ПЕТЛИЧКОВСКИ ЗА ТВ 24: ВАКЦИНИТЕ СЕ ОДЛИЧНО РЕШЕНИЕ ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА, ЗОШТО НАРОДОТ НЕ ГИ ПРИФАЌА - НЕ МИ Е ЈАСНО!
ПЕТЛИЧКОВСКИ ЗА ТВ 24: ВАКЦИНИТЕ СЕ ОДЛИЧНО РЕШЕНИЕ ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА, ЗОШТО НАРОДОТ НЕ ГИ ПРИФАЌА - НЕ МИ Е ЈАСНО!
АКО Е ОВА ПРОБЛЕМОТ, ТОГАШ СМЕ СЕ РАСПРАВАЛЕ ЗА СИТНА БОРАНИЈА - Називот „бугарски“ пред терминот „фашистички окупатор“ ќе се брише и од учебниците по историја?
АКО Е ОВА ПРОБЛЕМОТ, ТОГАШ СМЕ СЕ РАСПРАВАЛЕ ЗА СИТНА БОРАНИЈА - Називот „бугарски“ пред терминот „фашистички окупатор“ ќе се брише и од учебниците по историја?
НАШИТЕ СОГРАЃАНИ АЛБАНЦИ ДА БИДАТ СПОКОЈНИ - Заев: Законот за јазиците нема да се менува во зависност од резултатите од пописот
НАШИТЕ СОГРАЃАНИ АЛБАНЦИ ДА БИДАТ СПОКОЈНИ - Заев: Законот за јазиците нема да се менува во зависност од резултатите од пописот
Кога сте подготвени за купување на вашиот прв нов дом
Кога сте подготвени за купување на вашиот прв нов дом
СВАРОВСКИ СУДСТВОТО ГО ШТИТИ МОЌНИКОТ ОД КИЧЕВО - СО МЕСЕЦИ СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА МИЛОШОСКИ ЗАКОЧЕН НИКАКО ДА ПОЧНЕ!!!
СВАРОВСКИ СУДСТВОТО ГО ШТИТИ МОЌНИКОТ ОД КИЧЕВО - СО МЕСЕЦИ СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА МИЛОШОСКИ ЗАКОЧЕН НИКАКО ДА ПОЧНЕ!!!
ШИЛЕГОВ: Во Ѓорче Петров подигнати се над 6.400 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени околу 1000 садници
ШИЛЕГОВ: Во Ѓорче Петров подигнати се над 6.400 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени околу 1000 садници
(ВИДЕО) ОХРИД Е ДОМАЌИН НА ГОЛЕМА НАТО ВЕЖБА ЗА СПАСУВАЊЕ ПРИ ЦИВИЛНИ КАТАСТРОФИ: Станува збор за вежбовна активност од големи размери, настан кој инволвира повеќе од 700 учесници од земјава и странство во којашто, покрај Република Северна Македонија, учествуваат 27 земји и е прва НАТО вежба во Република Северна Македонија од ваков размер

ШИЛЕГОВ ЗАЕДНО СО ГРАЃАНИТЕ НА ВЕЛОСИПЕДСКО ДЕФИЛЕ НИЗ СКОПЈЕ
ШИЛЕГОВ ЗАЕДНО СО ГРАЃАНИТЕ НА ВЕЛОСИПЕДСКО ДЕФИЛЕ НИЗ СКОПЈЕ

(ВИДЕО) Премиерот Заев по повод новата Рамка за соработка за одржлив развој 2021 – 2025 со ОН: Имаме стратешки документ за јакнењето на принципите на одржлив развој и изградба на едно просперитетно и инклузивно општество

Како дел од активностите по повод Денот на Обединетите нации и 75-годишнината од потпишувањето на Повелбата на ОН, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и постојаната координаторка на Обединетите нации, Росана Дуџак, како и со високите претставници на агенциите на ОН во нашата земја, учествуваше во засадувањето 75 млади садници дрвја во околината на Велешкото Езеро – „Младост“, што беше зафатена од пожар пред повеќе од една година.

Акцијата е организирана како симболична заложба за позелена, подобра и одржлива иднина на сите луѓе во Северна Македонија, како еден од националните предизвици и приоритети вклучени во новата Рамка за соработка за одржлив развој 2021 – 2025, за соработка меѓу нашата земја и ОН што денеска ја потпишаа постојана координаторка на Обединетите нации Росана Дуџак и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Рамката е наш стратешки документ што ја насочува работата на сите агенции на ОН што работат во земјата во наредните пет години, како и со сите засегнати страни вклучени во процесите. Во оваа пригода сакам да истакнам дека нашата држава останува посветена на спроведувањето на препораките на оваа меѓународна организација, како и на глобалните милениумски цели за одржлив развој“, истакна премиерот Заев во изјавата за медиумите од настанот.

Премиерот Заев во изјавата потенцираше дека нашата држава во соработка со ОН и натаму ќе работи во насока на јакнењето на принципите на одржлив развој и изградба на едно просперитетно и инклузивно општество.

„Во сите овие глобални превирања, Обединетите нации низ принципот на дијалог и почитување работеа во насока на превенирањето и решавањето на отворените конфликти. Низ начелата на соработка и солидарност оваа организација покрена клучни иницијативи за надминување на горечки светски проблеми каква што е пандемијата на КОВИД-19. Таа ја имаа централната улога во справување со оваа најголема закана за човештвото по Втората светска војна, дејствувајќи преку Светската здравствена организација. Ги координира научно-истражувачките работи, меѓународните активности за заштитата, развојот на тестови, лекови и вакцини“, нагласи претседателот на Владата Зоран Заев.

Рамката за соработка е главен стратешки документ што ја насочува работата на сите агенции на ОН што работат во земјата, во наредните пет години. Развиена е во блиска соработка со Владата, по опсежен консултативен процес со организации и индивидуалци од разни сфери на делување и интерес.

„Новата Рамка за соработка е повеќе од заложба. Тоа е обврска што ја преземавме и претставува јасна определба да се работи кон подобрување на животот и иднината на сите луѓе во оваа прекрасна земја, а при тоа никој да не заостане“, истакна во својата изјава постојаната координаторка на Обединетите нации Росана Дуџак, на настанот по повод Денот на Обединетите нации и 75-годишнината од потпишувањето на Повелбата на ОН.

Во прилог Ви испрќаме интегрално обраќање на премиерот Заев.

loading...