ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР МЕЃУ РАДЕВ И ЗАЕВ Дијалогот на високо ниво и решавање на спорните прашања
ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР МЕЃУ РАДЕВ И ЗАЕВ Дијалогот на високо ниво и решавање на спорните прашања
ПАНИКА ВО СКОПЈЕ: Дојава за бомба во МНТ, итно евакуирани сите институции, сообраќајот блокиран
ПАНИКА ВО СКОПЈЕ: Дојава за бомба во МНТ, итно евакуирани сите институции, сообраќајот блокиран
ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЖЕСТОКО ДО МИЛОШОСКИ: Одвратен е начинот како вмровските пулени се радуваат на бугарското вето
ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЖЕСТОКО ДО МИЛОШОСКИ: Одвратен е начинот како вмровските пулени се радуваат на бугарското вето
НЕМА ПОГОЛЕМА ГНИДА ВО ИСТОРИЈАТА НА МАК ПОЛИТИКАТА ОД АНТОЊО МИЛОШОСКИ: Oтишол во Вашингтон да лобира Северна Македонија да не започне преговори за членство во ЕУ
НЕМА ПОГОЛЕМА ГНИДА ВО ИСТОРИЈАТА НА МАК ПОЛИТИКАТА ОД АНТОЊО МИЛОШОСКИ: Oтишол во Вашингтон да лобира Северна Македонија да не започне преговори за членство во ЕУ
ЗАЕВ: СИЛНА ПОДДРШКА ОД ИТАЛИЈА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА СО ЕУ
ЗАЕВ: СИЛНА ПОДДРШКА ОД ИТАЛИЈА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА СО ЕУ
ВИЛМА РУСКОВСКА НАЈАВИ НОВА ИСТРАГА И ОБВИНЕНИЕ ЗА МНОГУ ПОЗНАТ ПОЛИТИЧАР
ВИЛМА РУСКОВСКА НАЈАВИ НОВА ИСТРАГА И ОБВИНЕНИЕ ЗА МНОГУ ПОЗНАТ ПОЛИТИЧАР
Николовски: Започнува реализацијата на системот „Е-инспектор“, дигитализирано и силно оружје во борбата против корупцијата
Николовски: Започнува реализацијата на системот „Е-инспектор“, дигитализирано и силно оружје во борбата против корупцијата
РУСКОВСКА: ВО ВРЕМЕ НА ВМРО ДПМНЕ БЕШЕ НЕЗАМИСЛИВО ДА СЕ ПОДНЕСЕ ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ВЛАДИН СЕКРЕТАР И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ, СЕГА ИМАМЕ ОЈО КОЕ НЕ СЕ ПЛАШИ ОД НИКОГО
РУСКОВСКА: ВО ВРЕМЕ НА ВМРО ДПМНЕ БЕШЕ НЕЗАМИСЛИВО ДА СЕ ПОДНЕСЕ ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ВЛАДИН СЕКРЕТАР И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ, СЕГА ИМАМЕ ОЈО КОЕ НЕ СЕ ПЛАШИ ОД НИКОГО

ПОРТАЛОТ ФАКТОР.МК КРИЕЈЌИ СЕ ЗАД СЛОБОДАТА НА ГОВОР НЕОДГОВОРНО ГО НАРУШИ ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ СО ИНТЕРВЈУ СО АНТИ ВАКСЕРКА ПОЛНО СО ДЕЗИНФОРМАЦИИ И ЛАГИ

Интервјуто со Гордана Гоџо е полно со невистини поврзани со пандемијата на коронавирусот и вакцините против него. Студиите на кои се повикува Гоџо немаат никаква научна основа и се базираат на изјави дадени од самите автори. Импликациите дека маските не штитат од ковид-19 како и дека вакцините против ковид се штетни, можат во голема мера да наштетат на процесот на имунизација, како единствен излез од пандемијата која досега однесе милиони животи низ светот

Пишува: Ана Анастасовска, Вистиномер

Порталот Фактор неодамна (02.09.2021 г.), објави интервју со Гордана Гоџо, позната во јавноста како антиваксер и како личност која се противи на мерките за заштита против ковид-19.

Во интервјуто Гоџо вели дека лек против коронавирусот има и дека не е потребно луѓето да се вакцинираат со, како што ги нарекува, експерименталните вакцини против коронавирусот.

„Вистиномер“ досега во повеќе наврати ги има дебанкирано (дез)информациите кои Гоџо ги посочува во интервјуто, а кои досега неколкупати и јавно ги објавувала и застапувала на својот Фејсбук профил. Во оваа анализа ќе се задржиме на оние кои се однесуваат пред сè на вирусот САРС Ков-2 и на вакцините против него.

ВАКЦИНИТЕ НЕ СЕ ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИ
На почетокот Гоџо вели дека вакцините против ковид „немаат статус на вакцина, туку на експериментална инјекција“. Ова не е вистина.

Вакцините против ковид-19 не се експериментални и нивното производство поминало низ неколку строги тестови за безбедност и ефикасност со што се докажа дека тие се ефикасни против коронавирусот. По одобрување од страна на Светската здравствена организација (СЗО) како и националните регулатори, сите вакцини мора да поминат три клинички фази на тестирање. Клиничките тестирања даваат сигурност дека вакцините се безбедни и за лицата со разни болести, но и за ефикасност против вирусот. Резултатите од клиничките фази потоа се ревидираат од страна на независни научници за да се осигура дека податоците се во ред.

Тестирањата во третата фаза и нивната примена во светот потврдија дека вакцините се многу ефикасни во превенција на тешките симптоми. Подолу можете да ја видите ефикасноста на сите вакцини што се аплицираат во РСМ, кон симптоматското заболување со ковид-19:

Фајзер – Бионтек – 95 проценти
Оксфорд – Астразенека – 63 проценти
Синовак – 51 процент
Спутник В – 92 проценти
Синофарм – 79 проценти
Експертите велат дека една вакцина со 50 проценти ефикасност е доволна за да се стави пандемијата под контрола. Исто така, до 30 јуни, околу 99 проценти од луѓето што го изгубиле животот во Соединетите американски држави (САД) како последица на заболување со ковид-19, биле невакцинирани лица.

СЗО продолжува да ја мониторира примената на вакцините против ковид-19 како и да одговара на секое прашање што се однесува на нив. Ова ни дава сигурност дека вакцините се безбедни за користење. СЗО постојано истакнува дека придобивките од вакцината се над секој можен ризик. Здравствените експерти во целиот свет се согласни дека и покрај можните ризици од некоја вакцина против ковид-19, придобивките од нив го надминуваат секој ризик.

Администрацијата за храна и лекови (ФДА) на САД даде целосно одобрување на вакцината „Фајзер“ за лица на возраст од 16 години и постари.

Јавноста може да биде многу уверена дека оваа вакцина ги исполнува високите стандарди за ефикасност во безбедноста и квалитетот на производството што ФДА ги бара за одобрен производ, посочи комесарката на ФДА, Џенет Вудкок.

ВАКЦИНИТЕ ШТИТАТ
Понатаму Гоџо, коментирајќи ја вакцината против ковид-19, вели дека таа „ниту ќе ме заштити, ниту пак ќе постигнеме колективен имунитет. Тоа го кажуваат редица научници…“. Не е вистина дека вакцината не штити, а тоа го потврдиле досега многу светски и домашни лекари.

Вакцинираните и да се заразат со ковид-19, нема да имаат тешка клиничка слика. Тие ретко развиваат тешки компликации од ковид и уште поретко умираат поради компликации од болеста. Сите вакцини штитат од тешка форма на болеста и од смртен исход, а тоа го покажуваат и статистиките во Македонија. Масовната вакцинација е потребна, за да се постигне процентуално ниво на имунизирани во рамки на една држава, со што или ќе се создаде колективен имунитет или, пак, барем ќе му се оневозможи на вирусот неконтролирано ширење и предизвикување на тешки последици и смрт кај ранливите сегменти од популацијата.

Коронавирусот, како што објеснуваат редица медицински експерти, може да се пренесува од човек на човек кај невакцинираните, што повторно ќе придонесува вирусот да мутира. Единствениот начин тоа да се спречи е да се вакцинираат што поголем процент граѓани.

Клиниката Мајо во САД, детално објаснува сè за колективниот имунитет поврзан со ковид.

Колективниот имунитет се постигнува кога голем дел од луѓето во една земја (општество), стануваат имуни на болест, што придонесува шансите за пренос на болеста од човек на човек да бидат мали. Како резултат на тоа целото општество станува заштитено, а не само тие што се имуни. Често пати, процент од популацијата мора да биде во состојба да се зарази со болеста, за таа да може да се шири. Оваа се нарекува гранична пропорција. Кога таа пропорција на популацијата која е имуна на болеста е поголема од таа што не е имуна, тогаш болеста ќе опаѓа. Ова се нарекува како граница на колективниот имунитет. Колкав процент од луѓето треба да се имуни за да се постигне колективен имунитет зависи од болест до болест. Што позаразна е болеста, поголема пропорција од населението треба да биде имуно на болеста за да таа престане да се шири. Има два главни начини за да се постигне колективен имунитет за ковид 19 – или преку заразување или преку вакцинација, објаснуваат од Мајо клиниката.

ВАКЦИНИТЕ НЕ СОДРЖАТ АБОРТИРАНИ ФЕТУСИ
Зборувајќи за составот на вакцините против ковид-19, Гоџо вели:

Додека вакцините содржат алуминиум, некои содржат жива, сега новите вакцини содржат MRC-5, а тоа се ќелии од белодробно ткиво на 14 неделни абортирани машки фетуси. Некои вакцини пак се прават во бубрези од мајмуни, други во пилешки ембриони. Зошто да примам вакви состојки и дали таа туѓа ДНК влијае на мојата?

„Вистиномер“ досега неколкупати има пишувано дека вакцините против ковид-19 не содржат абортирани фетуси, ниту пак, бубрези од мајмуни или пилешки ембриони. Исто така, не е точно дека вакцините против ковид-19 ја менуваат вашата ДНК.

Составот на вакцините против ковид-19 кои се аплицираат во Македонија, јавно е објавен на сајтот „ковид19вакцинација.мк“ и секој може да види што содржат вакцините и какви нус појави предизвикуваат.

Доколку отидете на официјалната страница на „Фајзер“, ќе видите дека во составот на нивната вакцина има мРНА, липиди, полиетилен гликол, фосфохолин, холестерол, калиум хлорид, монобазен калиум фосфат, натриум хлорид, дибазит натриум фосфат дихидрат и сахароза. Никаде не се спомнува „абортирани дечиња“, односно не е наведено дека вакцината содржи абортиран човечки фетус.

Вакцината мРНА е транспортер на РНА генетски код. Тоа значи дека мРНА го користи само генетскиот код на вирусот. Вакцината мРНА се инјектира во телото и состојките влегуваат во клетките „упатувајќи им порака“ да почнат да прават антигени. Овие антигени се препознаени од имунолошкиот систем и со тоа ги подготвуваат клетките за борба против коронавирусот САРС-КоВ-2.

Понатаму, да го погледнеме составот на вакцината на „Астра-Зенека“. Информациите за тоа што содржи вакцината против ковид-19 се јавно достапни на сајтот на Универзитетот во Оксфорд и на официјалната веб страница на британската влада.

Активната состојка на вакцината на „Астра-Зенека“ против ковид-19 е направена од модификуван аденовирус кој предизвикува настинка кај шимпанзата. Овој вирус е модификуван така што не може да предизвика инфекција, а служи за испорака на генетски код за спајк протеинот на коронавирусот, се наведува во објаснувањето на Универзитетот во Оксфорд.

На сајтот на Универзитетот е објаснето како во производството на вакцината се користи аденовирусот.

Процесот на производство на вакцината вклучува производство на вирусот, аденовирус, кој пренесува генетски материјал до ќелиите внатре во телото. За производство на тој вирус во лабораторија потребна е ќелијска линија на „домаќинот“. За некои вакцини, за овој процес се користат пилешки ќелии, а за други, за производство на вирусот се користат човечки ќелии.

Вакцината на „АстраЗенека“ ја користи ќелијската линија која се нарекува ХЕК-293.

ХЕК-293 е назив кој се дава на одредени линии на ќелија која се користи во разни научни примени. Оригиналните ќелии се земени од бубрегот на легално абортиран фетус во 1973 година. ХЕК-293 ќелиите кои денес се користат се клонови на тие оригинални ќелии, но самите не се ќелии на абортиран фетус.

Значи, во оваа вакцина има модификуван аденовирус. кој предизвикува настинка кај шимпанзата. Во вакцината нема генетски модифицирани клетки од бубрези од абортирани бебиња, туку станува збор за клонови од оригинални ќелии на легално абортиран фетус од 1970-тите.

Вакцината на „Астра-Зенека“, како и онаа на „Фајзер“, има состојки кои се вообичаени во вакцините. Тоа се сахароза и регулатори на киселост како што се хистидин и соли на натриум и калиум, се наведува на официјалниот сајт на Универзитетот во Оксфорд. Вакцината, исто така, содржи некои неактивни состојки како што се полисорбат 80, емулгатори и многу мала количина на алкохол (0,003 мг по доза). Во вакцината уште се наоѓаат и траги од магнезиум (3 до 20 делови на милион).

Информации за вакцината на кинеските вакцини „Синофарм“ и „Синовак“ може да се најдат на веб- страницата на Светската здравствена организација (СЗО).

„ЧУДОТВОРНИОТ ЛЕК“
Потоа Гоџо вели дека постои лек против коронавирусот, повикувајќи се на „протоколот за лекување на д-р Владимир Зеленко, украинско-американски семеен лекар со над дваесетгодишно искуство, кој го подготви т.н. Зеленко протокол за лекување од ковид, особено успешен во раните фази од заболувањето“.

Тој вели дека 85% од заболените оздравуваат преку неговиот протокол кој се базира на хидроксихлорокин, цинк и азитромицин (кај нас сумамед), а зависно од фазата на заболеност се додаваат и различни дози на витамин Ц и Д.. Тој обучил 100-тици лекари кои го практикуваат протоколот, а тој и неговиот тим заедно излечиле 6000 луѓе. А пак општо, преку неговиот протокол излечени се милиони луѓе, меѓу кои и Претседателот на САД, Доналд Трамп, Џули Рудијани, министерот за здравство на Израел, Претседателот на Бразил и други. Неговата студија е основа за уште 200 други студии за хидроксиклорокинот. Во моментов има 340 студии кои докажуваат дека хидроксихлорокинот лечи, од кои 248 се рецензирани. Значи потреба од вакцина нема, посочува Гоџо во интервјуто.

Не е првпат да се шират дезинформации дека комбинацијата од хидроксихлорокин, цинк и азитромицин е волшебна и лекува ковид-19. Оваа чудотворна комбинација не се поврзува само со името на д-р Зеленко.

Имено, студијата на францускиот вирусолог Дидие Раул, за која во март 2020 година голем број медиуми во светот пишуваа дека довела до комбинација на лекови што го убиваат коронавирусот, црногорскиот сервис за борба против дезинформациите Raskrinkavanje.me детално ја оценувал и заклучил дека, сепак, станува збор за дезинформација.

Поводот за анализата била објавата на еден портал на српски јазик под наслов „Француски професор пронашол лек за корона?“

Раул предизвика полемики со тврдењето дека со комбинација на лековите хидроксихлорокин и азитромицин – од кој првиот е лек против маларија, а вториот е антибиотик – се лекува ковид-19.

„Raskrinkavanje.me“ пренесувајќи анализи на други сервиси за борба против дезинформациите, вели дека сепак резултатите не се толку спектакуларни, оти студијата е правена на мал и нерепрезентативен примерок, дека не е рецензирана од други научници, како и дека немало контролна група врз основа на која ќе се проценат резултатите. Дополнително, и голем број научници од светот ги оспориле тврдењата на францускиот вирусолог, па според тоа тврдењето дека е пронајден лек за ковид-19, сепак е дезинформација, пишува црногорскиот сервис.

Како дезинформација беше оценето и „откритието“ на д-р Зеленко (кое исто така стана популарно во март 2020 година), дека мешавината од тие три состојки успешно лекува ковид-19. „Политика.естадао.ком.бр“ оцени дека студијата на Зеленко, според која комбинацијата од хидроксихлорокин и азитромицин делува против ковид-19 нема научна основа, не е објавена во ниту едно медицинско списание и дека единствениот доказ за нејзиното постоење се изјавите на нејзиниот автор.

Со иста оценка излезе и сајтот за проверка на фактите „Сноупс“.

КОРОНАВИРУСОТ НЕ МУТИРА ПОРАДИ ВАКЦИНИРАНИТЕ
Гоџо во интервјуто го спомнува и Роберт Мелоун и вели:

Пронаоѓачот на мРНА технологијата кажува дека мутацијата делта и сите други мутации потекнуваат токму од вакцинираните.

Не е вистина дека вакцинираните се причината поради која вирусот мутира и „Вистиномер“ веќе го има дебанкирано ова тврдење.

Прво, Роберт Малоун не ја измислил мРНК вакцината. Како и за многу други технологии, развојот на мРНК вакцината е заеднички труд на повеќе институти за истражување, три децении работи и стотици научници. Роберт Малоун придонел во раниот развој на оваа технологија за вакцинација, но не е единствениот на кого му се атрибуира мРНК вакцината.

Тврдењето на Малоун, на кое се повикува Гоџо дека самата вакцина, односно вакцинираните луѓе, се причината поради која вирусот мутира е скандалозно! Проверувачите на факти на „Ројтерс“ го дебанкираа ова тврдење и го оценија како невистинито.

Факт е дека коронавирусот почна да мутира уште пред да почне вакцинацијата. На 20 декември 2020 година, барем 7 варијанти, односно мутации на вирусот (меѓу кои и делта варијаната, која е најраширена низ светот и кај нас и најзаразна), постоеле, а вакцинацијата не ни беше почната.

Според некои извори, вирусот мутира поради невакцинираните.

Една од клучните карактеристики на коронавирусот е спајк протеинот, кој дозволува вирусот да се закачи на домаќин клетка и да предизвика инфекција. Тој спајк протеин е она на коешто цели вакцината, за да го блокира вирусот. Кај невакцинираните, вирусот влегува во клетката и ја претвора во фабрика. Тогаш вирусот се реплицира илјадници пати. Ако има грешка во копирањето, тогаш научниците тоа го нарекуваат мутација.

Гоџо говори и за безбедноста на вакцините, повторно повикувајќи се на д-р Зеленко.

Д-р Зеленко вели дека во првите три месеци по аплицирање на инјекцијата, најчесто доаѓа до појава на тромб, од кој настанува мозочен или срцев удар. Според него, 40% од случаите на тромб се појавуваат во првите три дена. Понатаму, утврдено е дека степенот на абортуси кај трудници кои се вакцинираат во првите три месеци од бременоста расте за осум пати, од 10 на 80%.

Нема докази дека вакцините предизвикуваат згрутчување на крвта и дека предизвикуваат спонтан абортус.

Говорејќи ја ПЦР-тестот, Гоџо вели дека „тестот не служи за дијагноза, тоа го кажува и СЗО и Агенцијата за храна на лекови, како и самиот изумител, Нобеловецот Кери Мулис кој го изумил ПЦР тестот“.

И ова не е вистина и „Вистиномер“ веќе ја има дебанкирано и оваа информација.

СЗО и ЦДЦ никогаш не ги проблематизирале ПЦР тестовите. ПЦР- тестот прецизно го детектира присуството на коронавирусот.

Бројни Фејсбук постови во текот на пандемијата лажно тврдеа дека човекот што го измислил тестот, доктор Кери Б Мулис, рекол оти тие не можат да детектираат ниеден вид на инфективна болест. Но, нема никакви докази дека инвенторот на ПЦР тестот го кажал ова. ПЦР се користи за бројни научни цели.

Гоџо во интервјуто се осврнува и на маските за заштита против ковид-19, за кои вели дека не штитат од пренесување на заразата. И на оваа тема „Вистиномер“ досега има објавено неколку текстови со кои се побиваат ваквите тврдења.

Сè на сè гледано, интервјуто со Гордана Гоџо е полно со дезинформации поврзани со пандемијата на коронавирусот и вакцините против него. Студиите на кои се повикува Гоџо немаат никаква научна основа и се базираат на изјави дадени од самите автори. Импликациите дека маските не штитат од ковид-19 како и дека вакцините против ковид се штетни, можат во голема мера да наштетат на процесот на имунизација, како единствен излез од пандемијата која досега однесе милиони животи низ светот.

loading...

Blackfox Episode Full

Devilman: The Demon Bird Episode Full

AnimeTV: Poputepipikku TV Special anime episode Full online free at https://animetv.cc anime tv all free for you

AnimeBee | Watch Anime Online | English Sub & Dub Anime Free

Littlegolem: https://littlegolem.net/jsp/info/player.jsp?plid=148455

Beamng: https://www.beamng.com/members/kissanime.442226/