МВР ЈА ПРЕДУПРЕДУВА ЈАВНОСТА: РОДИТЕЛИТЕ ДА ВНИМАВААТ НА СВОИТЕ ДЕЦА КОИ КОРИСТАТ ТИК ТОК, ВО РУСИЈА И ИЗРАЕЛ СЕ ЗАБЕЛЕЖАНИ ПОВИЦИ ЗА САМО ПОВРЕДУВАЊЕ!
МВР ЈА ПРЕДУПРЕДУВА ЈАВНОСТА: РОДИТЕЛИТЕ ДА ВНИМАВААТ НА СВОИТЕ ДЕЦА КОИ КОРИСТАТ ТИК ТОК, ВО РУСИЈА И ИЗРАЕЛ СЕ ЗАБЕЛЕЖАНИ ПОВИЦИ ЗА САМО ПОВРЕДУВАЊЕ!
БОТОВИТЕ НА ВМРО ДПМНЕ КРЕНАА РАЦЕ ОД МИЦКОВСКИ: ОВАА ФОТКА Е ХИТ НА ТВИТЕР И ФЕЈСБУК!
БОТОВИТЕ НА ВМРО ДПМНЕ КРЕНАА РАЦЕ ОД МИЦКОВСКИ: ОВАА ФОТКА Е ХИТ НА ТВИТЕР И ФЕЈСБУК!
(ВИДЕО) ТОА Е ТАА ХАРИЗМА НА ГОЛЕМИТЕ ЛИДЕРИ КОЈА ИЛИ ЈА ИМАШ ИЛИ ЈА НЕМАШ: БОЈКО БОРИСОВ МУ ГО ДАДЕ СВОЕТО ПАЛТО НА ГРАДЕЖЕН РАБОТНИК
(ВИДЕО) ТОА Е ТАА ХАРИЗМА НА ГОЛЕМИТЕ ЛИДЕРИ КОЈА ИЛИ ЈА ИМАШ ИЛИ ЈА НЕМАШ: БОЈКО БОРИСОВ МУ ГО ДАДЕ СВОЕТО ПАЛТО НА ГРАДЕЖЕН РАБОТНИК
(ВИДЕО) ПАЗЕТЕ ЛУЃЕ, КОПИЛИЊА И МОНСТРУМИ ДЕМНАТ НА ИНТЕРНЕТ СО НАМЕРА ДА ВЕ ОГРАБАТ
(ВИДЕО) ПАЗЕТЕ ЛУЃЕ, КОПИЛИЊА И МОНСТРУМИ ДЕМНАТ НА ИНТЕРНЕТ СО НАМЕРА ДА ВЕ ОГРАБАТ
(ВИДЕО) БОЈКОТИРАМ: ПРОБЛЕМОТ НА ВМРО ДПМНЕ Е ШТО ТОЛКУ МНОГУ ГО МРАЗАТ ЗАЕВ ШТО ПОВЕРУВАА ВО ПРИКАЗНИТЕ ДЕКА ЗАЕВ Е ГЛУП, И ТУКА Е ПРОБЛЕМОТ ШТО ГО ПОТЦЕНУВААТ ЦЕЛО ВРЕМЕ
(ВИДЕО) БОЈКОТИРАМ: ПРОБЛЕМОТ НА ВМРО ДПМНЕ Е ШТО ТОЛКУ МНОГУ ГО МРАЗАТ ЗАЕВ ШТО ПОВЕРУВАА ВО ПРИКАЗНИТЕ ДЕКА ЗАЕВ Е ГЛУП, И ТУКА Е ПРОБЛЕМОТ ШТО ГО ПОТЦЕНУВААТ ЦЕЛО ВРЕМЕ
ЦАРОВСКА: Подновувањето на Спомен-собата на Крсте Мисирков е значаен настан, не само за Институтот за македонски јазик, туку и за целата држава. На овој начин се покажува почитување кон неговото дело, но, и вложување во грижата и негувањето на македонскиот јазик

ОРДАНОВСКИ: СО БРАВУРОЗЕН ДОСЕГА НЕВИДЕН ВО МАК ПОЛИТИКАТА ПОТЕГ, ЗАЕВ ГО ТРЕСНА МИЦКОВСКИ ОД ЗЕМЈА, ПО КОЈ ЗНАЕ КОЈ ПАТ!
ОРДАНОВСКИ: СО БРАВУРОЗЕН ДОСЕГА НЕВИДЕН ВО МАК ПОЛИТИКАТА ПОТЕГ, ЗАЕВ ГО ТРЕСНА МИЦКОВСКИ ОД ЗЕМЈА, ПО КОЈ ЗНАЕ КОЈ ПАТ!
КОРОНАТА СКАПО ЌЕ НЕ ЧИНИ: Издадена е осмата еврообврзница од 700 милиони евра со каматна стапка од 1,625 отсто
КОРОНАТА СКАПО ЌЕ НЕ ЧИНИ: Издадена е осмата еврообврзница од 700 милиони евра со каматна стапка од 1,625 отсто

(ВИДЕО) Премиерот Заев и министерката Шахпаска отворија нова градинка во Ресен: Градинката „Јаболче“ е пример за концептот „Едно општество за сите“

Претседателот на Владата Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, заедно со градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, денеска ја отворија новата градинка „Јаболче”.

Како што истакна премиерот Заев, Владата продолжува да ги зголемува капацитетите на градинките во целата држава и да вложува во развојот на децата уште од најрана возраст.

„Високо на агендата на Владата е да обезбеди услови за правилен детски развој. Тоа е возможно да го постигнеме со проширување на капацитетите на градинките, со отворање нови на целата територија на нашата држава, но и со надградба на компетенциите на кадарот, кој има одговорна задача во процесот на градење на личноста на идните наши генерации. Со таа цел, во периодот од 2017-та до 2020-та година отворивме и проширивме капацитети на 63 објекти низ целата држава. На овој начин обезбедено е згрижување на 3.386 деца. Само во последните три месеци, отворени се пет нови градинки во Гостивар, Сарај, Илинден, Лозово, Брвеница, еве денеска и Ресен, со што е зголемен опфатот за 415 места. До крајот на годината ќе се отворат и градинките во Куманово, Боговиње, Босилово и с. Прдејци – Гевгелија со што ќе се зголеми капацитетот за уште 189 деца“, рече премерот Заев.

Министерката Шахпаска, се осврна на заложбите на Министерството за труд и социјална политика за изградба на градинки кои ги следат сите стандарди за правилен детски развој.

„Денеска ја отвораме шестата нова градинка од почетокот на мандатот на оваа Влада. Новиот објект „Јаболче“ при Јавната установа за згрижување на деца 11 Септември, ќе згрижи 102 деца организирани во 5 групи. Оваа градинка е пример за концептот „Едно општество за сите“, затоа што тука заедно ќе бидат згрижени деца од македонска, албанска и турска етничка заедница. Во особено кратко време, за само 10 месеци, од руиниран и запуштен објект на некогашно училиште, успеавме преку целосна реконструкција и адаптација да направиме еден прекрасен објект, кој притоа ги задоволува стандардите за енергетска ефикасност и има систем на еколошко греење. За целиот проект Министерството за труд и социјална политика, инвестираше околу 29 милиони денари, во градежниот дел и во опремување на градинката. При проектирање на самиот објект особено е посветено внимание за пристапност до објектот која е обезбедена преку пешачки патеки и рампи за совладување на висинските разлики и непречен пристап на лицата со попреченост“, заклучи министерката Шахпаска.

Градоначалникот на општина Ресен, се осврна на важноста од овој објект за градот.

„Овој објект претставува капитален проект, којшто е од огромна важност за нашата мала општина и сме навистина горди на него. Владата и ние како локална власт, се грижиме за нашите најмлади, обезбедуваме квалитетни услови за ран детски развој, а со тоа создаваме еднакви можности за сите деца и им овозможуваме во целост да ги искористат своите потенцијали. Изградивме градинка, според европски и светски стандарди, онакви во какви што нашите деца треба да растат, да се развиваат и да учат”, истакна Гошаревски.

„Грижата за секое дете е врвен приоритет на Владата. Секое дете заслужува еднаква основа и услови за развој, и затоа продолжува вложувањето во нови капацитети за згрижување на деца во предучилишно воспитание и образование, како и во стручен и одговорен кадар кој ќе обезбеди квалитетно предучилишно воспитание и правилен детски развој“, беше речено на свеченоста по повод отворањето на новата градинка „Јаболче“ во Ресен.

loading...

Watch The Promised Neverland Season 2 Episode 2 at GoGoAnime overlord gogoanime

Yosuga no Sora (https://kissanimeonline.com/m/R1P) Episode 12 at website https://kissanimeonline.com death note kissanime