АЈДЕЕЕ, НЕМААТ ОПШТИНСКА ЗГРАДА А ЌЕ ГРАДЕЛЕ СТАДИОН, ОВА САМО НА ЗАБЕГАН ВМРОВЕЦ МОЖЕ ДА МУ ТЕКНЕ, ОВА Е ТАА ФОНТАНИ-ФАСАДИ-СПОМЕНИЦИ ЗАБЕГАНОСТ КОЈА ГИ КРАСИ ВМРОВЦИТЕ СО ДЕЦЕНИИ: ФФМ и општина Аеродром ќе градат стадион

ОБВИНИТЕЛKATA ОД ЊУЈОРК НАЈДЕ ДОВОЛНО ДОКАЗИ ДЕКА ТРАМП И НЕГОВИТЕ ДЕЦА НАПРАВИЛЕ ДАНОЧНА ИЗМАМА, ГО ПОВИКА СУДОТ ДА ГО ПОВИКА ТРАМП ДА СВЕДОЧИ
ОБВИНИТЕЛKATA ОД ЊУЈОРК НАЈДЕ ДОВОЛНО ДОКАЗИ ДЕКА ТРАМП И НЕГОВИТЕ ДЕЦА НАПРАВИЛЕ ДАНОЧНА ИЗМАМА, ГО ПОВИКА СУДОТ ДА ГО ПОВИКА ТРАМП ДА СВЕДОЧИ
ЗОШТО ОВОЈ ЧОВЕК ТОЛКУ ГО МРАЗИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД: КАМЧЕВ БАРА НИЕ ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ ДА МУ ГИ ВРАТИМЕ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА СО КОИ ГИ ПОТКУПУВАЛ БОКИ И КАТИЦА ЗА ДА СЕ СПАСИ ОД ЗАТВОР?!?!
ЗОШТО ОВОЈ ЧОВЕК ТОЛКУ ГО МРАЗИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД: КАМЧЕВ БАРА НИЕ ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ ДА МУ ГИ ВРАТИМЕ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА СО КОИ ГИ ПОТКУПУВАЛ БОКИ И КАТИЦА ЗА ДА СЕ СПАСИ ОД ЗАТВОР?!?!
Мицкоски со старите финти на Груевски, прави обид за пуч во ЛДП, реагираат од партијата
Мицкоски со старите финти на Груевски, прави обид за пуч во ЛДП, реагираат од партијата
(ВИДЕО) СПАСОВСКИ: ИМА МНОГУ ЧУДНИ РАБОТИ ВО НАШЕТО СУДСТВО, ЗОШТО МИЈАЛКОВ И КАМЧЕВ МОЖАТ ДА СИ ЈА КУПАТ СЛОБОДАТА СО БРДО ПАРИ, А ОБИЧНИОТ НАРОД КОН Е СИРОМАШЕН СКАПУВА ПО ПРИТВОРИ?
(ВИДЕО) СПАСОВСКИ: ИМА МНОГУ ЧУДНИ РАБОТИ ВО НАШЕТО СУДСТВО, ЗОШТО МИЈАЛКОВ И КАМЧЕВ МОЖАТ ДА СИ ЈА КУПАТ СЛОБОДАТА СО БРДО ПАРИ, А ОБИЧНИОТ НАРОД КОН Е СИРОМАШЕН СКАПУВА ПО ПРИТВОРИ?
Грковска-Брнз: Продолжува поддршката и соработката за унапредување на демократските процеси и стратешките реформи
Грковска-Брнз: Продолжува поддршката и соработката за унапредување на демократските процеси и стратешките реформи
ПРОФЕСОР МАРКОВИЌ: КОВАЧЕВСКИ ДЕЛУВА КАКО ПОЛИТИЧАР БЕЗ ЕМОЦИИ, КОНТРАСТ ОД ТОА ШТО БЕШЕ ЗАЕВ, А ЗА ПРОФЕСОРОТ ТУПАНЧЕВСКИ ИМАШЕ ПОФАЛБИ ДУРИ И ОД ВМРО ДПМНЕ И ЛЕВИЦА ШТО ЗА МЕНЕ Е ГОЛЕМО ИЗНЕНАДУВАЊЕ

(ВИДЕО) БРАВО МВР, ИСКОНТРОЛИРАНИ 600 АВТОБУСИ И КОМБИЊА - Поради неисправност санкционирани 60 возила со кои се врши јавен превоз на територија на цела држава
(ВИДЕО) БРАВО МВР, ИСКОНТРОЛИРАНИ 600 АВТОБУСИ И КОМБИЊА - Поради неисправност санкционирани 60 возила со кои се врши јавен превоз на територија на цела држава

Прес-конференција на портпаролите на Владата, Арсовски и Хоџа: Новите инвестиции во енергетиката ја потврдуваат зелената агенда на Владата

Портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната редовна прес-конференција информираа за заклучоците и одлуките донесени на вчерашната 106-та седница на Владата и одговараа на прашања од интерес на јавноста и медиумите.

За одлуките на вчерашната владина седница, портпаролите информираа дека Владата утврди како стратешки два инвестициски проекти.

Станува збор за проектот на друштвото „ЕФТ Солар“ за сончева електрична централа „Ерџелија“ и проектот на друштвото „Ветерен парк – Вирови“ за ветерна електрана „Вирови“ кои ги исполнуваат условите од Законот за стратешки инвестиции и со овие одлуки тие се квалификуваат за вадење банкарска гаранција, која им е неопходна за целосно затворање на постапката за стратешки инвестиции утврдена со Законот.

Портпаролите соопштија дека Владата го утврди и текстот на Предлог-законот за државна гаранција за обврските по Договорот за заем за финансирање на проектот на АД „ЕСМ“ за транзиција кон соларни фотоволтаици, кој ќе се склучи со Европската банка за обнова и развој.

Проектот, со вкупна проценета вредност изнесува 25 милиони евра ќе има позитивен ефект врз животната средина, бидејќи со пуштање во употреба на фотонапонските електрани „Осломеј 2“, со моќност од 10 MW и „Битола“, со моќност од 20 MW, ќе се намали производството на електрична енергија од термоцентралите, со што, нема да има штетно влијание врз животната средина.

Тие истакнаа дека оваа инвестиција ќе придонесе за нови вработувања, што позитивно ќе влијае врз социјалниот аспект во овие два региони, каде што е планирана изградбата на двете фотонапонски електрани.

Портпаролите информираа дека Владата ја разгледа и усвои информацијата за усогласување на договорите и меморандумите кои ќе бидат на дневен ред на заедничката владина седница со Република Косово, која ќе се одржи утре, четврток 16 септември.

„Ова информација произлегува како резултат на ангажманот на работната група составена од претставници од двете Влади. Целта е да се задржи континуитетот во развивањето на добрососедските односи, имајќи предвид дека вакви седници беа одржани и со другите соседни земји. Придобивките од овие средби се подобрување на трговската размена, подобра комуникација на граѓаните и бизнисот од двете страни, проекти од заемен интерес, подобра меѓу гранична соработка и така натаму. На заедничката владина седница ќе бидат потпишани низа договори, односно меморандуми со кои ќе се продлабочи и зајакне соработката меѓу двете држави“, посочија портпаролите.

Договорите и меморандумите се од областа на инфраструктурата, дијаспората, енергетика, економија, туризмот, безбедноста, иновациите и технолошкиот развој и други.

Портпаролите соопштија дека на оваа седница, Владата донесе одлука наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да продолжи да се изведува онлајн, заклучно до 20 септември.

Портпаролите информираа дека Пописот се спроведува непрекинато и со силен интензитет, а заклучно до вчера во 20:00 часот попишани се 618.120 лица.

„Граѓаните се најважниот партнер во процесот, и затоа Владата го поздравува позитивниот пристап и отворените врати за попишувачите. Секој граѓанин ќе биде попишан каде што вообичаено живее независно од личната карта. Во текот на целиот процес на потпишување секој граѓанин има право на увид во податоците кои попишувачот ги внесува. Моменталната динамика и соработка со граѓаните се потврда дека Пописот успешно ќе биде завршен во предвидениот рок, до 30 септември“, истакнаа портпаролите.

На новинарско прашање за владината одлука за „недела неработен ден“ од октомври, портпаролите истакнаа дека Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за работни односи со кој се предвидува денот недела да биде ден за неделен одмор сѐ уште не е ставен на дневен ред на собраниската Комисија за труд и социјална политика.

„Владата очекува дека ова законско решение наскоро ќе помине на матичната комисија, а потоа согласно собраниските процедури да се најде и пред пратениците на пленарна собраниска седница. Апелираме до сите пратеници и од власта и од опозицијата да го поддржат ова законско решение бидејќи е во интерес на граѓаните на нашата држава“, нагласија портпаролите.

loading...