Маричиќ: Новата енергија која беше видлива преку посетата на Петков треба да се прошири со конкретни чекори
Маричиќ: Новата енергија која беше видлива преку посетата на Петков треба да се прошири со конкретни чекори
Бочварски – Сабев: Ги разгледуваме можностите за авиолинија Скопје - Софија и либерализација на товарниот транспорт за трети земји
Бочварски – Сабев: Ги разгледуваме можностите за авиолинија Скопје - Софија и либерализација на товарниот транспорт за трети земји
ПРЕКУ ОВА БУГАРИЈА ИМА ДОНИРАНО СТОТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ИЗМИНАТИВЕ 30 ГОДИНИ - Бугарија ќе субвенционира двојно повеќе студенти од Македонија
ПРЕКУ ОВА БУГАРИЈА ИМА ДОНИРАНО СТОТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ИЗМИНАТИВЕ 30 ГОДИНИ - Бугарија ќе субвенционира двојно повеќе студенти од Македонија
ДОМ од Ѓорче Петров бара Владата да помогне да се среди просторот околу поранешната фабрика Купрум
ДОМ од Ѓорче Петров бара Владата да помогне да се среди просторот околу поранешната фабрика Купрум
ОВИЕ ЌЕ ЛЕТААТ И НАД НАШАТА ЗЕМЈА: Шест француски воени авиони Рафал пристигнаа во Грција, дел од зделката вредна 2,5 милијарди евра за кои Франција треба да и даде на Грција 6 нови и 12 користени воени авиони плус муниција и одржување

(ВИДЕО) ВО СРБИЈА СНИМЕНА СЕРИЈА ЗА СЈО И ОРЦЕ КАМЧЕВ - СЕ ВИКА ТАЈКУН, ВО ГЛАВНАТА УЛОГА АКТЕРСКАТА ЛЕГЕНДА ДРАГАН БЈЕЛОГРЛИЌ
(ВИДЕО) ВО СРБИЈА СНИМЕНА СЕРИЈА ЗА СЈО И ОРЦЕ КАМЧЕВ - СЕ ВИКА ТАЈКУН, ВО ГЛАВНАТА УЛОГА АКТЕРСКАТА ЛЕГЕНДА ДРАГАН БЈЕЛОГРЛИЌ
МИЦКОВСКИ БЕЗ ГРАМ ОСЕТ, ГО ЗЛОУПОТРЕБИ ПРАЗНИКОТ ВОДИЦИ ДА ЈА ЗАМАРА ЈАВНОСТА ЗА ПОЛИТИКА И НЕГОВАТА ОПСЕДНАТОСТ ЗА ВЛАСТ И МОЌ!
МИЦКОВСКИ БЕЗ ГРАМ ОСЕТ, ГО ЗЛОУПОТРЕБИ ПРАЗНИКОТ ВОДИЦИ ДА ЈА ЗАМАРА ЈАВНОСТА ЗА ПОЛИТИКА И НЕГОВАТА ОПСЕДНАТОСТ ЗА ВЛАСТ И МОЌ!
Спасовски апелира: Граѓаните уште сега да ги сменат своите патни исправи, ако треба, за да се избегнат летните гужви
Спасовски апелира: Граѓаните уште сега да ги сменат своите патни исправи, ако треба, за да се избегнат летните гужви

ПРЕКРАСЕН ПОТЕГ: Град Скопје предложува имиња на улици по Дејвид Боуви, „Медена Земја“ и „Леб и сол“

Имињата на култниот музичар Дејвид Боуви, документарецот „Медена земја“, групите „Леб и сол“, „Лева патика“ и „Квин“, архитектите Кензо Танге и Борис Чипан, преведувачот Огнен Чемерски, актерката Анче Џамбазова, драматургот Коле Чашуле, музичарката Есма Реџепова… се најдоа на предложената Листа за имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје.

Советот на Град Скопје на претстојната седница ќе расправа за дополнување на постоечкиот регистар, кој се предлага да се обнови со вкупно 521 ново име.

Листата опфаќа имиња на истакнати личности од областа на градското, националното и светското културно и историско наследство, поважни настани од македонската и светската историја, имиња дадени според топоними на градови во земјата и регионот и други имиња.

Меѓу предлозите стојат и имињата на еден од основачите на културолошките студии, Стјуарт Хол, исто така културологот Ричард Хогард, писателите Ернест Хемингвеј и Марк Твен, францускиот филозоф и теоретичар Мишел Фуко, австрискиот научник Зигмунд Фројд, дипломатот Кофи Анан…

Понатаму, предложен е и првиот македонски филм „Фросина“, одборникот во Собранието Фаик Абди, учеснците во НОБ Кемал и Неџат Аголи, археологот Блага Алексова, како и историското „Црешово топче“.

„Со ова дополнување на листата предвидено е да се зголеми бројот на имиња на женски личности и настани кои оставиле белег во историски и културен контекст, како и на припадниците на немнозинските заедници кои живеат во Скопје, но и на бројот на топоними со регионално и светско значење. Од вкупно 571 име, 479 се имиња на истакнати личности од кои 79 се имиња на жени, додека пак останатите 92 имиња се имиња на поими кои означуваат поважни настани, топоними и други поими. Во дополнувањето на листата вратени се и имињата на улиците од периодот на солидарноста и изградбата на повоено Скопје, а кои беа отстранети со претходни одлуки на Советот на градот“, соопштуваат од Градот.

Од таму посочуваат дека летото 2019-та е спроведена онлајн анкета, која граѓаните ги дадоа своите предлози за имиња на градските улици, а листата беше дополнета и со други формално доставени иницијативи.

„Согласно Законот за определување на имињата на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти Името на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект може да биде определено со географско, етнографско, историско и друго обележје, име на истакната личност од областа на историјата, науката и културата, други погодни имиња, како и име на значаен настан и датум, врз основа на листа на имиња“, се вели во соопштението на Градот.

Исто така, велат тие, Законот предвидува две одделни постапки за утврдување на имиња и нивно задавање не конкретни топоними.

Листата на имиња ја утврдува Советот на Град Скопје, по претходно добиена согласност од Владата. При утврдувањето на листата на имиња од страна на Советот на градот Скопје, општините од подрачјето на градот Скопје даваат мислење по истата.

„По добиената согласност од Владата, Советот на Град Скопје ја усвојува листата, а дури потоа може да се пристапи кон менување на конкретни имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, коишто се менуваат со посебни одлуки на Советот. Сите идни промени на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје согласно овој закон предвидено е да се црпат исклучиво од оваа листа“, се вели во соопштението на Град Скопје.

loading...

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

GoGoAnime SK8 the Infinity

gogoanime in GoGoAnime The Daily Life of the Immortal King [Chinese Dub]

GoGoAnime Tokyo Ghoul Episode 5

My Hero Academia Season 2 (Dub) Episode 17

gogoanime in GoGoAnime DON'T TOY WITH ME, MISS NAGATORO