Отворени избирачките места, право на глас имаат 1 824 864 граѓани, се гласа од 7 до 19, сите ќе се проверуваат со фингерпринт
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1 824 864 граѓани, се гласа од 7 до 19, сите ќе се проверуваат со фингерпринт
ДИК: Досега гласале 10.653 лица кои се болни или во затвор кои по правило гласаат 1 ден пред денот на гласање
ДИК: Досега гласале 10.653 лица кои се болни или во затвор кои по правило гласаат 1 ден пред денот на гласање
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВМРО ДПМНЕ: УАПСЕН КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДЕЛЧЕВО, НУДЕЛ ПО 50е ЗА ГЛАС!
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВМРО ДПМНЕ: УАПСЕН КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДЕЛЧЕВО, НУДЕЛ ПО 50е ЗА ГЛАС!
И ЗА ОВИЕ СЕ ШПЕКУЛИРА ДЕКА СЕ ВМРОВЦИ: Кривична пријава против две лица од Кочани за "повреда на слободата на определување на гласачите"
И ЗА ОВИЕ СЕ ШПЕКУЛИРА ДЕКА СЕ ВМРОВЦИ: Кривична пријава против две лица од Кочани за "повреда на слободата на определување на гласачите"
(ВИДЕО) ШОКАНТНО: МИЦКОВСКИ ФАТЕН КАКО КРШИ ИЗБОРЕН МОЛК, ОВА Е КРИВИЧНО ДЕЛО ЗА ШТО КАЗНАТА Е 3 ГОДИНИ ЗАТВОР!
(ВИДЕО) ШОКАНТНО: МИЦКОВСКИ ФАТЕН КАКО КРШИ ИЗБОРЕН МОЛК, ОВА Е КРИВИЧНО ДЕЛО ЗА ШТО КАЗНАТА Е 3 ГОДИНИ ЗАТВОР!
ВНИМАВАЈТЕ - Отворен е лажен профил во име на Елизабета Пендаровска, се крадат податоци од граѓаните, се земаат и информации за кредитни картички
ВНИМАВАЈТЕ - Отворен е лажен профил во име на Елизабета Пендаровска, се крадат податоци од граѓаните, се земаат и информации за кредитни картички
БРАВО - Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем
БРАВО - Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ДИК - Даштевски : Максимално сме подготвени за локалните избори
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ДИК - Даштевски : Максимално сме подготвени за локалните избори

(ВИДЕО) Премиерот Заев со Владина делегација во околината на селото Будинарци на увид во ситуацијата со пожарите: Апелирам за максимална внимателност, почитување на забраната за влез во шумите, во деновите на регионална солидарност од огромна помош се локалното население, пријателските земји и стручните служби, ќе ги надоместиме материјалните штети

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев утрово го посети просторот околу селото Будинарци во Општината Берово кој е зафатен од голем пожар и заедно со министрите за одбрана, транспорт и врски, труд и социјална политика и здравство, Радмила Шекеринска, Благој Бочварски, Јагода Шахпаска и Венко Филипче, придружувани од директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и градоначалниците на Берово и Пехчево, Звонко Пекевски и Драган Тренчовски извршија увид на теренот опфатен со пожар.

„Овде сме над селото Будинарци, во планината каде гори пожар на неколку локации и сакам да апелирам до сите граѓани за максимална внимателност и да се почитува забраната за шетање во шумите, која е на важност и за нејзино прекршување следува казна“, рече премиерот Заев притоа изразувајќи голема благодарност до локалното население, кое како што рече со своето несебично вложување и пожртвуваност е навистина чувар на својот дом, на својот народ и своето село, градовите и планините во државата.

Премиерот Заев и присутните упатија голема благодарност до противпожарните единици од самите општини, до Армијата, до Полицијата, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и останатите служби кои управуваат со системите за совладување на природните катастрофи.

Премиерот Заев истакна дека Беровско Будинарци е уште едно од македонските населени места кои се исправија пред огнот и заедно со пожарникарите, со своите мештани и со солидарната помош се борат за безбедност и за спас на околината.

Тој додаде дека низ целата територија на нашата држава има пожари и дел од нив се навистина загрозувачки, како што е овој меѓу Берово и Пехчево, останатите се локализираат и се под контрола и изрази надеж за намалување на ветерот како еден од најголемите причини за проширувањето.

„Во овие денови на регионална солидарност, уште еднаш упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на терен, а пристигна од Србија, од Словенија, Бугарија и од Австрија, како и за двата авиони кои пристигнуваат од Романија, како дел од НАТО механизмот. Ситуацијата ја следиме постојано и будно, во постојана ангажираност и координација се сите капацитети на државата и заедно со граѓаните и со пријателската помош заедно ќе се справиме со оваа опасност“, изјави премиерот Заев, кој додаде дека тие што претрпеа материјални штети може да сметаат на Владата, врз основа на проценките кои ќе ги направат општинските комисии кои веќе работат на терен.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов информираше за ситуацијата со активни пожари во земјата, посебно нагласувајќи дека причина за пожарите се од две категории: човечки, кои може да бидат од невнимание, но и со намера, како и останати други причини.

Градоначалниците на Берово и Пехчево, Звонко Пекевски и Драган Тренчовски истакнаа дека повеќе од 50км во радиус горат шумите во овој регион, но истакнаа дека со покажаната солидарност и пожртвуваност ќе успеат во локализирање на пожарот и намалување на штетите од негово проширување.

loading...

Animepahe Watch english anime Online in HD for FREE

Hitori no Shita - The Outcast [Chinese Dub] (https://twistmoe.net/m/9vza) Episode 12

https://animedao.nl your name animedao

AnimeTV: Angel Beats! (Dub) anime episode 13 online free at https://animetv.cc wco anime tv

Getpocket: https://getpocket.com/@700dzpe7T034dg99fuA847cA4agVT185978fb2U9cQL6f8x345cqfN45D10FX81d?src=navbar

Able2know: https://able2know.org/user/gogoanimelol/