Колев: Бугарите во Северна Македонија очекуваат да бидат дел од Уставот
Колев: Бугарите во Северна Македонија очекуваат да бидат дел од Уставот
(ВИДЕО) ВИНОВНИ СЕ: СУДОТ ГИ ОСУДИ ГРУЈО, МИЛЕ, ТРАЈКО, СПИРЕ И ОСТАНАТИТЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА 27-МИ АПРИЛ
(ВИДЕО) ВИНОВНИ СЕ: СУДОТ ГИ ОСУДИ ГРУЈО, МИЛЕ, ТРАЈКО, СПИРЕ И ОСТАНАТИТЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА 27-МИ АПРИЛ
Битиќи: За три месеци ќе стигнеме до бруто плата од 750 евра
Битиќи: За три месеци ќе стигнеме до бруто плата од 750 евра
Заев: Скопје стана град на солидарноста, место на кое се обединија пораките и молитвите за поддршка и за споделување на болката
Заев: Скопје стана град на солидарноста, место на кое се обединија пораките и молитвите за поддршка и за споделување на болката
Тажен ден за многу скопјани денеска - 58 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
Тажен ден за многу скопјани денеска - 58 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
„Млади локално заедно“ со младите од Крива Паланка, Ранковце и Кратово: СДСМ и СДММ ја креираат најдобрата понуда за младите во секоја општина
„Млади локално заедно“ со младите од Крива Паланка, Ранковце и Кратово: СДСМ и СДММ ја креираат најдобрата понуда за младите во секоја општина
Утре , понеделник, 26-ти јули, продолжува теренската вакцинација во неколку населени места
Утре , понеделник, 26-ти јули, продолжува теренската вакцинација во неколку населени места
34 ГОДИШЕН АМЕРИКАНЕЦ КОЈ НА ФЕЈСБУК ГИ ИСМЕВАШЕ ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОВИД, УМРЕ ОД КОВИД
34 ГОДИШЕН АМЕРИКАНЕЦ КОЈ НА ФЕЈСБУК ГИ ИСМЕВАШЕ ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОВИД, УМРЕ ОД КОВИД

Премиерот Заев и претседателот на Европскиот совет Мишел: Треба да се спроведе едногласната одлука на земјите членки на ЕУ од март минатата година за почеток на пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска во Брисел се сретна со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Двајцата соговорници на средбата се согласија дека иднината на Западен Балкан е во полноправното членство во ЕУ, и дека за Северна Македонија и Албанија треба да се спроведе едногласната одлука на земјите членки на Унијата од март минатата година за почеток на пристапните преговори за овие две земји.

Премиерот Заев и претседателот на ЕС Мишел изразиле надеж дека со поддршка на португалското претседателство, кое вложува силни заложби и голема политичка волја, ќе биде отворен патот што ќе овозможи Бугарија да се приклучи на консензусот за усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција без натамошно одлагање.

На средбата беше истакнато дека за време на словенечкото претседателство, во октомври оваа година, ќе се одржи Самит ЕУ – Западен Балкан кој се очекува да биде заедничка инвестиција за поинтензивна меѓусебната поврзаност и соработка на линија на клучните вредности и принципи на ЕУ за посуштинско вклучување на регионот во тековните значајни проекти на Унијата поврзани со климатската и дигитална трансформација.

Поддршката и соработката на ЕУ со земјите од Западен Балкан во справувањето со КОВИД-19 пандемијата и социо-економското закрепнување, споделија Заев и Мишел, ќе продолжи со несмалена динамика, вклучително и во поглед на вакцинацијата каде ЕУ забрзано вложува во зголемување на производството и достапноста на вакцини.

Премиерот Заев и претседателот на ЕС Мишел како добредојдена ја оценија заложбата за вклучување на земјите од регионот во дебатата во рамките на Конференцијата за иднината на Европа, како особено важна прилика за да се слушне гласот на младите и граѓанското општество од Западен Балкан.

loading...

ANIMEFLIX animeflix fruits basket: How Not to Summon a Demon Lord Ω Episode 6

AnimeDao animedao twitter: Dragon Ball Z (Dub) Episode 291