ШТО ЛИ ЌЕ КАЖАТ СЕЛА И ТАРАВАРИ ЗА ОВА - НИКОЛОВСКИ: ПОСЕТАТА НА ПРЕМИЕРОТ НА КОСОВО ВО СКОПЈЕ БЕШЕ ПОНИЖУВАЊЕ ЗА МАКЕДОНИЈА?!?!
ШТО ЛИ ЌЕ КАЖАТ СЕЛА И ТАРАВАРИ ЗА ОВА - НИКОЛОВСКИ: ПОСЕТАТА НА ПРЕМИЕРОТ НА КОСОВО ВО СКОПЈЕ БЕШЕ ПОНИЖУВАЊЕ ЗА МАКЕДОНИЈА?!?!
(ВИДЕО) Обраќање на претседателот Пендаровски на 42. издание на фестивалот „Браќа Манаки“
(ВИДЕО) Обраќање на претседателот Пендаровски на 42. издание на фестивалот „Браќа Манаки“
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) СУГАРЕВСКИ: СЕ ВРАТИ ФУДБАЛОТ НА ГОЛЕМА ВРАТА ВО ПРИЛЕП!
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) СУГАРЕВСКИ: СЕ ВРАТИ ФУДБАЛОТ НА ГОЛЕМА ВРАТА ВО ПРИЛЕП!
(ВИДЕО) КОГА ИЗДРОГИРАН ИЛИ МРТОВ ПИЈАН ИЛИ БОЛЕН ЌЕ СЕ ПОЈАВИШ НА ТВ ЕМИСИЈА?!?!?
(ВИДЕО) КОГА ИЗДРОГИРАН ИЛИ МРТОВ ПИЈАН ИЛИ БОЛЕН ЌЕ СЕ ПОЈАВИШ НА ТВ ЕМИСИЈА?!?!?
НЕРВОЗЕН НАСТАП НА НИКОЛОВСКИ НА АЛФА: ПЛАЧЕ ЗОШТО ГО ВИКАЛЕ ЛИГЊА И ШУНКА, ГИ НАВРЕДУВАШЕ СЕЛАНИТЕ, ГИ НАВРЕДУВАШЕ ДОЈДЕНЦИТЕ ВО СКОПЈЕ, ГО НАВРЕДУВАШЕ КАНДИДАТОТ НА СДСМ ВО БИТОЛА
НЕРВОЗЕН НАСТАП НА НИКОЛОВСКИ НА АЛФА: ПЛАЧЕ ЗОШТО ГО ВИКАЛЕ ЛИГЊА И ШУНКА, ГИ НАВРЕДУВАШЕ СЕЛАНИТЕ, ГИ НАВРЕДУВАШЕ ДОЈДЕНЦИТЕ ВО СКОПЈЕ, ГО НАВРЕДУВАШЕ КАНДИДАТОТ НА СДСМ ВО БИТОЛА
ШОКАНТЕН НАСТАП НА НИКОЛОВСКИ НА АЛФА: ОРЦЕ КАМЧЕВ Е ГОЛЕМ МАФИЈАШ, ВМРО ДПМНЕ СЕ ДИСТАНЦИРА ОД НЕГО И НЕМА ПОВЕЌЕ ДА ПРИФАЌА ДОНАЦИИ ОД НЕГО!
ШОКАНТЕН НАСТАП НА НИКОЛОВСКИ НА АЛФА: ОРЦЕ КАМЧЕВ Е ГОЛЕМ МАФИЈАШ, ВМРО ДПМНЕ СЕ ДИСТАНЦИРА ОД НЕГО И НЕМА ПОВЕЌЕ ДА ПРИФАЌА ДОНАЦИИ ОД НЕГО!
МВР: Авганистанските разбојници кои извршиле физички напад и кражба се илегални мигранти кои влегле во земјава од Грција и никако не се поврзани со граѓаните за кои државата обезбеди хуманитарна помош
МВР: Авганистанските разбојници кои извршиле физички напад и кражба се илегални мигранти кои влегле во земјава од Грција и никако не се поврзани со граѓаните за кои државата обезбеди хуманитарна помош
AЈДЕЕЕ, ТОНИ ШАНАЦ НЕМА НИТУ ДА СЕ ПЛАСИРА ВО ВТОР КРУГ А НЕ ПА ДА ПОБЕДИ?!?!
AЈДЕЕЕ, ТОНИ ШАНАЦ НЕМА НИТУ ДА СЕ ПЛАСИРА ВО ВТОР КРУГ А НЕ ПА ДА ПОБЕДИ?!?!

Премиерот Заев за платите во државниот и приватниот сектор: 200.000 работници имаат зголемени плати, покачувања има и во здравството, образованието, следуваат во правосудството, квалитетот на живот расте

Премиерот Заев, на пратеничко прашање за примањата на работниците и работничките права, посочи на покачувања на платите на вработените во државните институции и во приватниот сектор, преку пакетите економски мерки и најави нови покачувања во овие сектори и во правосудството.

„Има спирала на покачувања на платите на работниците. Минималната плата од 9.000 денари во 2017 година, сега е 15.200 денари и нема веќе сектори кои земаат плата под минималната плата, како што беше во периодот пред 2017 година. Тоа значи повеќе од 6.000 денари по лице е зголемена платата месечно или 72.000 денари по лице, по работник, годишно. Во земјоделството како гранка, освен што ја изедначивме минималната плата во овој сектор како и кај сите останати, платите се зголемени за 4.600 денари“, рече премиерот Заев.

Тој посочи на придобивките од пакетите економски мерки што ги носи Владата.

„Со четирите економски пакети мерки, сочувани се повеќе од 100.000 работни места. Помогнати се по разни основи и над 400.000 граѓани. 65 милијарди денари директно се вбризгани во домаќинствата и компаниите. Редовно е сервисиран Буџетот, редовно се пуштени парите во оптек, тука помагањето и здравствениот аспект на кризата одеа паралелно. Преку субвенционирањето на придонесите на фирмите, за зголемувањето на платите на работниците до 6.000 денари, 200.000 работници ширум целата држава имаат зголемување на своите плати.

„Државата се има откажано од приходи за реализација на мерките и е подготвена и понатаму да развива мерки за помагање на граѓаните, работниците и домашните претпријатија“, додаде премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев посочи на покачувања на платите и во речиси сите државни сектори, здравството, социјалата, Армијата, образованието.

„Со усвоениот колективен договор за високото образование и науката е предвидено и зголемување на платата на наставниот и не наставниот кадар во 2021 година во високото образование и во науката. Од 1 септември 2021 година, се предвидува зголемување на платата на наставниот кадар во висина од 8%, а од 01.09.2022 година, дополнителни 7%. Со стабилизација на економијата продолжуваме и 2023, 2024, 2025, надевајќи се на поголеми проценти. Овој Колективен договор за прв пат е донесен по 30 години и се уредува системот на плати во високото образование и веќе нема никаква неизвесност, кога е во прашање трудот на научниот, наставниот и не наставниот кадар во високото образование. Во образованието, платите на околу 20.000 вработени во основните училишта и на околу 8.000 вработени во средните училишта, во 2020 година пораснаа за 10 %. Заедно со покачувањата на платите во високото образование со околу 4.500 вработени и на вработените во јавно-научните институции, каде се опфатени 220 вработени, се доаѓа до бројка од 32.700 граѓани, вработени во образованието и науката, кои во 2020 година добиваат повисока плата. Со покачувањето од 10% во 2020 година, вкупното покачување на платите во основното, средното, високото образование и во науката, ќе изнесува 20,6% имајќи ги предвид претходните две покачувања за само една година два пати по 5%.

Во здравството, основната плата на лекарите специјалисти се зголеми за 40%, на медицинските сестри платите се зголемени помеѓу 20 и 23%, на општите лекари платите се зголемени за 25%, на здравствени соработници платите се зголемени за 15%. Зголемени се и капитациите за матичните лекари. Сите матични лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија, од 1 октомври 2019 добиваат приближно 15% повеќе или 8 денари покачување за капитационен бод. Во 2021 година, од април имаме уште едно зголемување на платите на сите вработени во здравството, и медицинскиот и не медицинскиот персонал за дополнителни 5%.

Во социјалните служби во 2019 и последователно во 2020 година имаме зголемување на платите на социјалните работници и останатите даватели на услуги поврзани со дејноста социјална заштита, во просек за 22%, односно за 4.367 денари, во нето износ, во пресек по вработен. На овие 22% имаме дополнително зголемување од 5%, согласно Законот за вработените во јавниот сектор.

Осум години платите во Армијата беа замрзнати, денес платите во одбраната растат од 3.000 до 6.000 денари, а дополнително секој припадник на Армијата добива по 7.000 денари за станарина“, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев најави и покачувања на платите во правосудството.

„Очекувам од оваа есен, да настапиме како Влада пред Парламентот со првиот чекор за зголемување на севкупните буџетски основи на правосудството, за судовите и за обвинителите, со што на тригодишен раст, очекуваме да ги дуплираме буџетите на јавното обвинителство и на јавното судство, а при тоа да ги следиме и сите останати сектори.

Претседателот на Владата, Заев укажа дека ЕСС е отворен дури и за оние синдикати коишто не се репрезентативни, дека КСС не е репрезентативен синдикат, а сепак е вклучен во работата на ЕСС, дека има отворен и инклузивен процес во креирање на текстот на предлог законот за работни односи што се очекува следните месеци да заврши, дека недела ќе биде неработен ден, а оние кои ќе работат ќе добијат загарантирана дневница, нешто што претходно, ретко каде се случувало.

Ова, оцени премиерот Заев, треба да биде мотивација на сите да работиме преку директна поддршка на работниците, на економијата, на сиромашните граѓани, што овозможува дополнителни приходи во Буџетот којшто постои за граѓаните.

„На тој начин ќе можеме да стимулираме и во приватниот сектор, каде што ни работат 530.000 граѓани во државата, да ги зголемува платите и да ја зајакнува нивната продуктивност и компетитивност, но тој тренд треба да го следат и платите и на полицијата и на Армијата и на образованието и на социјалната заштита и на сите други сектори. Само на тој начин ќе очекуваме поголема ефикасност“, дополни премиерот Заев.

Економското зајакнување на државата, според изразената верба од премиерот Заев на денешната седница на пратенички прашања во Собранието, ќе даде уште поголеми основи работниците и граѓаните да бидат уште позадоволни од примањата, со што, како што рече тој, „се заокружува и севкупниот квалитет на живот за сите“.

loading...

AniWatch: Utawarerumono OVA (Dub) anime episode 3 online free at https://aniwatch.pro anime stream

TwistMoe Watch anime online, English anime online HD

Website https://animepahe.cc: Watch Pingu in the City animepahe Episode 26 english dubbed anime

4Anime: Cobra The Animation: The Psycho-Gun anime episode 4 online free at https://4anime.biz tower of god 4anime

Issuu: https://issuu.com/kissanimemx

Vi gravatar: https://vi.gravatar.com/animeflixnl