Станува збор за Јоханес Хајдекер, поранешен советник на долгогодишната германска канцеларка, кој во 2021 година му стана советник на Заев, а, според извори на Фокус, останува и во кабинетот на Ковачевски.
Јоханес Хајдекер, поранешен советник на долгогодишната германска канцеларка Ангела Меркел, е и на новата листа со 15 надворешни советници на македонскиот премиер Димитар Ковачевски, дознава Фокус.
Инаку, тој стана надворешен советник за зајакнување на капацитетот на економскиот тим на премиерскиот кабинет во 2021 година, кога премиер беше Зоран Заев, а сега ќе продолжи и со Ковачевски.
Покрај него, Владата ќе прима совети од уште еден Германец – Валтер Дефа, кој е номиниран од Канцеларијата на германскиот канцелар.
За разлика од Хајдекер, Дефа привремено доаѓа во земјава и не е на платен список на македонската Влада.
Завршен е процесот за избор на нови надворешни советници на премиерот Димитар Ковачевски, дознава Фокус од високи владини извори, кои откриваат дека на советничката листа има 15 советници.
На неа се наоѓаат неколку стари имиња, како Едмонд Адеми (надворешни работи), Исмет Рамадани (евроатлански вредности), Нина Фити (финансии), Драган Василевски (одбрана)…
Исто така, на списокот останува и поранешниот шеф на тајната полиција Зоран Верушевски, кој му беше советник за национална безбеднсот на Зоран Заев, а сега продолжува на истата позиција и кај Ковачевски.
На новата листа има и нови имиња, меѓу кои е деканот на Економскиот факултет Предраг Трпески, кој ќе биде советник за економија.
Уште еден професор од скопскиот економски факултет, Ванчо Узунов, кој е и поранешен потпретседател на СДСМ, ќе биде советник за Берлински процес.
Професорот на Факултетот за електротехничка и информациски технологии, Антон Чаушески, пак, ќе биде советник за енергетика.
Понатаму, за рационализација и оптимизација на процеси, советник ќе биде познатиот банкар Глигор Бишев, кој моментално е генерален директор на Шпаркесе банка.
На списокот се и Ана Данева-Маркова (здравство), Спасе Додевски (образование и социјала), Маја Ангеловска (дигитализација), Симона Ристеска (даночна политика), Елена Оранска-Петковска (административно право), како и еден германски експерт.
Инаку, Ковачевски драстично го намалува бројот на надворешни советници, ако се има во предвид дека неговиот претходник Заев имаше над 50, додека нивниот број беше уште поголем во времето на Никола Груевски.
Поранешниот шеф на тајната полиција Зоран Верушевски, како што веќе објави Фокус, останува на скратениот советнички список на премиерот Димитар Ковачевски како надворешен советник за национална безбедност, откако на оваа позиција беше и кај претходниот премиер Зоран Заев.
Според нашите информации, тој ќе биде и најскапо платен надворешен советник со плата 74.600 денари, додека по него, според висината на платата, следуваат советниците за надворешни работи и за административно право, Едмонд Адеми и Елена Оранска-Петковска, чии плати изнесуваат по 55.200 денари.
Неофицијално дознаваме дека сите останати надворешни советници ќе добиваат плата од по 36.000 денари, освен советникот за рационализација и оптимизација на процеси, банкарот и генерален директор на Шпаркесе Банка, Глигор Бишев, кој биде советник без паричен надомест.
Како што веќе објавивме, на новата листа на премиерски советници се и универзитетските професори, Предраг Трпески, Ванчо Узунов и Антон Чаушевски, кои ќе бидат советници за економија, за Берлински процес и за енергетика.
На списокот се и Ана Данева-Маркова (здравство), Спасе Додевски (образование и социјала), Маја Ангеловска (дигитализација), Симона Ристеска (даночна политика), Елена Оранска-Петковска (административно право)…