ЌЕ ПОКРИЈАТ БЛИЗУ 3 МИЛИОНА ЕВРА ДОЛГОВИ НА КЛУБОТ - ФК ВАРДАР СО НОВО РАКОВОДСТВО ВО НОВАТА ФУДБАЛСКА СЕЗОНА
ЌЕ ПОКРИЈАТ БЛИЗУ 3 МИЛИОНА ЕВРА ДОЛГОВИ НА КЛУБОТ - ФК ВАРДАР СО НОВО РАКОВОДСТВО ВО НОВАТА ФУДБАЛСКА СЕЗОНА
Милевски: Ги користиме ИПА фондовите, потпишани договори за 12 нови проекти вредни 3,6 милиони евра за прекугранична соработка со Бугарија и Косово
Милевски: Ги користиме ИПА фондовите, потпишани договори за 12 нови проекти вредни 3,6 милиони евра за прекугранична соработка со Бугарија и Косово
Теренската вакцинација за четврток 29.07.2021 ќе се одвива во следните населени места:
Теренската вакцинација за четврток 29.07.2021 ќе се одвива во следните населени места:
МЗ: Во Клиничката болница во Битола ставен во употреба нов апарат SPECT-CT гама камера
МЗ: Во Клиничката болница во Битола ставен во употреба нов апарат SPECT-CT гама камера
(ФОТО) ВУЧИЌ ПРОШЕТА ВО СКОПЈЕ: Македонците се љубезни, Србите и Македонците секогаш се сакаат
(ФОТО) ВУЧИЌ ПРОШЕТА ВО СКОПЈЕ: Македонците се љубезни, Србите и Македонците секогаш се сакаат
Георгиески: Имаме резултати, затоа УНЕСКО ни даде шанса!
Георгиески: Имаме резултати, затоа УНЕСКО ни даде шанса!
Генералниот секретар Николовски во Охрид: СДСМ постојано се менува на подобро, СДСМ води на сите анкети затоа што граѓаните го препознаваат нашиот одговорен и чесен пристап
Генералниот секретар Николовски во Охрид: СДСМ постојано се менува на подобро, СДСМ води на сите анкети затоа што граѓаните го препознаваат нашиот одговорен и чесен пристап
(ВИДЕО) СПЕЦИЈАЛЦИ НА ЕБР СО АВТОМАТИ, ПАНЦИРИ, ШЛЕМОВИ УПАДНАА ВО ПОВЕЌЕ КУЌИ НИЗ СКОПЈЕ - УАПСЕНИ ПОЛИЦАЈЦИ, ЗАПЛЕНЕТО БЛИНДИРАНО ВОЗИЛО ОРУЖЈЕ И ГОЛЕМА КОЛИЧИНА ДРОГА И ДЕВИЗИ -
(ВИДЕО) СПЕЦИЈАЛЦИ НА ЕБР СО АВТОМАТИ, ПАНЦИРИ, ШЛЕМОВИ УПАДНАА ВО ПОВЕЌЕ КУЌИ НИЗ СКОПЈЕ - УАПСЕНИ ПОЛИЦАЈЦИ, ЗАПЛЕНЕТО БЛИНДИРАНО ВОЗИЛО ОРУЖЈЕ И ГОЛЕМА КОЛИЧИНА ДРОГА И ДЕВИЗИ -

Премиерот Заев со мисијата на ММФ: Позитивни движења во економијата, 2021 е година на стабилен економски раст

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, одржа онлајн средба со шефицата на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за нашата земја, Берглјот Бјорнсон Баркбу, резидентната претставничка на ММФ за Западен Балкан, Штефани Ебле и економисти на ММФ во Вашингтон.

На состанокот се дискутираше за изгледите за економски раст во земјава согласно разговорите што ги имаше мисијата на ММФ во последниве десеттина дена. Во фокус беше монетарната и фискалната политика како и инвестицискиот план и среднорочната фискална стратегија.

Премиерот Заев истакна дека високо ја цени соработката со ММФ и сите препораки во насока на континуиран економски напредок и креирање на поволен деловен амбиент. Тој се осврна на досегашните заложби и мерки на Владата за справување со ефектите од пандемијата, кои дадоа добри резултати, се поддржа стопанството, работните места, како и ранливите категории граѓани. Премиерот Заев на средбата информираше и за позитивните трендови во земјата кои даваат сигнал на стабилизирање на економија, зајакнување на довербата кај инвеститорите, како и за растот на извозот, на индустриско производство, внатрешниот промет, како и на просечната месечно исплатена нето плата.

Во врска со проекцијата за економски раст премиерот Заев информираше дека согласно владините проекции економски раст ќе остане на 4,1% за 2021 година, што е на линија со проекциите на ММФ од 3,8 %, Народната банка од 3,9% и на Европската комисија од 3,7%.

Премиерот Заев подвлече дека заложбите на Владата се максимално насочени кон економски развој со фокус на енергетска транзиција, инвестиции во обновливи извори, гасификација. На состанокот се дискутираше и за придобивките од влезот во НАТО што за инвеститорите е позитивен сигнал, бидејќи ја зголемува предвидливоста и сигурноста на деловниот амбиент за нови инвестициски вложувања кои веќе се најавени во земјава.

На состанокот беше заклучено и дека со стивнувањето на пандемијата и масовната вакцинација се дава силен стимул дека економијата се враќа на патеките на економски раст.

loading...

AniWatch animes online: The Misfit of Demon King Academy Episode 13

AnimeFreak anime freak tv: Watch Your Lie in April Episode 22