Иако живее во Штип, најмалку можете да го најдете во градот. Постојано го вози камионот,. Денеска ни се јави од Амстредам, Холандија, Пред 2-3 дена , по еда голема пауза, се стретнавме во Штип. Денеска е во Холандија, па продолжува за Германија, па пак се враќа во Холандија.. Ни се јави да ни каже каква е природата во ова држава. „Се е околу мене зеленило. Милина е да возиш покрај добро уредените патишта , со зелени површини. Повод да ви се јавам ми даде една денешна фотографија која ја видов на ФБ од Штип, каде зеленилото никаде го немаше, „исчезнало“. Добро е тие кои се задолжени да ги уредуваат зелените површини, а и игралиштата, да ја посетат Холандија и да се заинтересираат како го одржува зеленилото во оваа држава и во ова време…“- вели Иле Милосавов
Инаку, Иле Милосавов ги бранеше боите во „златната генеравија“ на Брегалница од 1979-81, кога можеби играше најсилната генерација, како на пример Гордан Здравков, Гоце Алексовски, Драгче Ефтимов, Мијалче Маџунаров, Станислав Цекиќ, Мите Георгиев…Играше и во други екипи на Истокот- Радовиш, Македонска Каменица, Кочани. Го бараа и Пертизан и Бор,, но носталгијата за родниот крај си го направи своето. Се одликуваше со одлична техника, но и со изграден удар од далечина По неговите стапки продолжи и неговиот брат Ристе Милосавов, кој стана и интернационалец и играше и 15 пати за најдобрата македонска репрезентација. Во приватниот живот Иле е скромен и ненаметлив,
Иле Милосавов е и одличен возач, внимателен кога вози. Досега не направил ниту еден сообраќаен прекршок, иако со камионот минал илјадници километри низ Европа…Му посакуваме убаво и среќно патување…