Радев: Очекувам одбрана на бугарскиот интерес!
Радев: Очекувам одбрана на бугарскиот интерес!
Само Македонците разбираат како е да ви биде понижен идентитетот, порача Кулеба
Само Македонците разбираат како е да ви биде понижен идентитетот, порача Кулеба
Почина поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани
Почина поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани
Донбас ќе биде украински, порача Зеленски
Донбас ќе биде украински, порача Зеленски
Младите чекаат да појдат на психолог и по два месеца, потребни се бесплатни советувалишта
Младите чекаат да појдат на психолог и по два месеца, потребни се бесплатни советувалишта
Забрчанец: Со Отворен Балкан стануваме пазар од 12 милиони жители
Забрчанец: Со Отворен Балкан стануваме пазар од 12 милиони жители
Петков ќе бара бугарските услови да влезат во преговарачката рамка за Македонија
Петков ќе бара бугарските услови да влезат во преговарачката рамка за Македонија
Ангел Димитров: За РСМ Договорот за пријателство е карта за ЕУ, а не цврста политичка определба
Ангел Димитров: За РСМ Договорот за пријателство е карта за ЕУ, а не цврста политичка определба

ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ: Како ниту една друга Влада претходно, во последните 4 години покренавме иницијативи за заштита на нашите природни убавини и реткости и за одржлив развој на планинскиот туризам

Денеска го одбележуваме Меѓународниот ден на планината 🏔️, а Обединетите нации во фокус годинава го ставија одржливиот планински туризам.

Како ниту една друга Влада претходно, во последните 4 години покренавме иницијативи за заштита на нашите природни убавини и реткости и за одржлив развој на планинскиот туризам.

Во годината кога одбележуваме 30 години од нашата независност направивме уште еден значаен придонес за негувањето и за афирмацијата на природните богатства на нашата убава Република Северна Македонија.

За Национален парк ја прогласивме нашата природна убавина – Шар Планина, планина со најголем број врвови повисоки од 2.000 метри. Со ова го добивме четвртиот национален парк во државата, прв од прогласувањето на независноста и прв после 60 години.

Со Националниот парк Шар Планина вкупната површина на заштитени подрачја на национално ниво изнесува 13,2% од севкупната територија на Северна Македонија. Тоа е површина и процент на кој можат да позавидат многу европски држави.

Тоа е резултат на континуираните политики на оваа Влада за заштита на природата, со цел зачувување на уникатните природни вредности, заштита на специфичниот биодиверзитет и пределска разновидност, но и за отворање на нови можности за одржлив развој на локалната економија.

Во таа низа се и прогласувањето на дел од Осоговските Планини и Водно за заштитени предели, а наскоро, како континуитет на нашите политики за заштита на природата и животната средина, под посебен режим на заштита ќе биде ставен и дел од Малешевските Планини.

Со прогласувањето на Осоговските Планини за заштитено подрачје, започнавме системски пристап за зачувување на природните ресурси, како и за социјално и економско унапредување и развој на Осоговскиот Регион. Преку проектот „Планински велосипедски рај“, патната инфраструктура кон Пониква и реконструкцијата на ски-лифтовите, го унапредивме туристичкиот потенцијал на овој регион и создадовме услови за развој на авантуристичкиот туризам.

Планините и шумите и сиот биодиверзитет во нив, се наше природно богатство кое треба да го чуваме и за идните генерации. Наша обврска е да ги заштитиме и да ги чуваме како клучна алка во борбата со последиците од климатските промени, како една од најсериозните закани со кои се соочува светот денес.

#MountainsMatter #InternationalMountainDay #IMD2021

loading...

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

AnimeHeaven Record of Ragnarok Episode 4

sites to watch anime Naruto (Dub)

Your Lie in April Episode 20

Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town?

anime streaming Attack on Titan Season 2 (Dub)