Претрес во Кочани, пронајдена дрога, приведено едно лице, Приведено лице од гостиварско за издржување затворска казна, Приведен крадец во Куманово, фатен на дело, Приведен бегалец од затвор, Приведен крадец на уметнички слики, одреден притвор, а дел од одземеното вратено на сопственикот

Претрес во Кочани, пронајдена дрога, приведено едно лице

Денеска (01.07.2022) околу 11.10 часот од страна на полициски службеници од ОВР Кочани, по наредба на Основен суд Кочани, извршен е претрес на дом и други простории кај С.Џ.(47) од Кочани, при што се пронајдени и одземени 11 пакувања со марихуана и семки од растение.
Поради сомнение за сторено кривично по чл. 215 од Кривичниот законик, С.Џ. е лишен од слобода и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Кочани, по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Приведен крадец во Куманово, фатен на дело

На 01.07.2022 во 01.20 часот на улица „Пелинска“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(26) од Куманово.
Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот. С.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Приведен бегалец од затвор

На 30.06.2022 во 16.50 часот на ул.„Владимир Полежановски“ во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Д.(38) од Скопје.
Тој бил баран по Централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Скопје, поради бегство од затворот.
Лицето било предадено во казнено-поправната установа за доиздржување на затворската казна.

Приведен крадец на уметнички слики, одреден притвор, а дел од одземеното вратено на сопственикот

На 29.06.2022 на подрачјето на Центар полициски службеници од Полициска станица Центар го лишиле од слобода Е.Д.(33) од Скопје. За него била издадена локална потерница, поради постоење основано сомнение дека сторил две тешки кражби на уметнички слики од книжарница на ул.„Ѓуро Стругар“ во Скопје, извршени на 26 и 27.06.2022 година.

Дел од украдените уметнички слики се пронајдени и вратени на сопственикот. Е.Д. е задржан во Полициска станица Центар и во координација со Јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор.

Приведено лице од гостиварско за издржување затворска казна

На 30.06.2022 во 09.40 часот во с.Неготино, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 22-годишниот С.Т. од с.Неготино. За него била издадена судска наредба, со која се барал за издржување на затворска казна.
Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.