Претседателот Стево Пендаровски ја предводи државната делегација на Самитот на НАТО во Мадрид
Претседателот Стево Пендаровски ја предводи државната делегација на Самитот на НАТО во Мадрид
Бројката на загинати во ракетираниот трговски центар во Украина се искачи на 18, 36 лица се водат како исчезнати, ЕУ и САД го осудија нападот
Бројката на загинати во ракетираниот трговски центар во Украина се искачи на 18, 36 лица се водат како исчезнати, ЕУ и САД го осудија нападот
БРАВО - ЕРДОГАН УЧЕЛ ПОЛИТИКА ОД ТИТО: Еден ден откако одби да воведе санкции кон Русија, Турција го крена ветото за влез на Шведска и Финска во НАТО, Бајден веднаш упати честитка до сите
БРАВО - ЕРДОГАН УЧЕЛ ПОЛИТИКА ОД ТИТО: Еден ден откако одби да воведе санкции кон Русија, Турција го крена ветото за влез на Шведска и Финска во НАТО, Бајден веднаш упати честитка до сите
БРАВО, УШТЕ ИМА НАДЕЖ ДЕКА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ МОЖЕ ДА СЕ ПОДОБРИ: Османи со тим од МНР бил на преговори во Софија
БРАВО, УШТЕ ИМА НАДЕЖ ДЕКА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ МОЖЕ ДА СЕ ПОДОБРИ: Османи со тим од МНР бил на преговори во Софија
Затворени двата конзулата на Русија во Бугарија заради протерувањето на 70 руски дипломати
Затворени двата конзулата на Русија во Бугарија заради протерувањето на 70 руски дипломати
Британката Гилејн Максвел осудена на 20 години затвор, му помагала на американскиот милијардер Епштајн да силува десетици девојчиња додека ги држеле заробени на остров
Британката Гилејн Максвел осудена на 20 години затвор, му помагала на американскиот милијардер Епштајн да силува десетици девојчиња додека ги држеле заробени на остров
Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh

Премиерот Заев се сретна со црногорскиот вицепремиер Абазовиќ: Споделуваме искуства за привлекување странски инвестиции, нашата иднина е развиена економија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во рамките на активностите на Самитот на Западен Балкан, насловен „Промовирање на инклузивноста и солидарноста на Европа“ кој во организација на лондонски „Економист“ се одржа денеска во Скопје, се сретна со делегација предводена од потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

На средбата, соговорниците ја истакнаа одличната соработка меѓу двете земји фокусирани на унапредување на економските односи и зголемена трговија, подобрување на условите за привлекување странски инвестиции, како и споделување на искуства за унапредување на одделни гранки, земјоделството и туризмот.

Премиерот Заев и вицепремиерот Абазовиќ како особенo значајна ја оценија соработката и поддршката на двете земји во процесот на успешна европска интеграција со продолжување на успешните структурни реформи, согласувајќи се дека продолжува соработката и преку размена на посети на високо ниво и регионална соработка меѓу Република Црна Гора и Република Северна Македонија.

На денешната средба меѓу делегациите на Северна Македонија и Црна Гора, премиерот Заев подвлече дека иднината на земјите од Балканот е во заедничкото пријателство и соработка, потенцирајќи дека и регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ отвора многу можности за подобар живот на граѓаните во сите земји во регионот, создавајќи услови за зајакнување на економиите и побрз влез во Европската Унија.

Беше оценето дека оваа Иницијатива има единствена цел, преку олеснување на трговијата, движењето на граѓаните и размената на искуства да се обезбеди ефикасна економска регионална соработка, отворање нови работни места, раст на Бруто домашниот производ и подобрување на стандардот и квалитетот на живот на граѓаните од сите земји во регионот.

loading...

go88 pc nhóm kéo go88 mẹo chơi go88

sunwin pro sunwin apk 2020 đăng ký sunwin