Приведен крадец баран со централна потерница за издржување казна затвор од 2 години
Денеска (26.04.2022) во 11.50 часот на бул.„Видое Смилевски Бато” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(33) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница на Основен Кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.
Фатени крадци на дело во струмичко
На 25.04.2022 година во 23.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ново Село ги лишиле од слобода Р.К.(23) од село Дрвош, струмичко, С.Р.(21) и Б.А.(21) од Радовиш. Тие биле затекнати при обид да извршат тешка кражба во фабрика за производство на марихуана на место викано „Добрава“ во близина на село Сушица, струмичко.
Лицата биле задржани во Полициска станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица. По целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Претрес во Штип, пронајдена марихуана, приведен дилер
На 25.04.2022, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода К.Т.(33) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирањена случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.