ХАОС ВО ДЕСНИЦАТА: ПАЛЧО РАСПАЛИ ПО МИЦКОВСКИ НА СРЕД КУРТОН АЛФА - ЧОВЕКОТ НЕ ЗНАЕ КАЈ ТЕРА, ПРВО НИ ВИКА ДА ЗБИРАМЕ ПОТПИСИ ЗА БОЈКОТ НА ПОПИСОТ, ПОСЛЕ И ВИКА НА ДИЈАСПОРАТА ДА СЕ ПОПИШУВА МАСОВНО?!?!
ХАОС ВО ДЕСНИЦАТА: ПАЛЧО РАСПАЛИ ПО МИЦКОВСКИ НА СРЕД КУРТОН АЛФА - ЧОВЕКОТ НЕ ЗНАЕ КАЈ ТЕРА, ПРВО НИ ВИКА ДА ЗБИРАМЕ ПОТПИСИ ЗА БОЈКОТ НА ПОПИСОТ, ПОСЛЕ И ВИКА НА ДИЈАСПОРАТА ДА СЕ ПОПИШУВА МАСОВНО?!?!
ИФИМЕС: Владата со брзото пронаоѓање на Мијалков спречи обид за државен удар во С.Македонија
ИФИМЕС: Владата со брзото пронаоѓање на Мијалков спречи обид за државен удар во С.Македонија
ЗЛАТКО МАРИН: Пристигнаа вкупно 22 идејни решенија за проектирање управна зграда на Општина Аеродром по објавениот анонимен конкурс
ЗЛАТКО МАРИН: Пристигнаа вкупно 22 идејни решенија за проектирање управна зграда на Општина Аеродром по објавениот анонимен конкурс
Пролетта е идеално време за убави работи - потрошувачки кредит на Комерцијална Банка до 30 000е со евро клаузула
Пролетта е идеално време за убави работи - потрошувачки кредит на Комерцијална Банка до 30 000е со евро клаузула
ЗА ПРВ ПАТ ПОТЕЧЕ ВОДА ВО БУЛАЧАНИ, ГАЗИ БАБА: УШТЕ ЕДЕН УСПЕХ НА ВРЕДНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК БОРЧЕ ГЕОРГИЕВСКИ
ЗА ПРВ ПАТ ПОТЕЧЕ ВОДА ВО БУЛАЧАНИ, ГАЗИ БАБА: УШТЕ ЕДЕН УСПЕХ НА ВРЕДНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК БОРЧЕ ГЕОРГИЕВСКИ
Заев: Владата ниту преговарала, ниту ќе преговара за македонскиот идентитет и јазик!
Заев: Владата ниту преговарала, ниту ќе преговара за македонскиот идентитет и јазик!
Заев и Николовски во офанзива против корупцијата: Нема веќе чување предмети по фиоки и чекање на шалтери, воведуваме Е-инспектор
Заев и Николовски во офанзива против корупцијата: Нема веќе чување предмети по фиоки и чекање на шалтери, воведуваме Е-инспектор
Од 50-та седница на Владата: Усвоен Планот за борба против корупцијата; Усвоен здравствениот протокол за непречено спроведување на Пописот; Одобрен Предлог законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк
Од 50-та седница на Владата: Усвоен Планот за борба против корупцијата; Усвоен здравствениот протокол за непречено спроведување на Пописот; Одобрен Предлог законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк

Премиерот Заев: ЕУ досега ни даде 2 милијарди евра грантови и ефтини заеми, сега ни нудат уште 9 милијарди евра за наредните неколку години

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, претседаваше со Националниот инвестициски комитет на кој заедно со ЕУ амбасадорот Дејвид Гир, во воведните обраќања ја истакнаа важноста од имплементација на проектите предвидени во Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, усвоен од Европската комисија, како и единствената листа на инфраструктурни проекти.

На состанокот се направи ревизија на единствената листа на проекти за да се утврди кои од нив соодветствуваат со Економскиот и инвестицискиот план на ЕУ, кој ќе мобилизира финансирање до 9 милијарди евра за Западен Балкан во рамките на новиот инструмент за претпристапна помош наречен ИПА III.

Премиерот Заев, на средбата подвлече дека Економскиот и инвестицискиот план е од големо значење, а дополнително како земја стекнавме огромно искуство со користење на средства преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

„Средствата ќе бидат насочени за инвестиции во областите на транспорт, енергија, зелена и дигитална транзиција како и развој на човечки ресурси за да се обезбеди одржлив раст и работни места, поттикнувајќи го економскиот развој и закрепнување на регионот. Досега се реализирани преку 23 проекти во вредност од околу 2,1 милијарди евра грантови и заеми во Република Северна Македонија. Верувам дека Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан, ќе даде силно и позитивно влијание врз економското закрепнување на регионот, поддршка на зелена и дигитална транзиција и поттикнување на регионална интеграција кон Европската Унија. Националните институции, присутни на состанокот, ќе работат со голема посветеност, во согласност со нивните надлежности со цел да се искористат расположливите средства. Посветени сме на доброто управување што е основа за одржлив економски раст. Нашиот фокус е насочен кон поттикнување на економијата и инвестициите со спроведување на основните реформи во согласност со европските вредности“, рече Заев.

Свои излагања имаа и Никола Димитров, вицепремиер за евроинтеграции и Фатмир Бесими, министер за финансии. Вицепремиерот Димитров посочи на идните планови на Владата во поглед на имплементација на проектите во приоритетните 5 области: транспорт, животна средина, енергетика, социјална и дигитална трансформација, токму во периодот на транзиција од ИПА II кон ИПА III, кога се разгледува и агендата за капитални инвестиции во согласност со новините во ИПА III и Економскиот инвестициски план.

„Се одлучивме за покредибилна, подинамична и попредвидлива инвестициска агенда со зајакнато политичко управување, со цел да создадеме отпорна економија на предизвици како пандемијата, економија која ќе има сила да се избори со ненадејните удари, но и одржлива, социјално праведна и неутрална во однос на климатските промени“, истакна Димитров, додавајќи дека „овие предизвици ќе ги надминеме со зајакнати напори во спроведувањето на структурните реформи, надминување на структурните слабости и зајакнување на конвергентноста во овие тешки времиња.

Министерот Бесими, посочи дека имаме добра можност да имплементираме значителен дел од нашиот план за јавни инвестиции преку Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан, кој има за цел да стимулира долгорочно закрепнување.

„За да ги искористиме придобивките од овој план, поддржан од ИПА III, и за да се обезбеди одржлив економски раст – треба да ги спроведеме реформите од економскиот и финансискиот дијалог со ЕУ под програмите за економски реформи (ERP), препорачани во годишниот пакет за проширување. Покрај тоа, дијалогот за ERP треба да обезбеди важни насоки за инвестициски одлуки според Економскиот и инвестициски план и внимателно планирање и приоритизирање на ресурсите“, рече Бесими.

Презентација на своите секторски приоритетни проекти имаа министрите за транспорт и врски, економија, животна средина и просторно планирање, земјоделство, шумарство и водостопанство, информатичко општество и администрација, труд и социјална политика, образование и наука, здравство и правда. Онлајн присутни на состанокот беа и претставници на Владата, амбасадорите на ЕУ, високи претставници од меѓународните финансиски институции, билатералните партнери и донаторската заедница со постојана мисија во Северна Македонија.

Националниот инвестициски комитет е советодавно тело во кое на транспарентен начин се рангирани стратешки проекти, пред сè во делот на инфраструктура, енергетско и транспортно поврзување на земјите од Западен Балкан и ЕУ, заштита на животната средина, социјалната и дигиталната инфраструктура, како клучен фактор за раст и отворањето на нови работни места во регионот.

loading...

Attack on Titan: Since That Day (https://animefreak.ws/m/7pNw) Episode Full at AnimeFreak anime freaks tv

Watch Fire Force Season 2 Episode 16 (https://crunchyrollfree.com/m/P9vQ/ep-16) at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll only one free trial per payment method