ВО ПОНЕДЕЛНИК ЗАПОЧНУВА ВТОРАТА ЗИМСКА ШКОЛА НА МСМЈЛК ПРИ УКИМ – НАЈАВЕНО УЧЕСТВО НА НАД 40 СТРАНСКИ МАКЕДОНИСТИ И СЛАВИСТИ ОД СЕДУМНАЕСЕТ ЗЕМЈИ
ВО ПОНЕДЕЛНИК ЗАПОЧНУВА ВТОРАТА ЗИМСКА ШКОЛА НА МСМЈЛК ПРИ УКИМ – НАЈАВЕНО УЧЕСТВО НА НАД 40 СТРАНСКИ МАКЕДОНИСТИ И СЛАВИСТИ ОД СЕДУМНАЕСЕТ ЗЕМЈИ
Папа Франциск: Продолжуваме со својата посветеност да обезбедиме правда за жртвите злоставувани од нашите членови
Папа Франциск: Продолжуваме со својата посветеност да обезбедиме правда за жртвите злоставувани од нашите членови
ВО КАВАДАРЦИ СЕ РАБОТИ: Во тек е изградбата на фекална и атмосферска канализација, како и водоводна мрежа на ул. Ѓорѓи Соколов во должина од 500 метри
ВО КАВАДАРЦИ СЕ РАБОТИ: Во тек е изградбата на фекална и атмосферска канализација, како и водоводна мрежа на ул. Ѓорѓи Соколов во должина од 500 метри
ОЈО нареди вештачење на примероци од крв и урина на возачот што синоќа ја усмрти 24-годишната девојка кај „Сити мол“
ОЈО нареди вештачење на примероци од крв и урина на возачот што синоќа ја усмрти 24-годишната девојка кај „Сити мол“
ВИСОКО-ТЕХНОЛОШКИ ПОГОН НА СИТЕ 4 ТРКАЛА КАЈ OPEL GRANDLAND HYBRID4, OPEL INSIGNIA И OPEL INSIGNIA GSI
ВИСОКО-ТЕХНОЛОШКИ ПОГОН НА СИТЕ 4 ТРКАЛА КАЈ OPEL GRANDLAND HYBRID4, OPEL INSIGNIA И OPEL INSIGNIA GSI
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: НЕУСПЕШЕН ОБИД НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПОЛИТИЧКА ДИСКРЕДИТАЦИЈА
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: НЕУСПЕШЕН ОБИД НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПОЛИТИЧКА ДИСКРЕДИТАЦИЈА
Малите партии му порачаа на Мицкоски дека не ја менуваат страната
Малите партии му порачаа на Мицкоски дека не ја менуваат страната
БРАВО - Улиците и тротоарите во Општина Центар беспрекорно исчистени
БРАВО - Улиците и тротоарите во Општина Центар беспрекорно исчистени

Прајс: САД ќе продолжат со дипломатското присуство во Кабул

Стејт департментот денеска соопшти дека САД ќе продолжат со дипломатското присуство во Кабул и истовремено ќе ја забрзаат евакуацијата на илјадници Авганистанци кои имаат право на специјална имиграциска виза.

САД моментно разговараат со Талибанците во Кабул и Доха, каде се водат мировни преговори, јавија американските медиуми.

На преостанатите Американци во Кабул официјален Вашингтон им порача да се засолнат на местата каде што се наоѓаат во моментот и да не патуваат до аеродромот.

– Имаме намера да продолжиме со дипломатското присуство во Кабул, додека тоа е безбедно за нас, и е одговорно од наша страна, изјави Нед Прајс, портпарол на Стејт департментот.

Според него, од неделата навечер целиот персонал од амбасадата на САД бил пренесен до меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“, чиј периметар е обезбеден од американските војници.

Тој додаде дека Пентагон „работи деноноќно на обнова на позитивна контрола над аеродромот за американските воени авиони и патнички авиони да можат да слетуваат и полетуваат“.

Околу седум илјади американски војници добија дозвола за нераспоредување во Авганистан за пружање помош и евакуација на цивилниот персонал на САД и сојузниците, како и на Авганистанците кои се во опасност. Половина од таа бројка војници пристигна вчера.

Според Стејт департментот, во изминатите недели во САД биле донесени две илјади кандидати и членови на нивните семејства за специјална имиграциска виза.

Бајден синоќа издвои 500 милиони долари итна помош за бегалците од Авганистан.

Администрацијата беше подложна на остри критики откако Талибанците за само неколку денови ги зазедоа клучните градови во земјата. Претставници од двете партии, демократската и републиканската, го осудија пристапот на САД за кратење на военото присуство во земјата.

loading...