ТОП 10 НАЈГЛУПИ ТЕЗИ НА ВМРОВЦИТЕ ЗА ВЕТОТО ОД БУГАРИЈА
ТОП 10 НАЈГЛУПИ ТЕЗИ НА ВМРОВЦИТЕ ЗА ВЕТОТО ОД БУГАРИЈА
БРАВО - ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ВТОРА НАЈТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА ВО ДРЖАВАТА
БРАВО - ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ВТОРА НАЈТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА ВО ДРЖАВАТА
Градоначалникот Марин се сретна со претставници на МЗТ Скопје Аеродром кои ја освоија двојната круна во Кошаркарското првенство и Купот на Македонија
Градоначалникот Марин се сретна со претставници на МЗТ Скопје Аеродром кои ја освоија двојната круна во Кошаркарското првенство и Купот на Македонија
ЕКСКЛУЗИВНО ОД НИКОБ ЛАБ – ОД ЧЕТВРТОК 24.06.2021г. НАЈНИСКИ ЦЕНИ ЗА ПСР ТЕСТ ВО НАШИТЕ ПУНКТОВИ НА ТАБАНОВЦЕ, БОГОРОДИЦА, ДОЈРАН, КИСЕЛА ВОДА И НА АЕРОДРОМИТЕ ТАВ СКОПЈЕ И ТАВ ОХРИД
ЕКСКЛУЗИВНО ОД НИКОБ ЛАБ – ОД ЧЕТВРТОК 24.06.2021г. НАЈНИСКИ ЦЕНИ ЗА ПСР ТЕСТ ВО НАШИТЕ ПУНКТОВИ НА ТАБАНОВЦЕ, БОГОРОДИЦА, ДОЈРАН, КИСЕЛА ВОДА И НА АЕРОДРОМИТЕ ТАВ СКОПЈЕ И ТАВ ОХРИД
ОПШТИНА ЦЕНТАР ГО ОБЈАВИ КОНКУРСОТ ЗА ИДЕЈНОТО АРХИТЕКТОНСКО-УРБАНИСТИЧКО РЕШЕНИЕ ЗА ЛОКАЛИТЕТОТ ФАБРИКА ТРЕСКА
ОПШТИНА ЦЕНТАР ГО ОБЈАВИ КОНКУРСОТ ЗА ИДЕЈНОТО АРХИТЕКТОНСКО-УРБАНИСТИЧКО РЕШЕНИЕ ЗА ЛОКАЛИТЕТОТ ФАБРИКА ТРЕСКА
СПАСОВСКИ: Денеска со претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев го потпишавме новиот Колективен договор на МВР
СПАСОВСКИ: Денеска со претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев го потпишавме новиот Колективен договор на МВР
Шокантна изјава на Радев од Брисел: Го издржавме притисокот, Македонија треба да престане да ја краде бугарската историја
Шокантна изјава на Радев од Брисел: Го издржавме притисокот, Македонија треба да престане да ја краде бугарската историја
МИЛЕВСКИ: Денес на ЈП "Комуналец" од Битола им доделивме 1️⃣2️⃣ милиони денари за набавка на возила за чистење на отпад од битолските улици, особено од Широк сокак, Градскиот парк и Шеталиштето
МИЛЕВСКИ: Денес на ЈП "Комуналец" од Битола им доделивме 1️⃣2️⃣ милиони денари за набавка на возила за чистење на отпад од битолските улици, особено од Широк сокак, Градскиот парк и Шеталиштето

Премиерот Заев по повод Рамазан Бајрам: Во овие тешки мигови заради пандемијата со КОВИД-19, светиот празник Рамазан Бајрам носи надеж за нов почеток и ја поттикнува вербата на луѓето во доброто, вистината и правдата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, по повод празникот Рамазан Бајрам упати телеграма со честитки до поглаварот на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед.

Во продолжение ви ја пренесуваме честитката во целост:

„Ви го честитам големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам на Вас, на членовите на Исламската верска заедница и на сите граѓани кои го чествуваат празникот, во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое лично име.

Во период кога целиот свет се соочува со тешки искушенија, и годинава Светиот месец Рамазан, најблагородниот и најсреќниот месец за вас граѓаните од исламската вероисповед, го славиме во поинакви услови со ограничувањата кои ги донесе пандемијата на коронавирусот КОВИД-19.

Во овие тешки мигови за човештвото, светите празници како што е Рамазан Бајрам, носат надеж за нов почеток и ја поттикнуваат вербата на луѓето во доброто, вистината и правдата.

Крајот на постот и благодетите стекнати за време на месецот на одрекувањето и воздржувањето, нека ве украсат со дух на трпение, несебичноста и дарежливоста.

Да се соочиме со предизвиците, кои ги носи оваа глобална здравствено-економска криза, водени од желба за меѓусебна почит, разбирање и солидарност, а даровите на празникот споделете ги со вашите семејства, роднини, пријатели и соседи.

Почитувани,

Овие светли денови во духот на празникот Рамазан Бајрам како одговорни граѓани кон себе, кон своето семејство и кон државата да ги почитуваме здравствените препораки и врз начелата на почитување и солидарност да продолжиме по европскиот пат што го избравме, здружено и единствени.

Во периодот што следи да се вакцинираме како најефикасно средство во борбата против оваа пандемија и знам дека така заедно ќе успееме најбрзо и најбезболно да ги пребродиме нејзините последици.

Дозволете ми да ви посакам празничните денови ги поминете во слога и спокојството на домот, во добро здравје и духовна сила!

Бајрам Шериф Мубарек Олсун, односно: Нека биде благословен и честит празникот!“

loading...

ANIMEFLIX animeflix haikyuu: Watch Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 1

KissAnime one piece stampede kissanime: The Misfit of Demon King Academy (https://kissanimeonline.com/m/j03O) Episode 13