Изгадбата на Коридорот 8 го вративме меѓу врвните приоритети на Владата каде очекувам интензивирање на работите. Со Република Бугарија формиравме посебна работна група за овој проект која ќе ги итензивира градежните работи на двете страни на границата.
Коридорот 8, како дел од Пан Европските коридори што ја поврзуваат оската Исток-Запад е клучен за развојот на економијата во целиот регион и полесно поврзување на граѓаните.
Експресниот пат Ранковце-Крива Паланка на кој денес направивме увид со министерот Бочварски и директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми, ќе има по една лента за возење и по една помошна лента за застанување во секој правец. Со неговата изградба значително ќе се скрати времето на патување меѓу Куманово и Крива Паланка.
Поразговарав и со работниците кои во исклучително тешки услови на ниски температури одлично ја вршат својата работа.