ГРАД СКОПЈЕ: Успешно спроведена пролетната акцијата во Ѓорче Петров - уредени зелените површини на улиците и булеварите
ГРАД СКОПЈЕ: Успешно спроведена пролетната акцијата во Ѓорче Петров - уредени зелените површини на улиците и булеварите
(ВИДЕО) ПАРТАЛ СЕ НАПРАВИЈА: ВЕРБАЛНА ТЕПАЧКА НА ЈУТУБ МЕЃУ ПАЛЧО И КОТЕВСКИ ОД БОЈКОТИРАМ
(ВИДЕО) ПАРТАЛ СЕ НАПРАВИЈА: ВЕРБАЛНА ТЕПАЧКА НА ЈУТУБ МЕЃУ ПАЛЧО И КОТЕВСКИ ОД БОЈКОТИРАМ
Вистиномер: Не е вистина дека сладолед, кафе и кока-кола во Охрид чинат 500 денари
Вистиномер: Не е вистина дека сладолед, кафе и кока-кола во Охрид чинат 500 денари
Шпанија со закон планира боледување за жените со силни менструални болки
Шпанија со закон планира боледување за жените со силни менструални болки
РСБСП со апел до матурантите: Прославите нека поминат без сообраќајни инциденти
РСБСП со апел до матурантите: Прославите нека поминат без сообраќајни инциденти
БРЗАТА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ СПРЕЧИЛА КАТАСТРОФА: Седумдесетина луѓе повредени во вчерашниот пожар во хотелот „Буши”
БРЗАТА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ СПРЕЧИЛА КАТАСТРОФА: Седумдесетина луѓе повредени во вчерашниот пожар во хотелот „Буши”
Продолжува реконструкцијата на пешачката патека на улица Љубљанска во општина Карпош
Продолжува реконструкцијата на пешачката патека на улица Љубљанска во општина Карпош
За инвестиции во „капка по капка“ и бунари ќе бидат склучени 322 договора вредни 75 милиони денари
За инвестиции во „капка по капка“ и бунари ќе бидат склучени 322 договора вредни 75 милиони денари

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Србија, Невена Јовановиќ

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Невена Јовановиќ, новоименуваната амбасадорка на Република Србија во Република Северна Македонија.

На церемонијата на предавање на акредитивни писма, претседателот Пендаровски истакна дека двете пријателски земји и двата народа ги поврзува долгогодишно традиционално пријателство, блиски културни врски и интензивна соработка во многу сфери од заеднички интерес.

„Високиот степен на развој на динамичните билатерални односи се потврди и со блиската соработка за време на хуманитарната криза предизвикана од пандемијата со Ковид-19 и справувањето со последиците од истата“, рече претседателот Пендаровски и додаде дека очекува соработката меѓу двете земји и натаму да се интензивира.

„Во иднина очекувам двете пријателски држави да ги искористат сите потенцијали и приоритет да стават на соработката на конкретни билатерални и регионални проекти, во економијата и трговската размена, инвестициите, инфраструктурното, енергетското поврзување, како и во сите други области од заемен интерес меѓу кои, секако, би ги издвоил културата и образованието, прашањата од значење за одржливиот развој на регионот како интерконективноста, мобилноста и адресирање на горливите прашања на младите“, додаде претседателот Пендаровски.

Оценувајќи дека продолжувањето на редовниот политички дијалог и меѓусебните консултации се целосно во функција на надградба и на продлабочување на добрососедските односи, претседателот Пендаровски го истакна и почитувањето и унапредувањето на третманот и статусот на македонската заедница во Република Србија и на српската заедница во Северна Македонија.

„Тие се мост на поврзување меѓу нашите две земји. Ја давам мојата целосна поддршка за отворање на културните центри во Белград и во Скопје и се надевам дека владите на двете држави ќе го реализираат овој проект во текот на оваа година“, заклучи претседателот Пендаровски.

Истакнувајќи дека односите меѓу двете земји одат во нагорна линија и придонесуваат за стабилност на целиот регион, амбасадорката Јовановиќ рече дека Србија посветува големо внимание на односите со Северна Македонија, како еден од најблиските соседи и е длабоко заинтересирана за нивно натамошно унапредување во сите области.

„Република Србија ја поддржува пријателска Северна Македонија и во нејзините европски аспирации имајќи го предвид фактот дека на целиот наш регион местото му е во Европската Унија, како простор на кој географски, историски и културно му припаѓаме“, рече амбасадорката Јовановиќ на церемонијата на предавање на акредитивни писма.

Претседателот Пендаровски на новоименуваната амбасадорка на Србија во Северна Македонија, Невена Јовановиќ ѝ посака успех во вршењето на одговорната дипломатска функција.

loading...

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

gogoanime in GoGoAnime Your Lie in April

GoGoAnime Boruto: Naruto Next Generations (Dub) Episode 147

free anime Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train

watch subbed anime GoGoAnime Death Note (Dub)

GoGoAnime JUJUTSU KAISEN Episode 20