Маска во затворено, единствена Ковид мерка актуелна во Грција
Маска во затворено, единствена Ковид мерка актуелна во Грција
Мицкоски: Потребно е време да се искристализираат намерите и позициите на СПЦ во односот кон нашата Македонска православна црква-Охридска Архиепископија и тука би бил претпазлив во давањето на финални квалификации

ЛУДИЛОТО НА УНЕСКО КУЛМИНИРА, СЕ ИЗЖИВУВААТ СО ОХРИЃАНИ, УШТЕ МАЛЦЕ ЌЕ ГИ ТЕРААТ ОХРИЃАНИ ДА ЈАВААТ МАГАРИЊА И ДА СЕ БАЊААТ ВО КОРИТО - УНЕСКО бара да се тргнат климите, соларните панели и сателитските антени од крововите во стариот дел на Охрид?!?!

Писмо од основач на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид: Дали ти Христијане Мицковски си садо мазо?
Писмо од основач на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид: Дали ти Христијане Мицковски си садо мазо?
(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ СЕ ИЗБРУКА, ДОДЕКА ВО ЗЕМЈАВА ТЕРААТ ХАЈКА ПРОТИВ ТАЛАТ ЏАФЕРИ, ВО БУНДЕСТАГОТ ВО БЕРЛИН МУ АПЛАУДИРААТ?!
(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ СЕ ИЗБРУКА, ДОДЕКА ВО ЗЕМЈАВА ТЕРААТ ХАЈКА ПРОТИВ ТАЛАТ ЏАФЕРИ, ВО БУНДЕСТАГОТ ВО БЕРЛИН МУ АПЛАУДИРААТ?!
Лидерите на Шведска и Финска навестија разговори со Ердоган
Лидерите на Шведска и Финска навестија разговори со Ердоган
БОМБА НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ: ПРВИЧНАТА НАМЕРА НА ГРУЕВСКИ И МИЈАЛКОВ СО СЛУЧАЈОТ ШПИОН БЕШЕ ДА СЕ АПСАТ 80 ВЛАДИНИ КРИТИЧАРИ КОИ ИМАЛЕ НАМЕРА ДА ПРАВАТ ПАРТИЈА И ДА ГО РУШАТ ВМРО ОД ВЛАСТ
БОМБА НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ: ПРВИЧНАТА НАМЕРА НА ГРУЕВСКИ И МИЈАЛКОВ СО СЛУЧАЈОТ ШПИОН БЕШЕ ДА СЕ АПСАТ 80 ВЛАДИНИ КРИТИЧАРИ КОИ ИМАЛЕ НАМЕРА ДА ПРАВАТ ПАРТИЈА И ДА ГО РУШАТ ВМРО ОД ВЛАСТ
ЕРОЛ РИЗАОВ: Aко внимателно се следат јавните настапи на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски нема повеќе ветувања дека ќе биде поништен договорот со Бугарија за доброседство и дека ќе биде направен подобар, како што беше ветувано и за Преспанскиот договор

Премиерот Заев и министерката за одбрана Шекеринска го примија адмирал Бурк: Ја славиме првата годишнина од нашето членство во НАТО со растечка буџетска поддршка за армијата и во време кога приоритет е санирањето на последиците од пандемијата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев го прими командантот на сојузничката команда на здружени сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк, кој со делегација на НАТО е во посета на нашата земја по повод одбележувањето на првата годишнина од членството на Северна Македонија во Алијансата.

На средбата, на која присуствуваа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска и бригадниот генерал Симеон Трајковски, началник на Ј-5 секцијата во Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, премиерот Заев му посака добредојде на адмиралот Бурк и на членовите на делегацијата на НАТО и се заблагодари за честа што Алијансата со присуство на свои високи претставници ќе учествува во одбележувањето на првата годишнина од членството на земјата во Алијансата.

„Членството во НАТО е остварување на определбата на граѓаните и на политичките елити во земјата негувана и афирмирана низ годините наназад уште од прогласувањето на независноста на Северна Македонија. Во таа насока, во текот периодот што претходеше на тој чин, работевме на исполнувањето на политичките критериуми во делот на унапредување на демократијата, слободите и владеењето на правото, како и на трансформацијата на нашата армија во согласност со стандардите на Алијансата“, потенцираше на средбата претседателот на Владата Зоран Заев.

Заев на средбата информираше дека Владата на Северна Македонија продолжува да инвестира во Армијата на Северна Македонија со буџетска поддршка која расте дури и во време на пандемијата кога приоритет е поддршката за санирање на социоекономските последици за која до сега се издвоени 1,3 милијарди евра.

Премиерот Заев уште додаде дека со членството во НАТО Северна Македонија го потврди својот статус како фактор на стабилност во регионот и дека сигурноста, која произлегува од сојузништвото со сите земји членки на Алијансата, е фактор за економскиот прогрес на земјата за што значаен придонес имаат странските компании, кои дури и за време на пандемијата го задржаа својот интерес да инвестираат во македонското стопанство.

Командантот на Сојузничката команда на здружени сили во Неапол, адмиралот Роберт Бурк од своја страна нагласи дека му е чест што предводи делегација на Алијансата по повод првата годишнина на Северна Македонија во НАТО и го истакна придонесот што земјата го даваше и во периодот пред пристапување во членството во сојузот, и дека значаен удел за успешното остварување на овој процес имаше лидерството на земјата во последните 4 години кога се донесоа најзначајните одлуки за остварување на оваа цел.

loading...

https://animeflix1.com/. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

anime to watch Gintama

ANIMEFLIX My Hero Academia

My Hero Academia Season 5 (Dub)

anime to watch Tokyo Ghoul

ANIMEFLIX Bleach (Dub) Episode 359