ЗАПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА ГРАДИНКА ВО НОВА БИТОЛА
ЗАПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА ГРАДИНКА ВО НОВА БИТОЛА
Мерењата за бучава продолжуваат и наредните денови – уште два угостителски објекти со Решенија за преземање мерки за намалување на гласноста
Мерењата за бучава продолжуваат и наредните денови – уште два угостителски објекти со Решенија за преземање мерки за намалување на гласноста
(ВИДЕО) Македонската авангардна музичка сцена доби ново име – проектот „Луциден сон“ го промовираше својот деби сингл – „Немирно време“
(ВИДЕО) Македонската авангардна музичка сцена доби ново име – проектот „Луциден сон“ го промовираше својот деби сингл – „Немирно време“
СКОПЈЕ ГОДИНАВА ОДБЕЛЕЖУВА 58 ГОДИНИ ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС
СКОПЈЕ ГОДИНАВА ОДБЕЛЕЖУВА 58 ГОДИНИ ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШТИП САШКО НИКОЛОВ СПАСИ ДАВЕНИК НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШТИП САШКО НИКОЛОВ СПАСИ ДАВЕНИК НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА
ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје

ПОЖАРНИКАРИТЕ ХЕРОИ И ГОРДОСТ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ

Во кругот на Противпожарната станица во Автокоманда свечено беше одбележан Денот на пожарникарите – 20 Мај.

Командантот на Противпожарната бригада, Владимир Симоновски, пред построените пожарникари му поднесе рапорд на градоначалникот Петре Шилегов.

– Денеска сме во Противпожарната станица со цел и во овие пандемиски услови да го одбележиме Денот на пожарникарите – 20 Мај. Како што видовте кратко траеше заради безбедносните протоколи. Јас како градоначалник вложувам многу во човечкиот, но и во преостанатиот инфраструктурен потенцијал на Противпожарната бригада и откако е дојдена новата администрација зголемен е бројот за нови 38 пожарникари. Веќе две години во рамките на Противпожарната бригада целосно се обновени и униформите и специјалните обувки. Кога зборуваме за униформа не мислам на оваа која можевте да ја видите на смотрата, зборуваме за униформа којашто во целост ги заштитува пожарникарите, која оди заедно со заштитна боца кислород, односно зборуваме за над 100 таков тип униформи, зборуваме за униформи што се носат при опасности предизвикани од шумски пожари, опасности предизвикани од хемикалии и таков тип на потенцијални несреќи; зборуваме за можеби досега технички најнапредното нешто што го има добиено оваа Противпожарна бригада воопшто, како и во рамките на Република Северна Македонија, тоа е противпожарната скала што по последните информации што ги имаме би требало да пристигне во Скопје до 10 јуни. Тогаш ќе го демонстрираме потенцијалот на таа скала, како и на дополнителната опрема што е набавена со неа – изјави Шилегов.

Тој додаде дека пожарникарите се хероите на нашиот град, и дека токму заради тоа се надминати нивните децениски проблеми, зголемени им се платите, редовно им се исплаќаат сите додатоци и хранарината, така што сега тие се задоволни што не беше случај до пред една година.

Опремувањето и модернизацијата на Противпожарната бригада се спроведува во полна пареа како никогаш досега, веќе втора година се во употреба новите изолациони дишни апарати, униформи и чевли кои ги задоволуваат сите стандарди за безбедност, а обновена е и противпожарната опрема со нови црева и арматури. Заменета е 35 години старата аналогна телефонска централа со современа нова дигитална централа.

Со сите овие чекори Градот Скопје го зголемува капацитетот на бригадата, а истовремено се доближува и до исполнување на европските стандарди согласно со кои пропорцијата треба да биде еден пожарникар на 1.500 жители.

На одбележувањето на Денот на пожарникарите градоначалникот Шилегов нагласи дека пожарникарите отсекогаш биле и секогаш ќе останат хероите на градот, а нивната хуманост дека останува најголема гаранција за безбедноста и заштитата на животите на скопјани.

loading...

https://kissanime.mx kissanime gogoanime. Watch Phantasy Star Online 2: Episode Oracle Episode 25

ANIMEFLIX Watch english anime Online in HD for FREE. Lost Universe (https://animeflix.nl/m/VPYV) Episode 26