организации. Вечерва во хотел Сириус, се одржа основачко Собрание на општинската организација на ЛДП - Василево
Комерцијална банка и East Gate Mall - заедно за нова радост! Подари 1.000, 2.000, 3.000, 4.000 или 5.000 денари во вид на подарок-картичка и израдувај ги оние што најмногу ти значат
Комерцијална банка и East Gate Mall - заедно за нова радост! Подари 1.000, 2.000, 3.000, 4.000 или 5.000 денари во вид на подарок-картичка и израдувај ги оние што најмногу ти значат
АНАСТАСОВ: УЛИЦИТЕ ВО ПРОБИШТИП СЕ ЧИСТАТ И ПОСОЛУВААТ РЕДОВНО, СЕПАК ДА СЕ ВОЗИ ВНИМАТЕЛНО
АНАСТАСОВ: УЛИЦИТЕ ВО ПРОБИШТИП СЕ ЧИСТАТ И ПОСОЛУВААТ РЕДОВНО, СЕПАК ДА СЕ ВОЗИ ВНИМАТЕЛНО
Демократски сојуз: ВМРО-ДПМНЕ, продолжува со монструозни конструкции и обвинувања
Демократски сојуз: ВМРО-ДПМНЕ, продолжува со монструозни конструкции и обвинувања
(ВИДЕО) Ковачевски: Ги унапредуваме работничките права, секој има право на одмор и неделата да ја помине со семејството
(ВИДЕО) Ковачевски: Ги унапредуваме работничките права, секој има право на одмор и неделата да ја помине со семејството
Интервју со Маја Морачанин: Нападите на ВМРО-ДПМНЕ предизвикаа револт и отпор кај нас
Интервју со Маја Морачанин: Нападите на ВМРО-ДПМНЕ предизвикаа револт и отпор кај нас
Петровска: Северна Македонија во целост го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина
Петровска: Северна Македонија во целост го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина
Пецаков по стапките на Мицкоски, не почитува закони и протоколи и го загрозува здравјето на граѓаните во време на пандемија
Пецаков по стапките на Мицкоски, не почитува закони и протоколи и го загрозува здравјето на граѓаните во време на пандемија

Порака до бизнисот од искусниот Азески: Без оглед колку е долга ноќта, денот сигурно ќе дојде

Ноќта дојде порано од што очекувавме. Како да се наоѓаме во епицентарот на еден триаголник во кој имаме економска, здравствена, па и општа криза која долго се провлекува, од 2008 година наваму. Анкетите конечно покажаа дека секому му е јасно оти кризата ќе потрае подолго и дека спасувањето на човековите животи мора да биде приоритетна цел. Иако навикнати на дејствување во кризни ситуации, во моментов непредвидливоста е толку силно изразена што надежта е доведена под знак прашање.

Светот полека, но сигурно влегува во зоните на општите опасности и затоа решенијата мора да се бараат навреме, а еден од клучните фактори што може да го трасираат тој пат мора да е реалниот сектор, затоа што со многу примери покажал дека нудел вистински решенија. Но за да се врати надежта, а особено кај оние кои се врзани за бизнисот, најпотребни се РЕШЕНИЈА. Само РЕШЕНИЈА, кои мора да се брзи, одлучни и засновани на реални проценки.

Додека не изгрее денот, да ги оставиме настрана сите расправии „истресени од ракав“, да заборавиме на неплодните дискусии за историјата и да ги промениме уништувачките изрази „јас знам сé“, „кој е тој да ми кажува“, „јас одамна реков“, кои само ќе придонесат да платиме висока цена во кризата. Реалниот сектор во овој момент бара да биде клучен фактор во изнаоѓањето излезни решенија, а по кризата, ако навистина таа не се претвори во секојдневие, ќе се врати на својата реална позиција – да биде еден од факторите што учествуваат во креирањето на економските политики.

Примери има безброј. Да не ги продадевме туристичките капацитети што ги наследивме од поранешната држава, денес тие ќе претставуваа вистински консумент и промотор на земјоделско-прехранбениот сектор. Да ги поддржaвме домашните синџири на супермаркети („Тинекс“, „КАМ“, „Кит-Го“, „Стокомак“, „Жито“, „Кипер“, „Рептил“…) да се прошират во соседните земји, исто така ќе отворевме нови пазари за земјоделско-прехранбениот сектор. Имавме и примери. „Фершпед“ на крајот на 90-тите г. од минатиот век, со изградбата и со купувањето на хотелите во Скопје, Охрид и во Маврово и со влегувањето во сопственичката структура на „Европа“ и на „Сковин“, покажа каде треба да одиме. Тоа го покажаа и нашите истакнати бизнисмени и познати коморски активисти Минчо Јорданов и Светозар Јаневски, правејќи спој меѓу овие два сектора, кои се сериозен потенцијал за создавање новододадена вредност.

Стопанската комора на Македонија неслучајно во средина на кризата, на крајот на септември, одржа голема конференција за позицијата на туризмот и угостителството по кризата КОВИД 19, а за земјоделско-прехранбениот сектор тоа ќе го направи во среда. Има уште многу примери кога бизнисот беше резервиран спрема одредени инфраструктурни проекти (пругата кон Бугарија, ревитализацијата на централната пруга Србија-Грција, влегувањето во сопственичката структура на солунското пристаниште итн. итн.).

Значи, бизнисот бара решенија, а не дискусии, и бара многу поголемо учество во донесувањето на тие решенија отколку досега. Ние како нивни претставници ќе направиме сѐ да го овозможиме тоа.

loading...

AnimeFreak - Watch Anime Online for Free. Subbed & Dubbed. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

Naruto (Dub)

anime websites AnimeFreak Hunter x Hunter (2011) (Dub)

AnimeFreak Boruto: Naruto Next Generations

watch anime Kiss x Sis (TV)

old animefreak AnimeFreak Dragon Ball Super (Dub)