СТОПАНСКА КОМОРА: Потребна е државна стратегија за компаниите да го преживеат мултикризниот период и да продолжат да функционираат

За нас во Комората е важно државата да се однесува како навистина да е во криза, кое ќе подразбира дека ќе имаме потреба од кризни штабови кои ќе помагаат да се преживее овој период, затоа што ако нешто треба да успееме паралелно со заштита на стандардот на граѓаните е да ја зачуваме и економија за подолг период.

Македонската економија се наоѓа пред едно од најголемите иксушенија од осамостојувањето. Многумина ќе кажат дека економската криза во која се наоѓаме не е ништо ново за нашата држава и дека ние сме немале период во кој државата од осамостојувањето не била во криза. Да тоа е така, но и не е така. Изминатиов период, годините што изминаа беа исполнети со големи искушенија заради тоа што поминувавме од криза во криза, почнувајќи од кризата со Короната, па имавме криза со енергија, а денеска живеема и со криза која настанува како рефлексија на она што се случува во Украина.

Мислам дека светот никогаш не бил во поголемо искушение, особено Европа, пазарот на кој ние како држава сме ослонети многу. Прекинати се традиционалните извори на енергија, прекинати се ланците за снабдување, намалена е побарувапчката, а на светот во периодот што следува во најава е и голема криза со храната. Сето ова упатува на потребата да се биде многу рационален, да се менаџира со ресурсите и не е случајно што најголемите светски економии почнувајќи од Германија, повикуваат на рационално оденсување кон изворите, ресурсите, рационално управување со сите можни извори на економијата, со што дури малку и смешно изгледа тоа што повикуваат на штедење. Навистина на светот му треба мега штедење, заради тоа што се наоѓа во ситуација во која оваа криза мора да биде превагната во многу кратко време.

Ние во Комората ова го видовме многу рано, и како и секогаш пристапивме на решавање на проблемот многу прагматично. Правевме анализи, викавме експерти, правевме согледувања, размислувавме и еден дел од тие согледувања се конципирани во нашите приоритетни обврски кои се однесуваат на нас, на чинителите на економијата, но секако и на државата која има потреба да се осврне на тие случувања. За нас во Комората е важно државата да се однесува навистина како да е во криза. Нас ни треба однесување на државата кое ќе подразбира дека ќе имаме потреба да имаме дури и кризни штабови и штабови кои ќе помагаат да се преживее овој период, затоа што ако нешто треба да успееме паралелно со заштита на стандардот на граѓаните е да ја зачуваме економија за подолг период.

Не треба да потенцирам дека на државата и се потребни нови извори на енергија, на државата и треба активна политика во делот на алтернативни извори на енергија, на државата и треба стратегија која ќе овозможи компаните да го прежиеват овој период и да создадат услови за натамошно функцинирање.

Извршен директор на Стопанската комора на Северна Македонија, м-р Антони Пешев

sunwin

sun win

sun win

tải sunwin

sun win