КОВАЧЕВСКИ: Растот на просечната плата продолжува, имаме зголемување за 5,6% во однос на истиот месец 2020 година, тоа се 1.542 денари повеќе споредбено со лани.
КОВАЧЕВСКИ: Растот на просечната плата продолжува, имаме зголемување за 5,6% во однос на истиот месец 2020 година, тоа се 1.542 денари повеќе споредбено со лани.
КАКВА БУДАЛА, ОХРИДСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ГУШКАЛ СО ЦЕЛ ГРАД ИАКО ЗНАЕЛ ДЕКА Е ПОЗИТИВЕН НА КОВИД?!?!
КАКВА БУДАЛА, ОХРИДСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ГУШКАЛ СО ЦЕЛ ГРАД ИАКО ЗНАЕЛ ДЕКА Е ПОЗИТИВЕН НА КОВИД?!?!
ДАНЕЛА ИЗЛЕЗЕ НАЈГОЛЕМА ЕЛЕМЕНТАРНА НЕПОГОДА ЗА СКОПЈЕ ПОСЛЕ ПИКОЛОМИНИ И ЗЕМЈОТРЕСОТ
ДАНЕЛА ИЗЛЕЗЕ НАЈГОЛЕМА ЕЛЕМЕНТАРНА НЕПОГОДА ЗА СКОПЈЕ ПОСЛЕ ПИКОЛОМИНИ И ЗЕМЈОТРЕСОТ
На мое задоволство, денеска имав телефонски разговор со Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен
На мое задоволство, денеска имав телефонски разговор со Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен
ШОКАНТНО, МИЦКОВСКИ Е ПСИХО - ВМРО ДПМНЕ ЈА ВМЕШУВА МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ВО ЗАГОВОРОТ ЗА УБИСТВО НА АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ?!?!
ШОКАНТНО, МИЦКОВСКИ Е ПСИХО - ВМРО ДПМНЕ ЈА ВМЕШУВА МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ВО ЗАГОВОРОТ ЗА УБИСТВО НА АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ?!?!
СОЧУВСТВО ДО СЕМЕЈСТВОТО НА ПОЧИНАТАТА ДЕВОЈКА ОД РАДОВИШ, ВЕДНАШ ДА МУ СЕ ДАДЕ ПСИХИЈАТАР НА ПОМОШ ВО ЗАТВОРОТ НА МЛАДОТО МОМЧЕ ПО МОЖНОСТ И ДА СЕ ПРАТИ ДОМА ДА МУ ПОМОГНЕ СЕМЕЈСТВОТО ДА НЕ ИЗГУБИМЕ УШТЕ ЕДЕН МЛАД ЖИВОТ

Адвокатот на возачот тврди: Од стрес се укочил, пола саат не можел да мрдне, полицијата го извадила, не возел повеќе од 45-50 километри на час
Адвокатот на возачот тврди: Од стрес се укочил, пола саат не можел да мрдне, полицијата го извадила, не возел повеќе од 45-50 километри на час
ДА ПРЕСТАНЕ ХАЈКАТА ПРОТИВ ОВА МОМЧЕ, НЕСРЕЌИ СЕ СЛУЧУВААТ ЗА ЖАЛ, СЕКОМУ МОЖЕ ОВА ДА МУ СЕ СЛУЧИ: 30 дена притвор за возачот кој ја усмрти 24 годишната девојка од Радовиш
ДА ПРЕСТАНЕ ХАЈКАТА ПРОТИВ ОВА МОМЧЕ, НЕСРЕЌИ СЕ СЛУЧУВААТ ЗА ЖАЛ, СЕКОМУ МОЖЕ ОВА ДА МУ СЕ СЛУЧИ: 30 дена притвор за возачот кој ја усмрти 24 годишната девојка од Радовиш

ПРАТЕНИЦИ ОД ПОМАЛИТЕ ПАРТИИ ОД ВЛАСТА МУ ПИШАА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ – со Законот за легализација на дивоградбите ќе се амнестираат криминали

Петмина пратеници од помалите политички партии, кои му припаѓаат на владејачкото мнозинство, ја алармираа јавноста и му пишаа ургентно писмо на шефот на државата Стево Пендаровски, да не го потпишуува Законот за легализација на дивоградбите, кој вчера го изгласа Собранието.

Станува збор за двајца пратеници на Либерал-демократската партија, Моника Зајкова и Боби Мојсовски, двајца пратеници од ДОМ, Маја Морачанин и Мирослав Богдановски, како и пратеникот од Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.

Всушност, станува збор за Барање да не се потпише указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.

Еве што му пишуваат петмината пратеници на шефот на државата.

„Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти е нешто што не смее ни да се размислува во една правна држава во која владеат демократските принципи. Ваквиот закон не е ништо друго освен закон за амнестија, бидејќи градењето надвор од законски предвидената постапка, без соодветно одобрение, претставува кривично дело.

Досегашниот закон се однесуваше за сите бесправно изградени објекти изградени до 2011 година, а предмет на уредување на новиот закон е легализација на сите останати, од 2011 година се до ден денес“, пишуваат петмината пратеници.

Натаму, прашуваат овие народни избраници, дали ние, како држава треба да стимулираме криминал, преку дозволување на вакво незаконско градење и да ги ставиме во подредена и дискриминирачка позиција сите одговорни граѓани на оваа држава, кои за да градат, ги поминале сите предвидени постапки од ДУП за прибавување на одобрение за градба за кои неспорно е дека бараат многу време и финансиски средства?

„Со донесување на овој закон, се испраќа порака до граѓаните дека може да градат без да поседуваат градежна дозвола, да узурпираат државно земјиште и дека подоцна ќе им биде овозможено да ги легализираат своите дивоградби.

Ваквото законско решение е во целосна спротивност со урбанистичките планови и другите прописи кои ја регулираат оваа материја.

Доколку има можност нелегално да се гради, тогаш која е целта од носење на просторни планови, генерални и детални урбанистички планови. Мора да ставиме крај на бесправното градење. За таа цел, Ви предлагаме Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти да не го потпишувате и да го вратите на повторно разгледување и доработка, се со цел да се отвори поширока јавна расправа и да се корегираат некои решенија кои се спротивни и на Уставот и на други постојни закони“, се вели во писмото од пратениците.

Инаку, откако вчера новиот Закон за дивоградбите доби „благослов“ од мнозинството народни избраници, јавноста не претсанува со своите остри реакции против ваквото законско решение.

Овој закон, пшокрај другото, како што пишуваат и самите пратеници, задира дури и во судската власт, односно предвидува еден вид на амнестија, бидејќи се дава насока да се стопираат сите граѓански и кривични постапки што се во тек, а се поврзани со изградба на бесправни објекти.

За ваков предмет кривично се гони екс градоначалникот Стевче Јакимовски, откако во 2019 година Обвинителството поднесе обвинение против 11 лица, од кои петмина признаа вина и се спогодија со обвинителството.

Инаку, „цаката“ на ова законско решение, се крие токму во членот 41 од Законот, кој е додаден на предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е всушност членот 41 од Законот.

Тој предвидува да се стопираат сите граѓански и кривични постапки што се во тек, и произлегуваат од постапки за отстранување објекти и постапки во врска со изградба на бесправни објекти од значење за Републиката и од локално значење.

Според обвинението против Јакимовски, станува збор за незаконската легализација на објекти, меѓу кои и за просторот кај поранешниот ресторан „Имес“, и градењето на административната зграда на Општина Карпош.

Со овој закон ќе се амнестираат и други „градители“ на бесправно изградени објекти.

loading...

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

anime stream Attack on Titan Season 2

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 24

AniWatch Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Episode 6

AniWatch JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub) Episode 36

anime online AniWatch Tokyo Ghoul