Петров: Нашето место е во ЕУ и нема да дозволиме да бидеме предмет на уцени и малтретирање
Петров: Нашето место е во ЕУ и нема да дозволиме да бидеме предмет на уцени и малтретирање
ЛИДЕРОТ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА ГО ПОФАЛИ ПРЕМИЕРОТ: Ковачевски е многу коректен политичар, со висока демократска свест
ЛИДЕРОТ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА ГО ПОФАЛИ ПРЕМИЕРОТ: Ковачевски е многу коректен политичар, со висока демократска свест
ЛИДЕРОТ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА: СЕ ОБИДОВМЕ ДА ВОСПОСТАВИМЕ СОРАБОТКА СО СДСМ, БЕВМЕ ОДБИЕНИ
ЛИДЕРОТ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА: СЕ ОБИДОВМЕ ДА ВОСПОСТАВИМЕ СОРАБОТКА СО СДСМ, БЕВМЕ ОДБИЕНИ
Тактичко-показна вежба и промоција на опрема - одбележан Денот на пожарникарите во Делчево
Тактичко-показна вежба и промоција на опрема - одбележан Денот на пожарникарите во Делчево
БРАВО: Ново училиште во Долно Блаце, од септември децата нема да учат во Косово
БРАВО: Ново училиште во Долно Блаце, од септември децата нема да учат во Косово
Ковачевски: Мојатa сопруга е родена во Крива Паланка, не можам да коментирам за нејзините чукундедовци
Ковачевски: Мојатa сопруга е родена во Крива Паланка, не можам да коментирам за нејзините чукундедовци
Докторка ги снимила ужасите на Мариупол, Русите ја заробиле и се губи секаква трага
Докторка ги снимила ужасите на Мариупол, Русите ја заробиле и се губи секаква трага
(ВИДЕО) ЛИДЕРОТ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА, НАЈВЕРНИОТ КОАЛИЦИСКИ ПАРТНЕР НА МИЦКОВСКИ НЕ ЈА КРИЕ ПАТОЛОШКАТА ОМРАЗА КОН АЛБАНЦИТЕ: ЈАС ДА БЕВ МИНИСТЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ НЕМАШЕ ДА ИМ ДАДАМ ЗЕЈТИН НА АЛБАНЦИТЕ!
(ВИДЕО) ЛИДЕРОТ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА, НАЈВЕРНИОТ КОАЛИЦИСКИ ПАРТНЕР НА МИЦКОВСКИ НЕ ЈА КРИЕ ПАТОЛОШКАТА ОМРАЗА КОН АЛБАНЦИТЕ: ЈАС ДА БЕВ МИНИСТЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ НЕМАШЕ ДА ИМ ДАДАМ ЗЕЈТИН НА АЛБАНЦИТЕ!

Предлог-измени на Изборниот законик: Чекор кон демократизација на општеството или вовед во нови етнички поделби

По една година од доставувањето до Собранието на Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, со кој се предвидува пратениците да се избираат според пропорционален модел без изборен праг при што државата би била една изборна единица, иницијативата во вторникот доби зелено светло од Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Според собраниската процедура сега Собранието на пленарна седница треба да се произнесе по Предлогот и ако реши дека тој е прифталив, се очекува да се организира јавна расправа по предложените измени, во која ќе можат да се вклучат сите партии, невладиниот сектор, медиумите и сите други заинтересирани страни, меѓу кои и ЕУ и ОБСЕ/ОДИХР.

Предлагачи на законските измени се пратениците Павле Трајанов од ДС, Маја Морачанин од ДОМ, Моника Зајкова и Боби Мојсоски од ЛДП, Љупчо Балкоски од ВМРО-НП, Димитар Апасиев и Борислав Крмов од Левица, Панчо Минов од СДСМ и сега веќе поранешниот пратеник на ДОМ, Мирослав Богдановски. Овој Предлог првично беше на дневниот ред на собраниската седница што започна на 18 мај минатата година година како 58 точка, но расправата по него не започна и тој остана заглавен во собраниските процедури се до неговото актуелизирање со ставењето на дневениот ред на вторничната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Според предлагачите на измените, со нив ќе им се овозможи на помалите политички партии „да го остварат своето право на претставување“, секој пратеник да има иста тежина, а составот на Собранието да биде реален одраз на определбите на граѓаните.

Еве ја главната заблуда за дијабетесот во Македонија која ги скратува животите!
Владата на 13 април минатата година не даде позитивно мислење за Предлог-законот, повикувајќи се препораките на ОБСЕ/ОДИХР дека измени на Изборниот закон не треба да се дефинираат најмалку шест месеци пред одржување на избори, имајќи предвид дека Локалните избори минатата година се одржаа 17 октомври, односно во периодот кога тој беше ставен на собраниската седници имаше помалку од шест месеци до одржувањето на изборите.

Владата натаму во мислењето потенцираше дека со оглед на тоа оти процесот на усвојувањето на Изборниот законик „неминовно ја наметнува потребата од консензус на сите политички партии“, планирана е поширока дебата со сите парламентарни партии на интередисциплинарната Работна група, што беше формирана во рамки на Министерството за правда кон крајот на декември 2020 година со мандат за изработка на целосно нов Изборен законик.

Истовремено, Владата смета дека е упатно Работната група да го разгледа доставениот Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот закон, со цел тој „да биде предмет на поширока дискусија меѓу струката и политиката, а конечниот предлог за измени на Изборниот законик да биде резултат на сеопфатен, инклузивен и консултативен процес, со цел гарантирање на правната сигурност“.

Една изборна единица без изборен праг

Еве ги симптомите за присуство на наслаги во крвните садови …
Со предложените измени се предвидува наместо досегашните шест изборни единици, 120-те пратеници да се избираат по модел во кој територијата на целата држава би била една изборна единица и не би имало изборен праг што би требало да го минат кандидатските листи за да учествуваат во распредлбата на мандатите.

Во други земји, посебно таму каде што во Парламентите има повеќе стотици пратеници, при избори според пропорционалниот модел, по правило, има и изборен праг, односно минимален процент на гласови што треба да го освои една кандидатска листа за да може да добие пратенички мандати. Тој праг е различен во секоја земја, но најчесто се движи до три или пет проценти.

Еден од предлагачите на законските измени, пратеникот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов вели дека иако во нашиов случај со предложениот модел се потенцира дека нема да постои изборен праг, сепак во праксата ќе има еден природен праг, па при излезност од милион и двеста избирачи, една листа треба да добие околу 10.000 гласови за да добие еден пратеник.

– Ние сме отворени околу можниот праг или природниот праг или евентуално да се договориме за 1,5 или најмногу два отсто, но тој да важи од вториот изборен циклус после промените. Првите наредни избори на кои предлагаме Македонија да биде една изборна единица да се одржат без изборен праг, а за следните избори да се дефинира тој праг за кој што сме отворени да разговараме, вели Трајанов за МИА.

Тој потенцира дека е битно тоа што со моделот на една изборна единица, секој пратеник ќе има еднаква тежина. – Нема да имаме состојба каде што во Шестата изборна единица се станува пратеник со 6.000 гласови, а во „Тројката“ со 9.700 или над 10.000, вели Трајанов, додавајќи дека сега во „Шеската“ исто како и во другите изборни единици се избираат 20 пратеници, но со 60 или 70.000 гласови помалку.

Трајанов нагласува дека досега не слушнал ниту еден аргумент против воведувањето на моделот на една изборна единица, кој, според него, ќе ја рефлектира определбата на граѓаните, ќе се создадат услови за системски промени и круцијалните одлуки ќе се носат по пат на усогласување меѓу повеќе партии.

– Ние во суштина имаме еднопартиски начин на спроведување на власта. Партијата што ќе дојде на власт, дали е ВМРО, дали е СДСМ, ги носи сите одлуки. Вклучително целокпуната партизација зависи од партијата на власт, а се разбира константен коалициски партнер е партијата ДУИ. Да тргнеме од Уставниот суд, каде судиите ги бираат партиите и после тоа очекувате Уставниот суд да биде чувар на уставноста и на законитоста. Кога ќе дојдат некои круцијални, клучни прашања да се решаваат тогаш партиите стапуваат на сцена… Така што треба промени, се во функција на демократизација на државата, па ќе видиме како ќе се одвива овој процес, додава Трајанов.

Според еден од останатите предлагачи на измените, Борислав Крмов од Левица, сегашниот Изборен законик генерира состојба во моментов да немаме повеќепартиски систем, туку бипратиски или поточно трипартиски систем, бидејќи, како што вели, тука не би можела да се занемари ДУИ.

– Во една таква ситуација ние имаме скратување на демократските права, скратување на демократскиот израз на граѓаните и фактички изборните резултати не ја изразуваат најдиректно волјата на граѓанит, вели Крмов за МИА.

Тој нагласува дека над 60 отсто од граѓаните на земјава се за воведување на една изборна единица, а во исто време и во регионот и во Европа има тенденција за воспоставување на ваков модел, како најсилен демократски израз за изборите.

Пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева за МИА вели дека ставот на Социјалдемократскиот сојуз околу промената на Изборниот законик и наместо моделот со шест изборни единици целата наша држава да биде една изборна единица, е јасно кажат и познат уште во 2016 година.

– Во Изборната прогама во 2016 година ние го поставивме тоа прашање како наша заложба, бидејќи сметавме и се уште сметаме дека една изборна единица во овој момент и степен на развојот на парламентарната демократија и на нашиот политички систем, она што значи нашата држава, општествено економскиот развој, степенот на демократија, различностите по секоја основа… рефлектираат дека една изборна единица е подобра од шест изборни единици, вели Калеска-Ванчева.

Таа потенцира дека таквиот став став на СДСМ е потврден и во Изборната програма во 2020 година, потсетувајќи дека во минатиот собраниски состав имаше еден обид за промена на изборниот систем, но дека тогаш најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, како што вели, не дозволи поширока дискусија за ова прашање.

– Сега е добро што се прифати од мнозинството од 120-те пратеници да се отвори прашањето и да се разгоовара на темата и низ една поширока јавна дискусија да дојдеме до најадекватното решение кое ќе одговара на сите засегнати страни, додава Калеска-Ванчева.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Јованоска-Стојаноска потсетува дека иако овој Предлог-закон е доставен во Собранието уште во март минатата година, тој остана заглавен во собраниските процедури.

– Пред месец-два ВМРО-ДПМНЕ, како партија и како пратеничка група, инициравме оваа тема да се реобнови и да стане актуелна, бидејќи очигледно беше заглавена низ собраниските лавиринти. Организиравме средби со колегите пратеници од помалите политички партии, кои се коалиција на власта, а кои се предлагачи на овој закон. Од тие разговори, можеби повторно е произлезено ова да стане актуелно. Конечно и нашата цел беше овој закон да се отвори, бидејќи е тука во Собранието, изјави Јованоска – Стојаноска за МИА.

Таа нагласи дека сега откако Предлог-законот доби зелено светло од Комисијата за политички систем и односи со зедниците во прво читање, ќе следи поширока дискусија по него.

– Нашата прва цел е остварена, да се процесуира овој Предлог-закон за една изборна единица. Ние јавно кажавме дека сме „за“. Тоа е и предлогот на овој закон. Подготвени сме да разговараме за прагот, кој мислам дека е најчуствителна тема за помалите политички партии. Сите настојуваат да биде што помал и да се пресметува во однос на излезноста, а не во однос на бројот на избирачи во гласачкиот список. Ние сме отворени за дебата по овој закон, нагласи Јованоска-Стојаноска, изразувајќи надеж дека нема да помине предолг период од седницита на Комсијата за почитички систем и дека наскоро тој ќе се најде на разгледување пред пратениците и во второ читање.

Заменик-координаторката на ДУИ, Вјолца Адеми вели дека Демократска унија за интеграција е отворена за разговори за измена на Изборниот законик врз основа на аргументи, за да се најде еден поширок „меѓуетничи, па и меѓупартиски консезус“.

– Актуелниот модел резултираше по конфликтот во 2001 година и првпат се имплементираше во 2002 година. Овој модел, актуелниот модел, покажа дека најдобро ја отсликува хетерогената структура на нашето општество. Така што ние, на некој начин нема да дозволиме да дојде до мајоризација на една партија кон друга партија. Така што, пак ќе потенцирам, отворени сме за дебати, но дебати засновани на аргументи, додаде Адеми за МИА.

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Халил Снопче вели дека оваа партија е против воведување на една изборна единица, но е и против сегашниот модел со шест изборни единци, затоа, што како што вели, не е еднаков гласот. Според Снопче, во неколку изборни циклуси дури е прекршен Уставот со тоа што разликата меѓу гласачите во изборните единици била поголема од пет проценти, односно бројот на гласачи во најголемата изборна единица – Шестата бил поголем од овој пет-процентен цензус од средната вредност на другите изборни единици.

– И 2008 и 2016 година е надминат цензусот од пет отсто. Шестата изборна единици во 2008 година имала 20.000 гласачи повеќе од Третата. Во 2011 се префрлуваат избирачки места во Дебар од Шестата во Петтата изборна единица и повторно Шестата има 15.000 гласачи повеќе од Петтата и 28.000 гласачи повеќе од Третата, тврди Снопче.

Тој додава дека во 2016 година Шестата и Втората изборна единица заедно имале 51.000 гласачи повеќе од Третата и Четвратта заедно, поради што, како што вели, гласот во нашата држава не е еднаков.

– Ако одиме со шест изборни единици, ние пред секои парламентарен изборен циклус менуваме закони префрлајќи избирачки места од една во друга изборна единица. Нема логика. Нашиот предлог беше осум изборни единици врз основа на Законот за рамномерен регионален развој. Тоа е научен предлог, затоа што научници имаат утврдено дека нашата држава е така скроена да биде поделена на осум развојни региони, вели Снопче.

Тој потенцира дека предлогот на Алијансата за Албанците е утврдување на изборните единици врз основа на овие осум плански региони, при што бројот на пратеници не би бил фиксен, туку пропорционален врз основа на бројот на гласачи и пред секои избори би се утврдувало која изборна единица, односно регион, колку пратенички мандати ќе има.

– Според една наша актуелна симулација, Скопскиот регион би имал 35 пратеници, Полошкиот – 20, Источниот – 10 итн. се додека дојдеме до таа вкупна бројка од 120 пратеници. Пратениците би се идентификувале со соодветниот регион, а не со изборните единици. Не би дошло до маргинализација на руралните средини, наспроти урбаните. Би се скроиле заеднички економски политики на регионите, а дури има можност и за фискална децентрализација на самите региони во некои аспекти на животот. Има полза во секој аспект и не би се губеле гласовите. Поради тоа што бројот на пратеници не би бил фиксен и пред самите избори би се утврдило кој регион колку пратеници ќе доносе. Значи со овој наш предлог би го немало тој феномен на губење гласови. Затоа мислиме дека овој предлог е единствен научно заснован, додава Снопче.

Гарантирани пратенички места за претставниците на помалите етнички заедници

Со поднесените законски измени, покрај воведувањето „една изборна единица“, со Член 18 се предлага и додавање нов член 127-б во Изборниот законик, со што на етничките заедници кои се застапени со помалку од 20 отсто од населението би им се гарантирало пратеничко место, доколку „партиите од таа етничка заедница освоиле најмалку ист број на гласови со бројот на гласови потребни за пратеничкото место“.

– Партијата на етничката заедница која освоила најголем број на гласови согласно со ставот 1 на овој член го освојува загарантираното пратеничко место, се наведува во ставот 2 од Член 18 од Предлог-законот, со кој е предвидува по член 127-а да се додаде нов член 127-б.

Предлагачите сметаат дека на овој начин партиите на помалите етнички заедници ќе бидат застапени во Собранието преку директно вклучување во изборниот процес, без да влегуваат во коалиции со големите политички субјекти, со што би се „демонтирал еднопартискиот начин на владеење“.

Трајанов од ДС смета дека ваквиот предлог не претставува нарушување на граѓанскиот концепт на државата, туку дека напротив тој всушност се промовира со идејата за една изборна единица, наспроти етничкиот концепт.

– Помалите етнички заедници кои се под 20 отсто од вкупниот број на населението сега се застапени преку другите партии. Тие не можат автентично да ги застапуваат своите барања, своите програмски определби и постојано се во сенката на некоја од поголемите политички партии. Јас сум за граѓански концепт, но реалноста е таа – поделени сме на етнички заедници, вели Трајанов, додавајќи дека со предложниите измени партиите на етничките заедница ќе можат самостојно да настапат и да се изборат на автентичен начин да ги застапуваат нивни пратеници.

Според него, со концептот на една изборна единица политичките партии ќе работат и на тоа да имаат гласачи од сите етнички заедници, а не само од етничката заедница меѓу која имаат влијание или доминантна поддршка, а идејата за загаранитарни места ќе овоможи во Собранието да бидат застапени и помалите етнички заедници.

Тој наведува дека нивниот предлог предвидува дека ако на изборите, на пример, настапат три турски партии, тие сите заедно мора да освојат вкупен број на гласови колку што се потребни за добивање еден пратенички мандат за да може да имаат загарантиран пратеник, но дека тоа не значи дека не може да освојат два или три пратеници, доколку имаат доволен број гласови.

– Има размислување од помалите етнички заедници кои објективно не ќе можат да соберат гласови за еден пратеник да имаат загарантирани квоти. И за тоа треба да се размислува. Јас не сум против тоа, но ете сега во расправата ако преовлада такво мислење може да се направи отстапка, како што тоа го има во многу држави, во Хрватска, во Косово, Црна Гора, Србија…, додава Трајанов.

Крмов од Левица истакнува дека поради сегашниот изборен модел на шест изборни единици, партиите на помалите етнички заеници се принудени да се врзуваат за големите партии, на еден начин како „пајтон партии“.

– Тука не е ситуацијата чиста, бидејќи можат да бидат уценувани, додека како една Изборна единица, со Предлог-законот со член 18 партиите на помалите етнички заедници со освојување на од прилика 7.000 гласови, што е апсолутно возможно за нив, ќе може сами да влезат во Парламентот, без да се врзуваат за ниту една партија, што ние го сметаме за поголема демократизација, додава Крмов.

Околу прашањето за правичната застапеност на сите етнички заедници, пратеничката на СДСМ, Калеска-Ванчева потенцира дека мора да се води сметка оти нашата држава е мултиетничка и мултиконфесионална и со многу различности, а парламентраната демократија подразбира стремеж кон вистинска застапеност на сите во парламетраниот дом.

Според неа, колку е тоа изводливо и кој ќе биде најоптималниот начин, треба да се види низ една поширока јавна дискусија во која својот став ќе го кажат не само засегнатите страни, односно политичките партии, туку и ескпертската и пошироката јавност.

– Таквите промени треба да го трасираат патот по кој ќе се движи ова демократско општество. Ако сме се определиле за вистинска парламентарна демократија, а мислам дека никој нема поинакво мислење, тогаш мораме да најдеме еден оптимален модел кој што во себе ќе има механизми што ќе можат да го обезбедат тоа, во смисла на вистинска претставеност на сите заедници, додава Калеска-Ванчева.

Јованоска-Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ вели дека таа лично е против загарантирани места за припадниците на помалите етнички заедници, потенцирајќи дека тоа сепак е нејзин личен став, а не на партијата.

– Јас сум за рамноправна борба и еве ако одиме на една изборна единица и можност за отворени листи, тогаш сите рамноправно би учествувале во еден изборен процес… Нека има рамноправна борба на отворени листи во една изборна единица и пратеник ќе се станува со ист број на гласови освоени рамномерно на целата територија на Република Македонија. Јас доаѓам од Шестата изборна единица, каде што имавме случаи во изборни циклуси да се станува пратеник со пет или шести илјади гласови, а, на пример, во изборните единици 1 и 2 дури со 10.000 гласови, потенцира Јованоска-Стојаноска.

Халил Снопче вели дека Алјансата за Албанците не е против воведување на загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници, но за да се случи тоа ќе биде потребна промена на сегашниот модел со шест изборни единици.

– Прво треба да се има консезус за менување на изборниот модел и во рамките на тој консезнус да се најде простор и за помалите етнички партии да имаат загарантирани места. Но, ние сме против тие двојно да се избираат – да имаат и загарантирани места и да се избираат во рамки на изборниот натпревар. Ако се загарантирани, сите да се согласиме дека тие се загарантирани. Се сложуваме и би дале поддршка за такво нешто, потенцира Снопче.

Д’Онтов или „поправичен“ модел на распределба на мандатите

Со Предлог-законот се превидува задржување на постојниот Д’Онтовиот модел за распределба на мандатите, за кој важи дека ги фаворизира поголеми партии.

Според Д’Онтовиот модел или „метод на најголеми количници“ мандатите се распределуваат така што вкупниот број освоени гласови на секоја листа одделно се дели со низата делители 1, 2, 3, 4 итн. сé додека не се распределат според определениот принцип сите пратенички места, со што се добиваат изборни количници. Добиените количниците се редат по големина, при што секоја листата на кандидати добива толкав број на пратенички места колку што има најголеми количници до целосната распределба на сите мандати. Овој модел на распределба на мандати првпат го презентирал поранешниот американски претседател Томас Џеферсон во 1792 година, но неговата сегашна форма ја разработил белгискиот математичар Виктор Д’Онт во 1878 година, по кого е и именуван.

Сличен на Д’Онтовиот модел е Вебстеровиот или Сент-Лагиевиот методот, со таа разлика што вкупниот број освоени гласови на секоја листа одделно се делат со низата непарни делители 1, 3, 5, 7 итн. Овој методот првпат го опишал американскиот сенатор Даниел Вебстер во 1832 година и бил користен при изборот на членовите Конгресот на САД во 1842 година. Истиот метод бил независно разработен во 1910 година од францускиот математичар Андре Сент-Лаги, што е и причина за двојното име на овој модел.

Според експертите, Д’Онтовиот модел ги фаворизира поголеми партии, додека методот Вебстеровиот или Сент-Лагиевиот методот генерално се смета за „попропорционален“, бидејќи им овозможува освојување мандати и на партии со помал број гласови. Споредба на распределба на мандатите според Д’Онтовиот и Вебстер/Сент-Лагиевиот модел врз основа на резултатите од парламентарните избори во 2020 година:

Трајанов се согласува со ваквата констатација и очекува амандмани во насока на промена начинот на распределба на пратеничките мандати.

– Во Демократскиот сојуз направивме една анализа за изборните модели и пресметка на пратеници. Д’Онтовиот модел навистина ги фаворизира големите полиитчки партии, но ако има интерес и ако се сложат големите партии, амадмански сме подготвени да прифатиме подобар модел и апсолутно тука немаме спорни работи, вели Трајанов.

Крмов додава дека предлагачите размислуваат и за други модели на распределба на мандатите во Собранието, но сметале дека во моментов не може да се „истурка“ поширок консензус за такво нешто.

– Тука се сконцентриравме на сведување на државата од шест изборни единици на една изборна единица. Инаку, ние разгоравме и за зголемување на квотата за половите да биде 50-50, потоа се зборуваше за отворени листи, па модел за отворени листи… Но одлучивме дека сето тоа би го прекомплицирало процесот и би дало изговор да се отфрли овој предлог и затоа се концентрираме на една изборна единица, нагалсува пратеникот на Левица за МИА.

Крмов се согласува со ставот дека Д’Онтовиот модел е еден од полошите и понедемократските методи на распределба на мандатите, потенцирајќи дека постои и Вебстер/Сент Лагиевиот систем, модел на најголеми количници кои отпосле се додават и други системи и дека се размислува и во тој правец, па ако постои консензус тоа би можело да се промени амандмански во текот на расправата.

Снопче од Алијансата за Албанците, пак, вели дека дале и конкретни предлози како да им се овозможи на помалите партии да имаат пратеници во Собранието, бидејќи тоа не ќе може да се случи само со промена на една изборна единица, туку е потребна и промена на начинот на распределба на мандатите.

– Наместо Д’Онтовиот модел кој последователно ги дели гласовите со броевите од 1 до 20, ние предложивме модел да делиме со непарни броеви – 1, 3, 5, 7 итн. Во тој случај наместо со шест до осум илјади гласови, пратеник би се избирал со 2.500 до 3.000 гласа. Така би дошле до израз помалите партии, нагласува Снопче.

На аргументот на помалите партии дека им се губат многу гласови, Снопче вели дека Алијансата го предложила и моделот на остатоци.

– Бројот на важечките гласови се дели со бројот на пратеници што се избираат и се утврдува бројот на гласови за еден пратеник. И ако, хиоптетички, се избрани 113 пратеници, остануваат седум пратеници и да речеме една мала партија, ја зедов како пример ДОМ, која е една од предлагачите на овој закон, ако има освоено 25.000 гласови, со 20.000 гласови добила три пратеници, останеле 5.000 гласови и ако тоа е најголемиот остаток, следниот 114-от пратеник, ќе биде од таа партија. Значи ние подадовме рака за промена на изборниот модел, не само на избораната единица. Никој не сака да зборува за тоа, потенцира Снопче.

Отворените листа оставени за „некои подобри времиња“

При последните измени на Изборниот законик се споменуваше и воведувањето на отворени кандидатски листи, прво за локланите избори, но тоа не се случи. Ваквата иницијатива ја нема ниту во сегашниот Предлог-закон.

Трајанов вели дека предлагачите оделе на минимални измени на Изборниот законик прифатливи за сите. – Ако одиме сега и на отворени листи, се уште не е таа работа добро истражена и проверена во праксата. Во Косово имаше големи проблеми, а и во некои други држави, Но, ако има отворени листи тогаш отпаѓа можноста за коалицирање, смета Трајанов.

Тој посочува дека ако Демократскиот сојуз коалицира со СДСМ или со ВМРО-ДПМНЕ, од нив би добиле два кандидати за пратеници меѓу 120-те на изборната листа, кои би можеле да бидат на 50 или 120 место и би било тешко да ги насочат граѓаните да гласаат за кандидатот на ДС, со што практично таквите отворени коалициски листи би биле на штета на помалите партии.

– Ако има отворени листи, тогаш предлагам да нема коалицирање. Ако има коалиција би било добро да има праг, на пример два отсто, а ако партијата настапува самостојно нема потреба да има изборен праг. Така што засега мислам дека не треба да експериментираме, треба да се почека, да се направат анализи, бидејќи искуството ги покажа негативните ефекти од отворените листи, вклучително и тоа што се концентрираат пратеници од поголемите градови, а ние сакаме преку овој концепт партиите да водат сметка за регионална застапеност, вели Трајанов.

Но, за разлика од Трајанов, Снопче од Алјансата за Албанците смета дека со отворените листи би се демократизирал изборот.

– Партиите мора да предлагаат професионални кадри, а демократизацијата би дошла и кај самите граѓани кои ќе имаат право да избираат. Плус и помалите партии би се мотивирале. Ако помалата партија прави коалиција и ако има јаки кандидати, би можела да добие повеќе гласови во рамки на коалицијата со отворени листи, додава Снопче, нагласувајќи дека иако сите велат дека се за вакви листи, нема никаков чекор за нивно воведување.

Дали консезусот ќе ги „потопи“ измените на Изборниот законик

Потребата од консензус при донесување на измени ја посочи и Владата во Мислењето по поднесениот Предлог-закон. За консензус се залагаат и од СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците.

Снопче дури и потестува дека во 30-годишна традиција во нашата демократска држава, промените на Изборниот законик се носеле со консезус на четирите поголеми партии.

– Ако се прекрши тој принцип тоа може да имплицира и други прекршувања што не е во ред. Значи, едно непишано правило е поставено итоа непишано правило треба да продолжи, додава Снопче.

Според Трајанов, во моментов има амбиент и граѓанска определба за промена на бројот на изборни единици од шест во една, за што Демократскиот сојуз и другите партии предлагачи имаат поддршка и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ.

– Очекуваме низ овој процес на усогласување да се добие поширок консензус. Но, никогаш досега немало целосен консензус за некои битни прашања. Ние одиме на тоа да има мнозинство пратеници, над 90 или 100 пратеници кои би ги поддржале промените. Јас ги разбирам и ДУИ и Алијансата и некои други политички партии, затоа што многу полесно е е сега со овој систем со помалку гласови да имаат повеќе пратеници, но тоа не е фер. Секој пратеник треба да има иста тежина, вели Трајанов.

Тој додава дека во претстојниов период ќе се работи на усогласување на сите ставови, потенцирајќи дека досега партиите на Албанците не презентирале аргументи зошто се против една изборна единица.

Крмов, исто така, нагласува дека над 90 пратеници во Собранието го поддржуваат воведувањето на една изборна единица.

– Мислам дека тоа барање консензус е изговор. Во ред е ако се бара консезус, ама еве ние како Левица, што сме парламентарна партија, бевме вклучени во тие разговори што се водеа во Работната група организирана од Министерството за правда и се додека им одговараше, нагласува Крмов.

Тој вели дека Левица била исклучена од тие разговори и не им требало консензус од неа два и пол месеци пред ланските локални изборите, кога спротивно на препораките на ОБСЕ и ОДИХР да не се менуваат изборните правила најмалку шест месеци пред избори, имало „обид за насилно носење на Изборниот законик“, за зголемување на процентот за потписи за независните листи и за простор за рекламирање на големите партии.

– СДСМ, иако уште во програмата од 2016 година ја има ставено идејата за една изборна единица, сега не некој начин му прави „кавер“ на коалицискиот партнер ДУИ и сега од еднаш се бара консезус од цело Собрание, што милам дека е невозможно. Ние ако обезбедиме двотретинско мнозинство, 90 или над 90 пратеници, овој закон треба да се донесе, додава Крмов.

Трајанов потестува дека сега ќе претстои процес на расправа во Парламентот, а потоа Предлог-законот ќе оди на јавна дискусија каде ќе се видат аргументите на сите и на парламентарните и на вонпарламентарните партии, на невладините организиации, на ОБСЕ/ОДИХР и на ЕУ.

– Не може да се изгради концепт во кој ќе бидат вградени сите интереси. Веројатно ќе треба да се избалансираат некои работи за законот за добие поширока поддршка, вели Трајанов.

Тој потенцира дека идејата за една изборна единица била програмска заложба на ДС за поддршка на Владата и од СДСМ е прифатен таквиот концепт, иако сега се споменува некаков консензус за измените на Изборниот законик.

– Сакам ексклузивно да го кажам за МИА, ние имаме и други демократски средства да го донесеме законот. Ќе ги искористиме сите законски и деловнички можности. Доколку некоја од политичките партии го блокира со амандмани, ние имаме алтернативна варијанта. Тоа значи, ќе побараме исто закон, по скратена постапка, да го поминеме со „европско знаме“ и тогаш ќе помине законот доколку СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ останат цврсто на ставовите. Но, нашата цел е да изградиме консензус, да нема политички партии што ќе се противат, вели Трајанов.

За него е неприфатливо кај етничките заедници да се создаде чувство дека се носи некаков закон против нив, потенцирајќи дека напротив со понудениот концепт ги фаворизира помалите етнички заедници.

– Не е само албанската етничка заедница, таа е побројна од другите, но не е клучна. Има и други етнички заедници. Мора прво да се води сметка за интересите на граѓаните, за интересите на државата, а второ да се остваруваат колективните права така како што се дефинирани. Камо среќа да се смени амбиентот и реалноста и партиите повеќе да водат сметка за правата на поединецот, на човекот, а помалку да водат сметка за колективните права. Нашиот изборен процес, меѓу другото почива на национализам и екстремизам. Голем број партии се уште добиваат гласови на национализмот, на патерналистичкиот однос кон нивната заедница. Полека тоа треба да се разбива. СДСМ тоа го испроба со концептот „Едно општество за сите“ и доби 60-тина илјади гласови од Албанците. Дали тоа сега ќе се одвива во позитивна насока или повторно ќе се затвориме во етничките гета, ќе видиме. Во секој случај јас го фаворизирам граѓанскиот концепт, не правата на колективитетите, тие се дефинирани и не треба постојано да се повикуваме на такви права на штета на општите интереси или на интересите на граѓаните, заклучува Трајанов.

Сашко Панајотов,МИА

loading...

anime stream. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

aniwatch app AniWatch DARLING in the FRANXX (Dub)

anime streaming Dragon Ball Super

To Your Eternity

AniWatch That Time I Got Reincarnated as a Slime Episode 17

anime sites Tokyo Revengers

tải go88