Веќе извесен период наназад, забележливо е дека еден човек кој може да се поврзе со ВМРО ДПМНЕ, после неколку годишна пауза, се враќа на сцената.
Не ми е лично многу познат, веројатно затоа што не спаѓал во групата на криминалците и скандал мајсторите од ДПМНЕ, но во партиските кругови е добро познат. Неговиот татко бил еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ, поранешен пратеник, а и самиот тој бил вклучен во партискиот живот. Доктор на правни науки, професор на правниот факултет во Штип.
За него се знае дека не бил во милост на Груевски и дека бил доста професионален во своето работење. Важи за човек со интегритет и добро котира во меѓународните кругови.
Веќе некое време наназад е видливо дека почна некои активности, се почесто е во јавноста и е отворен кон народот. Направи потег преседан со овјавување на својот личен телефонски број со што стана прв носител на функција кој го сторил тоа, потег кој многумина ги изненади. Луѓе кажуваат дека одговара на секој повик и дека се обидува да им ги реши проблемите.
Извори од ДПМНЕ велат дека ова предизвикало паника во белата палата.
Од неодамна има направено и страна на facebook каде што објавува провокативни текстови.
Моментално е во САД, со нетрпение очекувам да видам со какви вести ќе се врати.
Се шпекулира дека веќе има спремен тим со кој може веднаш да влета во партијата – тим составен од интелектуалци и професионалци а врзува голем дел и од старото членство. Важи за прозападно ориентиран, за разлика од раководството на ДПМНЕ. Оние кои го познаваат велат дека има одлична комуникација и со Албанците и другите заедници.
Веројатно ни претстои интересен период во опозицијата.