Владимир Ѓорчев преку официјалниот профил на Инстаграм ја информираше јавноста дека заминува во приватниот сектор.
„Решив да работам во реалниот сектор. Приватно, во своја фирма, во областа на маркетингот, советувањето, трговијата и услугите.
Во Македонија секогаш има пофалби и критики. Ако имав државна работа – ќе имаше критики. Ако одиш приватно – повторно критики и неколку честитки.
Ако успееш – пак критики. Ако не успееш, тогаш критики и сеир. Животот оди понатаму“, напиша Ѓорчев на социјалната мрежа Инстаграм.
Влатко е пратеник околу 20 години. Годишно за плати и други трошоци еден пратеник инкасира околу 15 000 евра, по 20 години тоа се 300 000 евра од народната каса.
Изгледа на Влатче му здосади од ЛЕЖИ ЛЕБУ ДА ТЕ ЈАДАМ и сака да види како се печали лебот како сите обични смртници. Му посакуваме среќа и успех, Влатче иако е вмровец сепак нема лоша душа.
Влатче очекуваме да дадеш банерче да закачиме на Мактел!