Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ

ДОНАТОРСКА АКЦИЈА: Преку фриленсинг до помош за самохраните мајки во земјата

Од 13-ти до 30-ти септември преку меѓународната платформа за донации globalgiving.org, Импакт Фондација започна донаторска кампања наменета за собирање средства. Средствата ќе бидат наменети за поддршка на најмалку 10 самохрани мајки да се обучат како фриленсери и да започнат кариера на некоја од претпознатливите фриленсинг платформи.

Целта се однесува на обезбедување на обуки за фриленс работа кои би помогнале на оваа категорија граѓани да обезбедат достојна заработка. Дополнително, ова би овозможило флексибилно работно време за самохраните мајки, кои честопати се соочуваат и со недостаток на време за нивните деца. Секој индивидуалец може да ја подржи капмањата донирајќи на следниов линк.

Согласно најновите светски и локални податоци во поголем број земји во светот, самохраните мајки претставуваат 80 до 90 проценти од самохраните родители. Во 2020 година 4.371 самохрани родители во Република Северна Македонија аплицирале за некаква финансиска помош од страна на државните институции. Овие податоци говорат дека многумина самохрани родители имаат проблеми да обезбедат соодветни средства за израснување на нивните деца.

Импакт Фондацијата цели да помогне на ранливите категории на граѓани во земјата преку проектот, вклучувајќи ги и самохраните мајки. Недоволно посветено внимание и негирање на постоењето на проблеми кај самохраните мајки доведе до создавање на донаторската акција. Со тоа би се овозможило еднакви шанси и пристап до меѓународен пазар и за оние кои немаат доволно средства за покривање на едукативни трошоци.

Како дел од еден поголем проект, Импакт Фондација ќе соработува со поголемите тренинг центри во земјата за создавање на едукативни модули кои специјално ќе бидат насочени кон обука за фриленсинг, опфаќајќи и технички познавања како и меки вештини.

Импакт Фондација е фондација за развој на приватниот сектор преку континуирана промоција на одржлив развој. Работи на полето на зелени економии, одржлив туризам и иновативни технологии со пристап за развој на пазарните системи. Воедно Импакт Фондација се грижи и за општествената благосостојба,

Донаторската акција ќе се одвива од 13-ти до 30-ти септември преку меѓународната платформа за донации globalgiving.org.
Нашиот проект можете да го најдете на: https://www.globalgiving.org/projects/empower-single-mothers-in-macedonia-in-freelancing/

loading...

https://go88.gg/

game tài xỉu sunwin tại sunwin về máy sunwin bịp