Претрес во скопско, пронајдена дрога, приведено едно лице
Денеска (20.04.2022) во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода А.Ш.(23) од с.Идризово, скопско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.
Тој бил приведен во Полициската станица Гази Баба и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.
Приведено лице барано по две централни потерници
На 19.04.2022 во 21.30 часот на ул.„391“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(51) од Република Турција, со живеалиште во Скопје.
Тој бил баран по две централни потерници од Основен кривичен суд Скопје. С.Т. бил осуден на затворска казна од една година и четири месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран и за издржување мерка притвор за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна и мерката притвор.
Приведено лице за издржување казна затвор од три години
На 19.04.2022 во 11.40 часот на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.К.(26) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница од Основен суд Скопје 1 за издржување казна затвор од три години.
Лицето било спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.
Приведено лице по распишана потерница за издржување затворска казна
На 19.04.2022 во 15.00 часот на бул.„Никола Карев“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Б.(24) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница од Основен суд Скопје 1 за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 383 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.